Сопот (Кавадаречко)
Сопот | |
Улица во селото Сопот | |
Координати 41°29′20″N 22°01′24″E / 41.48889° СГШ; 22.02333° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Тиквеш |
Население | 676 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1427 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11039 |
Надм. вис. | 205 м |
Сопот на општинската карта Атарот на Сопот во рамките на општината | |
Сопот на Ризницата |
Сопот — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Тиквешката Котлина, во североисточниот дел од Општина Кавадарци, недалеку од градот Кавадарци. Селото е сместено на левиот брег на реката Луда Мара. Селскиот атар нашироко се допира со подрачјето на соседната Општина Неготино.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 205 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 6 километри.[2]
Атарот зафаќа простор од 19,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.721 хектар.[2]
Селото е од збиен тип со разредени краеви, поделено на две маала, Горно и Долно Маало.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Сопот е населено уште од доцната антика, за што сведочат двете наоѓалишта во неговиот атар.[4]
Селото било муслиманско во турско време. До крајот на XIX век во селото имало христијани, а на другата страна на реката постоело Чифличко Маало.[3]
Селото е старо и било седиште на тиквешкиот областен управител („ајан“) пред Пепелиште.[3]
Во XIX век, Сопот било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има исклучително полјоделска функција.[2]
Во минатото, жителите се занимавале со земјоделство и имало неколку бегови.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сопот имало 580 жители, од кои 575 Македонци (350 православни и 225 муслимани) и 5 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сопот имало 120 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци и 25 до 50 Албанци.[7]
Муслиманските родови од селото се иселиле пред Втората светска војна, што може да се забележи и од податоците од спроведените пописи по војната.
Селото е големо, коешто во 1961 година броело 865 жители, од кои 822 биле Македонци, а 20 жители Срби, додека во 1994 година селото имало 866 жители, од кои 853 биле Македонци, 8 Срби и 3 Роми.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Сопот имало 804 жители, од кои 800 Македонци, 2 Роми, 1 Србин и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 676 жители, од кои 645 Македонци, 2 Албанци, 11 Роми, 4 Срби, 2 останати и 12 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 580 | 120 | 838 | 870 | 865 | 894 | 903 | 858 | 866 | 804 | 676 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Како родови во Сопот се споменуваат:[3]
- Муслимански родови:
- Старинци: Рушидепајиовци (7 к.); Гореновци (5 к.); Копшиновци (2 к.); Камбоновци (4 к.); Мушичковци (8 к.) и Јунузовци (5 к.)
- Доселеници: Зајимовци-Карапашовци (8 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од Дебарско; Бесвичевци (2 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од старото село на Бесвица; Муаџировци (1 к.) доселени се средината на XIX век од селото Црвени Брегови.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште
- Амбуланта
- Дом на културата
- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Сопот, во која се наоѓале селата Курија, Марена и Сопот.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Сопот се наоѓале градот Кавадарци и селата Ваташа, Глишиќ и Марена.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0702 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Сопот.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 665 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 666 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква
- Археолошки наоѓалишта[4]
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Сопот
- Илинка Донова — универзитетска професорка
- Златан Стојчев — прецедател на Здружението на лозарите
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 279. Посетено на 28 февруари 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 374-375.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 160. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 февруари 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 28 февруари 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2022-01-14. Посетено на 28 февруари 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 28 февруари 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сопот (Кавадаречко) на Ризницата ?
|