Бад Берка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бад Берка
Bad Berka.JPG
Грб на Бад Берка
Бад Берка се наоѓа во Германија
Бад Берка
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Вајмар
Градски единици 9
Градоначалник Томас Либетрау
Основни податоци
Површина 55,27 км2
Надм. височина 275 м
Население 7.651 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 138 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AP
Пошт. бр. 99438
Повик. бр. 036458
Портал Бад Берка
Местоположбата на градот Бад Берка во рамките на округот Вајмар
Карта
Координати 50°54′00″ СГШ 11°16′51″ ИГД / 

Бад Берка (германски: Bad Berka) е германски град, кој се наоѓа во јужниот дел на покраината Тирингија. Со скоро 8.000 жители Бад Берка е втор најголем град во округот Вајмар (по Аполда, 23.000). Реката Илм тече низ градот.

Бад Берка е бањски град со извори богати со железо и објекти на Kneipp. Во 2002, градот добил награда од покраината за бањски град. Со цел лечење на туберкулоза била изградена клиника во 1952. Ова било почетокот на главниот економски сектор на градот. Централната клинија на Бад Берка има постигнато углед како центар за медицински испитување и надвор од границите на Германија. Исто така, била изградена и клиника за рехабилитација по падот на Берлинскиот Ѕид.

Поради близината на културниот главен град Вајмар и поврзаноста со бројни историски личности, Бад Берка е исто така популарен помеѓу туристите. Помеѓу 1812 и 1828, Гете неколку пати го посетил неговиот пријател Хајнрих Фридрих Шиц.

Други поголеми градови во близина се Јена (20 км на североисток), Ерфурт (20 км северозапад) и Вајмар (12 км на север).

Историја[уреди]

Во 1251, бил основан цистерцијански манастир во Бад Берка, а во 1813 била основа бања од сулфур. Во 1945, Бад Берка бил дел од нафтената кампања во Втората светска војна.

Збратимени градови[уреди]

Бад Берка е збратимен со:

Наводи[уреди]