Крстец

Координати: 41°24′15″N 21°40′15″E / 41.40417° СГШ; 21.67083° ИГД / 41.40417; 21.67083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крстец

Поглед на селото Крстец

Крстец во рамките на Македонија
Крстец
Местоположба на Крстец во Македонија
Крстец на карта

Карта

Координати 41°24′15″N 21°40′15″E / 41.40417° СГШ; 21.67083° ИГД / 41.40417; 21.67083
Општина  Прилеп
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20054
Крстец на општинската карта

Атарот на Крстец во рамките на општината
Крстец на Ризницата

Крстец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото Крстец од врвот Козјак на Бабуна.

Селото Крстец се наоѓа на планината Бабуна, оддалечено 13 километри североисточно од градот Прилеп.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата „Свети Никола“ е од 1881 година.[2]

Во XIX век селото е дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948192—    
1953187−2.6%
196193−50.3%
197121−77.4%
19819−57.1%
ГодинаНас.±%
19916−33.3%
19948+33.3%
20021−87.5%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крстец живееле 300 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крстец имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крстец се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Според пописот на населението во 2002 година, во селото имало само 1 жител, Македонец.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 176 192 187 93 21 9 6 8 1 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Крстец е македонско село.

Според истражувањата од 1954, родови во селото:

  • Староседелци: Петревци (9 к.) и Кочовци (3 к.)
  • Доселени со непознато потекло: Зердевци (3 к.) и Валчевци (2 к.), некогаш биле еден род; Колевци (5 к.) и Ристевци (4 к.), и они некогаш биле еден род.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Постари иселеници има во Тиквеш.

пет семејства од Кочовци се иселени во Прилеп. И до 1954 година од селото се иселиле 20 семејства во Прилеп.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Црква „Свети Никола", село Крстец“. Стар Прилеп. Архивирано од изворникот на 2017-10-15. Посетено на 12 март 2014.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 245.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски, Јован Ф. (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 86-7025-267-8. OCLC 41961345.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]