Малтешки јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Малтешки јазик
Malti
Застапен воМалта, Австралија, САД, Италија
ПодрачјеСицилија
Говорници330 000  
Јазично семејство
ПисмоЛатиница (Малтешка азбука)
Статус
Службен во Малта
Јазични кодови
ISO 639-1mt
ISO 639-2mlt
ISO 639-3mlt
{{{mapalt}}}

Малтешки јазикјазик кој спаѓа во групата на семитски јазици. Овој јазик се зборува во Малта, Австралија, Канада, Италија итн. од страна на околу 330 000 луѓе. Овој јазик е службен јазик на Малта, и еден од јазиците на Европската унија. Овој јазик е многу сличен на арапскиот јазик и тоа на тунискиот арапски јазик. Со неговото развивање, малтешкиот јазик преземал многу особини и зборови од италијанскиот и англискиот јазик. Како службен јазик на Малта станал во 1936 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстариот пишан текст на малтешки: Il-Kantilena од Пјетру Каксаро, 15ти век

Потеклото на малтешкиот јазик се припишува на доаѓањето на доселеници од соседна Сицилија, во почетокот на 11-ти век, каде што се зборувал сицилиско-арапски јазик.[1] Ова е потврдено со генетски испитувања, кои покажуваат дека денешните Малтежани имаат заедничко генетско потекло со Сицилијанците и Калабријците, со мал генетски влез од Северна Африка и Левантот.[2][3]

Норманската инвазија на Малта во 1091, проследена со протерувањето на муслиманите, кое завршило до 1249, трајно го изолирало народниот говор од арапскиот извор, создавајќи услови за создавање на посебен јазик.[1] За разлика од Сицилија, каде што сицилиско-арапскиот јазик изумрел и бил заменет со сицилиски, народниот јазик во Малта продолжил да се развива заедно со италијанскиот, на крајот заменувајќи го како официјален јазик во 1934, заедно со англискиот.[1] Првата позната пишана референца за малтешкиот јазик е од еден тестамент од 1436, каде што се нарекува lingua maltensi. Најстариот пишан текст на малтешки јазик, Il-Kantilena (Xidew il-Qada) од Пјетру Каксаро, потекнува од 15-ти век.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Brincat (2005)
  2. Felice, A. E. (5 август 2007). „Genetic origin of contemporary Maltese“. Times of Malta. Архивирано од изворникот 9 ноември 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  3. Capelli, C.; и др. (Mar 2006). „Population structure in the Mediterranean basin: a Y chromosome perspective“. Ann. Hum. Genet. 70 (2): 207–225. doi:10.1111/j.1529-8817.2005.00224.x. hdl:2108/37090. PMID 16626331. S2CID 25536759.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Academy.