Дасти Спрингфилд
Дасти Спрингфилд РБИ | |
---|---|
Дасти Спрингфилд во 1966 | |
Роден(а) | Мери Изобел Кетрин Бернадет О'Брајан 16 април 1939 Лондон, Англија |
Починал(а) | 2 март 1999 Хенли на Темза, Англија | (возр. 59)
Занимање |
|
Активен период | 1958–1995 |
Потпис |
Мери Изобел Кетрин Бернадет О'Брајан (анг: Mary Isobel Catherine Bernadette O'Brien; 16 април 1939 г. – 2 март 1999), позната по нејзиното уметничко име Дасти Спрингфилд (Dusty Springfield) и наречена Белата соул кралица (White Queen of Soul) ― англиска поп и соул пејачка чија кариера се протегала од доцните 1950-ти до 1990-тите. За време на врвот на нејзината популарност во 1960-тите, била меѓу комерцијално најуспешните британски пејачки во Обединетото Кралство и САД.
Родена е во Вест Хемпстед во Лондон во семејство кое ја сакало музиката. Во 1958 година, се приклучила на нејзината прва професионална група, Д Лана Систерс (анг: The Lana Sister). Две години подоцна, Дасти заедно со нејзиниот брат Том Спрингфилд и Тим Филд, ја основале групата Д Спрингфилдс (анг: The Springfields). Нивните најуспешни песни ги отпеале во 1963 година: Остров на Соништа (анг: Island of Dreams) и Кажи дека нема да бидам таму (анг: Say I Won't Be There).
Дасти својата соло кариера ја започнала кон крајот на 1963 година со објавување на песната Сакам да бидам само со тебе (анг: I Only Want to Be with You) која се искачила на 4 место на британската топ листа и е прва нејзина песна која се пласирала во топ-40 во САД. Други нејзини песни кои станале хитови во САД биле: Остани уште малку (анг: Stay Awhile) (1964), Само тебе те гледам (анг: All I See Is You) (1966), Ќе пробам било што (анг: I'll Try Anything) (1967) и двете нејзини најпопуларни песни: Не мораш да кажеш дека ме сакаш (анг: You Don't Have to Say You Love Me) (1966 Обединето Кралство бр. 1/САД бр. 4) и Сан оф а Причр мен (анг: Son of a Preacher Man)) (1968/69 Велика Британија бр. 9/САД бр. 10). Последната песна се наоѓа нејзиниот на поп и соул албум Дасти во Мемфис (Dusty in Memphis) од 1968 година, едно од најважните дела на Спрингфилд. Во март 2020 година, Конгресната библиотека од САД го додала албумот во Националниот регистар на записи, кој содржи аудио снимки кои се сметаат за „културно, историски или естетски значајни“.
Од 1964 до 1969 година, Спрингфилд имала голем успех во нејзината родна Британија со неколку песни кои во Америка или не успеале да се најдат на топ листите или не биле објавени, како Не знам што да правам со себе (анг: I Just Don't Know What to Do with Myself), Малку од твојата љубов (анг: Some of Your Lovin), Одиме назад (анг: Goin' Back) и Ги затворам очите и бројам до десет (анг: I Close My Eyes and Count to Ten). За разлика од тоа, некои нејзини песни биле успешни во САД (но не и во Обединетото Кралство) како: Посакувам и се надевам (анг: Wishin' и Hopin'), и Ветерниците во твојот ум (анг: The Windmills of Your Mind)
Од 1971 до 1986 година, Спрингфилд иако објавила пет албуми, немала некој поголем хит. Сепак во 1987, песната Што направив да го заслужам ова? (анг: What Have I Done to Deserve This?) во соработка со британското синтпоп дуо Pet Shop Boys, ја вратила Дасти на врвот на топ листите; се искачила на второ место на Табелата за синглови во Велика Британија и на Билбордовиот хот 100. Оваа соработка, исто така, исфрлила уште два Топ 20 хита во 1989 година во Велика Британија: Ништо не е докажано (анг: Nothing Has Been Proved) и На само (анг: In Private). Во 1990 година, Спрингфилд со песната „Reputation“ повторно се нашла на топ листите и оваа песна била последната од 25-те нејзини песни кои се пласирале на британската Топ 40 листа.
Дасти Спрингфилд, на британската телевизија, била презентер во многу епизоди од британската ТВ-музичка серија од 1963-1966 година Реди, Стеди, Гоу! (анг: Ready Steady Go!), а од 1966 до 1969 година, водела своја емисија на Би-Би-Си и ITV.
Таа е член во Куќата на славните на рокенролот и во Куќата на славата на британската музика. Спроведените меѓународни анкети ја вбројуваат Дасти Спрингфилд како една од најдобрите женски поп-пејачки на сите времиња.
