Општина Пехчево: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 65: Ред 65:


== Редовни настани ==
== Редовни настани ==
Во чест на празникот Павловден, општина Пехчево традиционално продолжува да го организира Фестивалот на дувачки оркестри. Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево, се одржува од 10 до 13 јули 2013 година.

Фестивалот се организира како дел од активностите за прославување на празникот на градот – Павловден и има за цел да ја промовира традиционалната музика и на дувачките оркестри да им овозможи поголема афирмација.

За прв пат ваков фестивал во Пехчево беше организиран 2001 година, со учество на 10-тина дувачки оркестри од Македонија, кој беше вистинска атракција за посетителите. Заради финансиски потешкотии на организаторите, иако имаше голем интерес од учесниците сепак престана да се организира.

Во 2011 година Општина Пехчево ја превзема комплетната организација на фестивалот, со определба овој настан да прерасне во традиционален и да биде една од атракциите што ќе се организира во Пехчево во летниот период.

Секој оркестар ќе може да се претстави со програма во траење од 20 минути, во која ќе има едно македонско оро како задолжителен дел за сите учесници и слободен дел по сопствен избор. Концертите ќе бидат вечерни, со почеток во 21.00 часот. Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер и за најуспешните учесници се обезбедени вредни награди и тоа :

1 место : Златна Труба и директно учество на фестивалот во Гуча
2 место : Кларинет
3 место : Тапан

За професионална оценка на квалитетот на изведбата, Општина Пехчево ангажира стручно жири од вредни експерти во оваа област и тоа : Професорите од музичка академија Живоин Глишиќ и Васил Ристов и професорот по музичко од Пехчево Димитар Сасански. Краен рок за пријавување на заинтересираните учесници е 05 јули 2013 година.

Како дел од активностите за прославување на Павловден, на 13.07.2013 година ќе се одржи и традиционалниот Етно саем – Пехчевски Павловден на кој ќе се претстават произодители на традиционална храна и ракотворби. Организирањето на ,, Пехчевски Павловден ,, ќе овозможи промоција и презентација на традиционална храна, домашни ракотворби и занаети, не само од Пехчевскиот крај туку од цела Македонија. Оваа манифестација се организира во Пехчево веќе по четврти пат и секоја година има се повеќе заинтересирани учесници.

Со овие настани, покрај негувањето на традиционалната вредност, што е една од определбите за развој на Општина Пехчево, очекуваме да имаме поголем број на туристи и посетители во Пехчево во летниот период. Овие настани надополнети со туристичките атракции : водопадите, природните убавини, традиционалната пехчевска кујна ќе придонесат Пехчево да биде една од атрактивните туристички дестинации како за домашните така и за странските гости.



== Личности ==
== Личности ==

Преработка од 10:45, 6 декември 2013

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Карта на Општина Пехчево со селските атари.

Општина Пехчево е општина во Источна Македонија. Центар на општината е градот Пехчево.

Географиja

Историja

Вгнездена како во кошничка , на крајниот исток од Мекедонија пулсира малата живописна Општина Пехчево. Административен центар е гратчето Пехчево ,распослано на двата брега на Пехчевска река, на надморска височина од 1000 метри, под падините на планината Влаина, опколено со големи и длабоки борови шуми, студени потоци и чист планински воздух. Иако мало, ова гратче има долга и богата историја. Археолошките артефакти говорат дека на овие простори постоела населба уште во римско време во која се топела железна руда која се експлоатирала од Буковик. Според жителите, гратчето топонимот го должи токму на тие печки, односно пешчи. Во средновековието населбата била важен стопански и административен центар. Во околината на Пехчево има траги од населби од антиката и средниот век. Во месноста Градиште или Манастириште на десниот брег на Брегалница има остатоци од римско населба. Во подножјето на Буковик во месноста Рудиште или Раковец на три километри источно од Пехчево, исто така има остатоци од големо античко и средновековна рударски населба. Во Буковик има остатоци од уште една населба од доцната античност, а во месноста Во реката - остатоци од рудник од истиот период. Во месноста населба на север од Пехчево има касно-античко село, а во месноста Спиково на 4 километри источно од градот - остатоци од старохристијанска црква. Според пописот од 2002 година, градот има 3 237 жители.

