Прејди на содржината

Ели Маказлиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ели Маказлиева
Занимањекнижевник
НационалностМакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Ели Маказлиева[1] е родена во Битола. Маказлиева е македонска поетеса, поет за деца, раскажувач, сопственик и уредник во издавачката куќа „Едука мак“.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Во Битола завршува основно и средно (гимназиско) образование. Високо образование стекнува во Скопје, завршува Филозофски факултет на Институтот за педагогија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и постдипломски студии, со што се стекнува со диплома на Магистер по педагошки науки. По дипломирањето работела како воспитувач, училиштен педагог, за поголемиот дел од работниот век да го помине како уредник и главен и одговорен уредник во издавачката куќа Просветно дело, Скопје 1987 - 2013 година.

Последните години била и вонреден професор, предавач на Универзитетот Американ колеџ во Скопје (УАКС), како професор по педагогија на студентите со наставна насока – англиски јазик.

По долгогодишното искуство во пишувачката и издавачката работа, во 2013 година ја основала издавачката куќа „Едука Мак“ и е Претседател на уредувачкиот и редакциски одбор во истата до денес. Била претседател на Здружението на издавачи и книжарите на Република Македонија, од 2007- 2012 година. Маказлиева е член е на Друштво на писатели на Македонија.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Поезија за возрасни

[уреди | уреди извор]
  1. 1992 - „Интерни стихувања“;
  2. 1993 - „Големото чекање“, НИО Студентски збор;
  3. 1999 - „Сон недосонуван“, Матица Македонска;
  4. 2002 - „Замисленото море“, Македонска книга;
  5. 2007 - „Непознавање на познатото“, Дирекција за култура и уметност;
  6. 2019 - „Мирисот на добрината“, ФЕНИКС;
  7. 2020 - „Здивот на страста“, ДАТА ПЕСНОПОЈ, Битола
  8. 2021 - „Шепотот на сонцето“ ДАТА ПЕСНОПОЈ, Битола

Поезија за деца

[уреди | уреди извор]
  1. 1998 - „Распеана броенка“[2] - сликовница во стихови, Просветно дело;
  2. 2010 - „РАДОСНИЦА“ во првата година... My Baby Record Book. Римувани стихови, Просветно дело & Hinkler Books Pty LTD;
  3. 2013 - „Новогодишна шумска прослава“[3] - сликовница во стихови;
  4. 2014 - „Шумска олимпијада“, сликовница во стихови;
  5. 2014 - „Песни и сказни за овошја и зеленчуци разни“ – сликовница во стихови;
  6. 2014 - „Новогодишни детски желби“ - сликовница во стихови;
  7. 2015 - „Новогодишна елка“ - сликовница во стихови;
  8. 2016 - „Весели песни со букви лесни“ - сликовница во стихови;
  9. 2016 - „РАЗИГРАНИ ЧАДОРЧИЊА“[4] - збирка поезија за деца;
  10. 2016 - „Новогодишен подарок за Перко“ -сликовница во стихови;
  11. 2017 - „ПЧЕЛКИ НА РОЛЕРКИ“ - збирка поезија за деца;
  12. 2018 - „ГАТАНКИ погодувалки-пишувалки“, книга за деца;
  13. 2020 - „ВЕСЕЛИ ВАГОНИ НИЗ ЧЕТИРИ СЕЗОНИ“ - поезија за деца
  14. 2021 - „Чадот во градот“- книга за деца
  15. 2021 - „Патувалки истражувалки“ - книга за деца
  16. 2022 - „Новогодишна боенка со стихови“
  17. 2022 - „ЧУДЕСЕН ДАР ВО ГОДИШЕН КАЛЕНДАР“ - поезија за деца
  18. 2024 - „ОЧИ ВО ОЧИ“ - поезија за тинејџери[5]

