2 март

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< март >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31
2024

2 март — 61-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (62-и во престапна година). Остануваат 304 денови до крајот на годината.

Настани:

1492  Шпанскиот крал Фардинанд II, наречен „Католикот“ го наредил прогонот на Евреите од Шпанија, дел од кои завршиле во Македонија.
1923  Започнал да излегува американскиот неделник „Тајм“.
1933  Во Њујорк се одржала премиерата на филмот „Кинг Конг“.
1942  Близу до Плетвар, загинале Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавскинародни херои на Македонија.
1943  Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија.
1946  Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам.
1956  Поранешната француска колонија, Мароко се здобила со независност.
1965  На Бродвеј била одржана премиерата на познатиот мјузиклМоите песни, моите сништа (The sound of music)“.
1969  На аеродромот во Тулуза бил извршен пробниот лет на надзвучниот патнички авионКонкорд“ во траење од 27 минути.
1970  Поранешната британска колонија Родезија била прогласена за република, со што и формално се стекнала со независност.
1972  Во САД е лансиран вселенскиот бродПионер 10“ за испитување на планетата Јупитер.
1973  Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам.
1980  Во Скопје бил формиран Факултетот за ликовни уметности.
1993  Во Скопје, во Касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.
1995  Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата.

Родени:

1459  Адријан VI — римски папа.
1749  Оноре Габриел Мирабо — француски политичар и државник.
1824  Беджих Сметана — чешки композитор.
1900  Курт Вајл — германски композитор.
1927  Тихомир Огњанов — српски и југословенски фудбалер.
1942  Лу Рид — американски рок-музичар, член на групата „Велвет андерграунд“ (Velvet Underground).
1948  Рори Галагер — ирски блуз и рок музичар.
1955  Зринко Тутиќ — босански и хрватски пејач и композитор на поп-музика.
1956  Јовица Елезовиќ — југословенски ракометар.
1962  Џон Бон Џови — американски рок-музичар.
1971  Метод Мен — американски рапер, музички продуцент и глумец.
1972  Маурисио Почетино — аргентински фудбалер и тренер.
1973  Дејан Бодирога — српски кошаркар.
1978  Силвестер Шмид — полски велосипедист.
1983  Игор Антон — шпански велосипедист.
1986  Петр Јирачек — чешки фудбалер.
1987  Јонас Јеребко — шведски кошаркар.
1988  Вито Маноне — италијански фудбалер.

Починале:

1923  Сара Бернар — француска артистка.
1930  Дејвид Херберт Лоренс — англиски писател.
1939  Хауард Картер — англиски египтолог.
1942  Лазо Колевски - Лавскинароден херој на Македонија.
1942  Борка Талескинароден херој на Македонија, непосреден организатор на востанието на 11 октомври.
1982  Филип К. Дик — американски писател.
1996  Анатоли Дамјановски — македонски педагог и професор на Филозофскиот факултет - Скопје.
1999  Дасти Спрингфилд — англиска поп-пејачка.
2023  Вејн Шортер — американски џез-музичар.