Петр Јирачек
| Петр Јирачек | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден на | 2 март 1986 | ||
| Роден во | Тухоржице, Чешка | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,80 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | среден ред | ||
| Повлекување | 2022 (36 г.) | ||
| Младинска кариера | |||
|
| |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 2006–2008 |
| 40 | (2) |
| 2008–2011 |
| 100 | (11) |
| 2012 |
| 13 | (2) |
| 2012-2015 |
| 41 | (2) |
| 2015-2017 |
| 18 | (0) |
| 2016-2017 |
→ | 18 | (1) |
| 2017-2021 |
| 103 | (6) |
| Репрезентација | |||
| 2011-2014 |
| 28 | (5) |
Петр Јирачек (роден на 2 март 1986, во Тухоржице) — чешки поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]По почетокот на својата кариера во тимот на Баник Соколов, клуб каде што стигна на 10 години, и ги помина првите две професионални сезони таму, Јирачек направи трансфер во тимот на Викторија П’лзењ. Во тимот на Викторија, тој направи точно 100 настапи во лигата и беше клучен дел во тимот кој ја освои титулата во Чешкото првенство во сезоната 2010-2011, подвиг кој никогаш порано не бил остварен во историјата на клубот. Насловот исто така, им даде можност да играат во Лига на Шампиони 2011/12, во која стигнаа до фазата по групи, и завршија на третото место само зад гигантите ФК Барселона и ФК Милан. Јирачек не играше само во еден натпревар на Европско натпреварување. Тој исто така е освојувач на; Чешкиот куп 2009-10 и Чешкиот Супер Куп 2011.
Во декември 2011 година, Јирачек потпиша четири и пол годишен договор со германскиот Бундеслигаш ВФЛ Волфсбург. Тој веднаш остава добар впечаток откако постигна важен погодок во својата четврта лигашка средба за да му обезбеди триумф од 3-2 на својот тим над Фрајбург. Тој претрпе повреда на крајот на февруари, која го наведе да пропушти голем број на натпревари и по враќањето да биде на клупата од каде влезе само неколкупати во остатокот од сезоната.
Репрезентацијата
[уреди | уреди извор]Во септември 2011 година, тој го направи дебито за репрезентацијата во натпреварот против Шкотска и наскоро стана прв избор во тимот раководен од Михал Билек. Тој го постигна својот прв гол во победата од 1-0 против Црна Гора во баражите за Евро 2012, во кој тие беа подобри и се пласираа на завршницата на Европското Првенство.
Јирачек продолжи да игра клучна улога во својот репрезентација, кој стигна до четврт-финалето на Евро 2012. Тој постигна два гола на првенството, притоа отворајќи го резултатот против Грција уште во третата минута, а го постигна и клучниот погодок за пласман на Чешка во четвртфиналето како прва во групата А, против домаќинот Полска. Јирачек ги одигра сите деведесет минути и во четвртфиналето во кое Чешката репрезентација загуби од Португалија со 1-0.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Титули
[уреди | уреди извор]
Викторија П’лзењ
[уреди | уреди извор]- Чешки Фудбалски Куп: 2009–10
- Чешка лига: 2010–11
| ||||||