Црква „Св. Никола“ - Крстец
Изглед
Свети Никола
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Плетварско-беловодичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°24′14.5″N 21°40′7.5″E / 41.404028° СГШ; 21.668750° ИГД |
Место | Крстец |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1881 |
Живопис | 1943 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | преродбенички |
Св. Никола — црква во прилепското село Крстец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Изградена е во 1881 и обновена во 1904 година. На западната страна во 1913 година е дограден трем. Живописот во црквата датира од 1943 година, дело на браќата Доневи од Гари. Претставува еднокорабна, полукружно засводена градба со полукружна апсида на источната страна, расчленета на пет слепи ниши.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Црква „Свети Никола", село Крстец“. Old Prilep. Посетено на 31 декември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Напис за црквата „Св. Никола“ со слики — „Маркукуле“