Населени места

Економија

Демографија

Македонци 3 067 Албанци 0 Турци 31 Роми 123 Власи 2 Срби 6 Бошњаци 0 други

Општествени институции

Администрација и политика

Совет на Општина Пехчево во периодот од 2013-2017:
  СДСМ (4)
  Независни (1)

Културни и природни знаменитости

На само 4 километри оддалеченост, во месноста света Петка, кај населението позната како Манастир, се наоѓа архелошкиот локалитет со истото име. Тоа е старо христијансјка базилика, односно манастирски комплекс со поголеми димензиии, кој покрај остатоците од црквата градена од камен и вар, вклучува и придружни објекти во функција на манастирското стопанство. Легендата зборува дека се работи за импозантен комплекс со камбанарија чиј звук се слушал дури во соседните Берово и Царево село, денешно Делчево. Се верува и дека во близина на Пехчево се наоѓаат темелите на средновековниот книжевен центар Равен, каде што светите браќа Кирил и Методија ја создале глаголица, најстрото словенско писмо.

Редовни настани

Во чест на празникот Павловден, општина Пехчево традиционално продолжува да го организира Фестивалот на дувачки оркестри. Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево, се одржува од 10 до 13 јули 2013 година.

Фестивалот се организира како дел од активностите за прославување на празникот на градот – Павловден и има за цел да ја промовира традиционалната музика и на дувачките оркестри да им овозможи поголема афирмација.

За прв пат ваков фестивал во Пехчево беше организиран 2001 година, со учество на 10-тина дувачки оркестри од Македонија, кој беше вистинска атракција за посетителите. Заради финансиски потешкотии на организаторите, иако имаше голем интерес од учесниците сепак престана да се организира.

Во 2011 година Општина Пехчево ја превзема комплетната организација на фестивалот, со определба овој настан да прерасне во традиционален и да биде една од атракциите што ќе се организира во Пехчево во летниот период.

Секој оркестар ќе може да се претстави со програма во траење од 20 минути, во која ќе има едно македонско оро како задолжителен дел за сите учесници и слободен дел по сопствен избор. Концертите ќе бидат вечерни, со почеток во 21.00 часот. Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер и за најуспешните учесници се обезбедени вредни награди и тоа :

1 место : Златна Труба и директно учество на фестивалот во Гуча 2 место : Кларинет 3 место : Тапан

За професионална оценка на квалитетот на изведбата, Општина Пехчево ангажира стручно жири од вредни експерти во оваа област и тоа : Професорите од музичка академија Живоин Глишиќ и Васил Ристов и професорот по музичко од Пехчево Димитар Сасански. Краен рок за пријавување на заинтересираните учесници е 05 јули 2013 година.

Како дел од активностите за прославување на Павловден, на 13.07.2013 година ќе се одржи и традиционалниот Етно саем – Пехчевски Павловден на кој ќе се претстават произодители на традиционална храна и ракотворби. Организирањето на ,, Пехчевски Павловден ,, ќе овозможи промоција и презентација на традиционална храна, домашни ракотворби и занаети, не само од Пехчевскиот крај туку од цела Македонија. Оваа манифестација се организира во Пехчево веќе по четврти пат и секоја година има се повеќе заинтересирани учесници.

Со овие настани, покрај негувањето на традиционалната вредност, што е една од определбите за развој на Општина Пехчево, очекуваме да имаме поголем број на туристи и посетители во Пехчево во летниот период. Овие настани надополнети со туристичките атракции : водопадите, природните убавини, традиционалната пехчевска кујна ќе придонесат Пехчево да биде една од атрактивните туристички дестинации како за домашните така и за странските гости.


Личности

Култура и спорт

Домот на културата ,,Јане Сандански,, - Пехчево е единствена институција од областа на културата и главен двигател на сите случувања од областа на културно забавниот живот на Општина Пехчево. Работата на домот на култура се базира на проекти и програми подржувани од Министерството за култура. Од 01.07.2005 година според законот за култура домот на културата ,,Јане Сандански,, има статут на локална установа. Токму затоа сите активности кои се реализираат се во непосредна корелација со Општина Пехчево. Домот на културата е институција од отворен тип,отворена за соработка со сите институции од областа на културата,образованието и науката. НВО секторот и сите оние кои се подготвени и отворени за соработка Д. К ,,Јане Сандански,, својата културна дејност и активности ги реализира преку следните сегменти и активности: Сценско-уметничка (музичка) дејност, Драмска, Културно наследство, Литературна (библиотекарство), Кинотечна, Манифестации и фестивали, Меѓународни културни соработки, Соработка со НВО секторот, Соработка со локалната самоуправа.

Пехчево е домот на фудбалската екипа ФК Напредок (Пехчево).

Иселеништво

Надворешни врски


Предлошка:Населени места во општина Пехчево