Детство и младост
[уреди | уреди извор]Дасти Спрингфилд е родена како Мери Изобел Кетрин Бернадет О'Брајан на 16 април 1939 година во Вест Хемпстед,[1] како второ дете од родители со ирско потекло.[2]
Спрингфилд до раните 1950-ти живеела во Хај Вајкомб, Бакингемшир, а потоа во Илинг во Западен Лондон.[3] Учела во манастирско училиште за девојчиња. Прекарот Дасти (од англиски dusty - со прашина) го добила затоа што играла фудбал со момчиња на улица и била опишана како машкуданеста.[4]
Спрингфилд пораснала во семејство кое ја сакало музика. Таа слушала најразлична музика, како Џорџ Гершвин, Роџерс и Харт, Роџерс и Хамерштајн, Кол Портер, Каунт Бејзи, Дјук Елингтон и Глен Милер.[5][6][7] Го сакала американскиот џез и пејачите Пеги Ли и Џо Стафорд, и сакала да пее како нив. На 12-годишна возраст, во продавница за плочи во Илинг, се снимила себеси како ја изведува песната од Ирвинг Берлин Кога полноќното Чу-Чу заминува за Алабама (анг: When the Midnight Choo-Choo Leaves for Alabamа).[5][6][7]
Кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци на кариерата
[уреди | уреди извор]Откако го завршила училиштето, Дасти Спрингфилд заедно со брат ѝ Том пеела во локалните фолк клубови,[8] а во 1957 година работеле во одморалишта [8] Следната година Спрингфилд се придружила на групата Д Лана Систерс, во кој пееле Ајрис 'Рис' Лонг и Лин Абрамс (кои всушност не се сестри).[9]
Во 1960 година Дасти Спрингфилд ја напуштила групата и заедно брат ѝ Том Спрингфилд и Тим Филд, го основале фолк-поп вокалното трио Д Спрингфилдс. Членовите на групата ги усвоиле уметничките имиња Дасти, Том и Тим Спрингфилд.[10] За да направат автентичен американски албум, групата отишла во Нешвил, каде ги снимиле Фолк сонгс фром д Хилс (анг: Folk Songs from the Hills) Во анкета спроведена од 1961 и 1962 година, Д Спрингфилдс биле прогласени за најдобра британска вокална група,[11] но сепак нивните најуспешни песни ги отпеале во 1963 година: Остров на Соништа (анг: Island of Dreams) и Кажи дека нема да бидам таму (анг: Say I Won't Be There), и двете песни се искачиле на петто место. Групата учествувала во музичката серија, Реди, Стеди, Гоу! (анг: Ready Steady Go!)[12]
Дасти Спрингфилд ја напуштила групата по нивниот последен концерт во октомври 1963 година.[10]
Соло кариера
[уреди | уреди извор]Дасти го издала својот прв соло сингл, Сакам да бидам само со тебе (анг: I Only Want to Be with You), во ноември 1963 година,[13][14] кој содржи ритам и блуз елементи, што потсеќа на музичарите кои влијаеле врз Спрингфилд како Ексајтерс (анг: Exciters) и Ширелс (анг: the Shirelles)[15] Синглот дебитирал на Billboard Hot 100 топ-листата на 25 јануари 1964 година, една недела по првиот хит на Битлси „I Want to Hold Your Hand“ и во иста недела кога песната од Битлси „She Loves You“ се нашла на топ листата, што ја ставило Дасти Спрингфилд на чело на британската инвазија. Првата емисија од неделната музичка програма од Би-Би-Си, На врвот на Попот (анг: Top of the Pops), на која биле прикажувани песни од топ листите била емитувана на 1 јануари 1964 година, а Сакам да бидам само со тебе (анг: I Only Want to Be with You) била прва прикажана песна во серијата.[16] Синглот имал златен тираж во ОК,[17] а неговата Б-страна, „Once Upon a Time“, била напишана од Спрингфилд.[16][18]
Првиот солистички албум на Дасти Спрингфилд - Девојка по име Дасти (анг: A Girl Called Dusty) – кој претежно содржи преработки на нејзините омилени песни – бил објавен на 17 април 1964 година во ОК (но не и во Америка).[19] Истата година била избрана за британска пејачка на годината во анкетата на читателите на Нов Музички Експрес, пред Лулу, Сенди Шо и Сила Блек. Дасти Спрингфилд оваа награда повторно ја добивала во следните три години.[16]
Од 28 до 30 јануари 1965 година Спрингфилд учествувала на Фестивалот на италијанската песна во Сан Ремо, но не успеала да се квалификува во финалето.[20] За време на фестивалот, таа ја слушнала песната „Io Che Non Vivo (Senza Te)“, во изведба на еден од нејзините композитори, Пино Донаџо, и одделно од американската кантри пејачка Џоди Милер.[21] Верзијата на англиски јазик, Не мораш да кажеш дека ме сакаш (анг: You Don't Have to Say You Love Me), содржела стихови допишани од пријателката на Спрингфилд (и нејзин иден менаџер) Вики Викам и уште еден нејзин иден менаџер, Сајмон Непиер-Бел.[21][22] Дасти Спрингфилд ја објавила баладата во март 1966 година и таа се искачила на прво место во ОК на листата за синглови.[22][23] Следел успех на песната и во САД,[24] каде што во јули се искачила на 4 место на Hot 100 на Билборд, и била рангирана на 21 место за таа година.[25] Во 1967 година Спрингфилд била номинирана за Најдобра современа соло вокална изведба – награда за машки или женски пол на 9-тото годишно доделување на Греми награди, но победил Пол Макартни со песната Еленор Ригби (анг: Eleanor Rigby). Во 1999 година, според гласовите на слушателите на BBC Radio 2, Не мораш да кажеш дека ме сакаш (анг: You Don't Have to Say You Love Me) била вброена во најдобрите 100 песни на сите времиња.