Проза за деца

[уреди | уреди извор]
  1. 2015 - „4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“[6] - книга со раскази и стихови за деца;
  2. 2017 - „Авантурите на мачорот Перко“ – раскази за деца;
  3. 2017 - „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“;
  4. 2019 - „Среќен роденден“ – книга со раскази за деца;
  5. 2019 - „ВОЛШЕБНАТА САНКА“[7] - сликовница за деца;
  6. 2019 - „Волшебната санка“ (2019), сликовница за деца
  7. 2021 - „Принцезата и трите ангелчиња“ - бајка за деца
  8. 2021 -„Новогодишна бајка“ - бајка за деца
  9. 2022 - „РАСКАЗИ БЕЗ ПАТОКАЗИ“
  10. 2023 - „БАЈКИ НА НИШАЛКИ“[8]
  11. 2023 - „Средба со ДЕДО МРАЗ“
  12. 2024 -„Новогодишна снежна топка“[9]

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Добитник е на повеќе награди на национално ниво

[уреди | уреди извор]
  • 2016 - Награда „СТРУШКО ИЗГРЕЈСОНЦЕ“[10] за најдобра поетска книга за деца „ВЕСЕЛИ ПЕСНИ СО БУКВИТЕ ЛЕСНИ“[11];
  • 2018 - Награда за најдобра поетска творба за возрасни „ЕЗЕРОТО“ на ОХРИДСКИ ПОЕТСКИ БИСЕР;
  • 2019 - Прва награда за најдобар краток расказ со наслов „Планина од полски цвеќиња“ [12]од ОЖ на Општина Битола;
  • 2019 - ТРИ НАГРАДИ за најдобри книги за деца во 2018 година, на ОХРИДИЈАДА;
  • 2020 - Награда за печатење на поетската книга за возрасни „ЗДИВОТ НА СТРАСТА“ на Дата песнопој
  • 2022 - Награда „Ванчо Николески“ за „Чудесен дар во годишен календар“[13]

Меѓународни награди

[уреди | уреди извор]
  • 2006 - плакета за издаваштво и пишување – PROCLAMATION PLAQUE for publishing and writing GREAT WOMEN OF THE 21st CENTURY – American Biographical Institute, and inclusion in edition
  • 2006/2007 - GREATEST women; специјална награда и сертификат како благодарност за помошта, придонесот, посветеноста и поддршката во процесот на стекнување меѓународна акредитација на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје,.
  • 2011 - Award – Certificate of Appreciation for assistance, contribution, dedication and support in the process of acquiring international accreditation to the University American College, Skopje.
  1. „Ели Маказлиева“. ИНАКУ. Посетено на 2025-01-18.
  2. „Ели Маказлиева“. ИНАКУ. Посетено на 2025-01-18.
  3. „Новогодишна шумска прослава“. ЕДУКА МАК Книжарница. Посетено на 2025-01-18.
  4. „„Разиграни чадорчиња" – нова книга за деца од Ели Маказлиева“. Daily.MK - Вести. Посетено на 2025-01-18.[мртва врска]
  5. Маказлиева, Ели (2024). Очи во очи. Едиција Книги за тинејџери. Скопје: Едука Мак. ISBN 978-608-4951-49-0.
  6. „4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА - Клуб Матица“. matica.com.mk. 2024-03-09. Посетено на 2025-01-18.
  7. „Волшебната санка“. literatura.mk. Посетено на 2025-01-18.
  8. „Бајки на нишалки“. ЕДУКА МАК Книжарница. Посетено на 2025-01-18.
  9. „НОВОГОДИШНИ СЛИКОВНИЦИ“. www.knizarnica.mk. Посетено на 2025-01-18.
  10. „Весели песни со букви лесни | Meta.mk“. 2016-07-05. Посетено на 2025-01-18.
  11. „Весели песни со букви лесни | Meta.mk“. 2016-07-05. Посетено на 2025-01-18.
  12. НМ (2024-03-05). „Планина од полски цвеќиња“. Нова Македонија. Посетено на 2025-01-18.
  13. „Ели Маказлиева ја доби наградата „Ванчо Николески" на ДПМ за 2022“. Независен Весник. 2023-02-02. Посетено на 2025-09-23.