Аполда
Аполда | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Вајмар |
Градоначалник | Ридигер Ајзенбранд |
Основни податоци | |
Површина | 46,15 км2 |
Надм. височина | 205 м |
Население | 22.209 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 481 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | AP |
Пошт. бр. | 99501-99510 |
Повик. бр. | 03644, 036462, 036465 |
Портал | www.apolda.de |
Местоположба на Аполда во рамките на округот Вајмар | |
Координати | 51°1′N 11°31′E / 51.017° СГШ; 11.517° ИГД |
Аполда (германски: Apolda) — град во средишниот дел на Тирингија, Германија, главен град на округот Вајмар. Се наоѓа во средината на триаголникот Вајмар - Јена - Наумбург, близу реката Илм, околу 15 километри источно од Вајмар, на главната железничка линија од Берлин преку Хале, до Франкфурт.
Историја
[уреди | уреди извор]Аполда била првпат спомената во 1119. До 1633 била седиште на благородничкото семејство Вицтум, кои владееле релативно самостојно. Помеѓу 1633 и Првата светска војна била во посед на Универзитетот во Јена. Исто така, од 1691 Аполда била дел од Војводството (по 1815 Големото Војводство) Саксо-Вајмар. Околу 1700, индустријата за плетење започнала да се развива и кон крајот на 19 век, Аполда бил најбогатиот град во целиот регион. По Втората светска војна, Тирингија станала дел од Источна Германија. До повторното обединување на Германија, Аполда сè уште била позната по нејзината текстилна индустрија. Оттогаш, започнало познатото економско распаѓање.
Главни знаменитости
[уреди | уреди извор]Има неколку познати јавни градби, но поседува три цркви и споменици на расата на кучиња „доберман“, која била создадена во Аполда и на Кристијан Цимерман (1759–1842), кој со воведувањето на трикотажните и фабриките за облека, ја направил Аполда едно од најважните места во Германија во овие гранки на индустрија.
Најважни знаменитости се:
- Црква Свети Мартин (1119)
- Градско собрание (1558/9)
- Замок (16/17 век)
- Железнички вијадукт (1845/46)
- Фабрика Цимерман (1880-2)
- Црква Лутер (1894)
- Црква Свети Бонифациј (1894)
Најголемото слободно висечко ѕвоно во светот, Decke Pitter на Келнската катедрала, било направено во Аполда, Аполда исто така има минерални извори.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)
„Аполда“ на Ризницата ? |
|
Оваа статија за место во округот Вајмар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |