Скадар
Изглед
Скадар Shkodër | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Градот и Албанските Алпи гледани од замокот Розафа | |||
| |||
Координати: 42°04′N 19°30′E / 42.067° СГШ; 19.500° ИГД | |||
Држава | Албанија | ||
Област | Скадар | ||
Округ | Скадар | ||
Основан | 4 век п.н.е. | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Лоренц Лука | ||
Површина | |||
• Град | 16,46 км2 (636 ми2) | ||
Надм. вис. | 13 м | ||
Население (2011) | |||
• Град | 95,907 | ||
• Густина | 0,058/км2 (0,15/ми2) | ||
• Метро | 217,375 | ||
Час. појас | Central European Time (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | 4001-4007 | ||
Повик. бр. | (+355) 22 | ||
Таблици | SH, AA | ||
Мреж. место | www.bashkiashkoder.gov.al |
Скадар (албански: Shkodër; турски: İşkodra или Arnavut İskenderiyesi) — град и центар на истоимената област во северозападна Албанија покрај Скадарското езеро. Тој е еден од најстарите и најзначајните градови во Албанија, богат со историско и културно наследство. Скадар го карактеризираат прекрасна клима и природа. Низ него минуваат три реки: Дрим, Буна и Кир. Во Скадар живеат околу 90.000 жители. Населението е мешано, христијани и муслимани.
Име
[уреди | уреди извор]- Според едни, денешниот албански назив за градот Shkodra (Шкодра), споменуван и во верзиите Scutari или Skutari доаѓа од латинскиот збор scutarii што во буквален превод значи заштитници, а тоа се однесува на римската легија која ја основал Царот Константин Велики.
- Според други, денешниот албански назив Shkodra потекнува од Shkodrin (shko - оди; Drin - Дрим) објаснувајќи го тоа со фактот што низ Скадар тече т.е. оди реката Дрим.
|