Во 1966 година, Спрингфилд имала и три други хитови во Велика Британија: Малку по малку (анг: Little By Little) (бр. 17), Одиме назад (анг: Goin' Back) и баладата Само тебе те гледам (анг: All I See Is You) (бр. 9). Компилацијата од нејзините синглови, Златни Хитови, објавена во ноември 1966 година, се искачила на второ место во ОК.[23] Од средината на 1960-тите, кога снимала придружни вокали за други уметници Спрингфилд го користела псевдонимот „Гледис Тонг“.[26][27]
Во овој период, Спрингфилд била позната и по нејзината љубов кон Мотаун. Таа го претставила звукот на Мотаун на пошироката публика во ОК, преку нејзините обработки на песни од Мотаун и преку помагање во Обединетото Кралство за прв пат да се појават уметници како Temptations, the Supremes, Martha & The Vandellas, the Miracles и Стиви Вондер во специјалното издание на 1963-1963 година (во ТВ-музичката емисија Реди, Стеди, Гоу!, продуцирана од Вики Викам).[28]
Кон крајот на 1960-тите, музичката кариера на Дасти се искомплицирала поради тоа што нејзиниот продуцент Гери Гофин започнал соло кариера и поради „прогресивната“ музичка револуција. Така, таа била ограничена на турнеи во Обединетото Кралство во клубови, хотели и кабареа.[19] За да ја заживее својата кариера и за до го зацврсти својот кредибилитет, Дасти потпишала со Атлантик рекордс,[19] продукциска куќа каде што била и нејзиниот идол Арета Френклин. (Потпишала со издавачот само во Соединетите Американски Држави; во Обединетото Кралство таа останала под договор со Philips.)
Сесиите во Мемфис биле продуцирани од Џери Векслер, Том Дауд и Ариф Мардин;[29] придружните вокали ги пеела групата Sweet Inspirations.[30] На почетокот, чувствувала анксиозност поради самата помисла на соул великаните кои снимале во истите студија.[31] Векслер почувствувал дека Спрингфилд има „огромен комплекс на помала вредност“, а поради нејзиното инсистирање за совршенство, нејзиниот вокал подоцна бил повторно снимен во Њујорк.[16][29]
Во ноември 1968 година, за време на сесиите во Мемфис, Спрингфилд му предложила на Векслер (еден од раководителите на Атлантик Рекордс) да потпише со новоформираната британска група Лед зепелин. Таа го познавала бас гитаристот на групата, Џон Пол Џонс, кој работел на нејзините претходни албуми.[32] Без да се сретне со нив и делумно по нејзин совет,[32] Векслер потпишал договор со Лед зепелин вреден 200.000 долари - најголемиот таков договор за нова група дотогаш.[32][33]
Албумот Dusty in Memphis добил одлични критики во Велика Британија и во САД.[34]
Албумот немал комерцијален успех и слабо котирал на топ листите.[34] Албумот не се нашол на топ листите во ОК, а во април 1969 година се искачил само од 99-то место на топ листите на Билборд,[23][24] со продажба од 100.000 примероци.[10][35] Сепак, во 2001 година албумот ја добил наградата Куќа на славата Греми, а бил вброен меѓу најдобрите албуми на сите времиња од американското музичко списание Ролинг Стоун[29] и во анкетите спроведени од VH1, Њу мјузикал експрес и британската ТВ мрежа Канал 4.[36]
Во ноември 1968 година, била објавена водечката песна од албумот, „Сан оф а Причр мен (анг: Son of a Preacher Man)“. Била напишана од Џон Харли и Рони Вилкинс.[37] Во 1970 година Спрингфилд, на 24-тото годишно доделување на Греми наградите била номинирана за наградата најдобра женска современа вокална изведба, но изгубила од Само тоа ли постои (анг: Is That All There Is?) од Пеги Ли, која Спрингфилд често ја наведувала како влијание.[38] Во 2004 година, Ролинг Стоун ја рангирала на 240 место на својата листа од 500 најдобри песни на сите времиња.[39] „Сан оф а Причр мен (анг: Son of a Preacher Man)“ повторно се популаризирала во 1994 година откако била вклучена во саундтракот на филмот од Квентин Тарантино, Евтини приказни. Се смета дека „Сан оф а Причр мен (анг: Son of a Preacher Man)“ придонел за продажбата на саундтрак-албумот, кој се продал во над 2 милиони примероци во САД.[29][29]
Сè до нејзиното враќање во 1987 година со Pet Shop Boys, 1969 година била последна година во која Спрингфилд имала забележително присуство на топ листите. Во Британија, по „Сан оф а Причр мен (анг: Son of a Preacher Man)“, таа се нашла на топ листите само со Дали сум истата девојка (анг: Am I the Same Girl) (бр. 43), додека на САД хот 100 се нашла на топ листите сп Не ме заборавај (анг: Don't Forget About Me) (бр. 64)/ Појадок во кревет (анг: Breakfast in Bed) (бр. 91), препев на Ветерниците во твојот ум (анг: The Windmills of Your Mind) (бр. 31), Вили и Лора Меј Џоунс (анг: Willie & Laura Mae Jones) (бр. 78) и Нова јас (анг: A Brand New Me) (бр. 24).
Спрингфилд во 1960-тите била една од комерцијално најуспешни пејачи во Велика Британија.[40] Таа била избрана за најдобра пејачка (Велика Британија) од страна на читателите на Њу мјузикал Експрес во 1964-1966 година и за најдобра пејачка во 1965-1967 и 1969 година.[11]
1970-ти
[уреди | уреди извор]На почетокот од 1970-тите, Спрингфилд била голема ѕвезда, но продажбата на нејзините плочи се намалувала. Нејзиниот партнер, Норма Танега, се вратила во САД откако нивната врска станала стресна,[41] а и Спрингфилд почнала да поминува повеќе време во САД.[42] Во јануари 1970 година бил објавен нејзиниот втор и последен албум за Атлантик рекордс, Нова јас (анг: A Brand New Me)(преименуван во ОК како Од Дасти... со Љубов (анг: From Dusty... With Love).[43] Албумот слабо се продавал,[44] а Спрингфилд била незадоволна од менаџментот и од издавачката компанија.[45] На почетокот од 1971 година снимила неколку песни кои требало да се најдат на албум кој требало да го издаде Атлантик рекордс.[46] Сепак, нејзиниот нов менаџер Алан Бернард ја убедил да го раскине договорот со Атлантик; некои од снимените песни се нашле на албумот Видете ги сите нејзини лица (анг: See All Her Faces) објавен само во Обединетото Кралство (ноември 1972 година) и изданието од 1999 година „Дасти во Мемфис Делукс едиција“.[45] Спрингфилд во 1972 година потпишала договор со АБЦ Рекордс, а албумот Cameo бил објавен во февруари 1973 година. Критички бил добро оценет, но продажбата била слаба.[47]
Во 1973 година, Спрингфилд ја снимила тематската песна за ТВ серијата Човек од шест милиони долари.[48] Нејзиниот втор албум со АБЦ имал работен наслов Елементи и бил закажан за објавување кон крајот на 1974 година под името Копнеж. Сепак, сесиите за снимање биле напуштени, но дел од материјалот, вклучувајќи пробен и нецелосен вокал, бил издаден на постхумната компилација Убав Соул од 2001 година. Кон средината на 1970-тите, пеела позадински вокали на албумот од Елтон Џон Карибу (јуни 1974 година) и на албумот на Ен Мареј Заедно(ноември 1975).[40]
Во 1974 година, Спрингфилд својата соло кариера ја ставила во мирување. Дасти Спрингфилд почнала повторно да снима во летото 1977 година.
Кон крајот на 1970-тите, Спрингфилд објавила два албума со УАР: Почнува повторно (анг: It Begins Again) од 1978 година, продуциран од Рој Томас Бејкер и нејзиниот албум од 1979 година, Живот без твојата љубов (анг: Living Without Your Love), кој не се пласирал во топ-50.[23][40] На почетокот од 1979 година, во Лондон, снимила два сингла со Дејвид Мекеј за нејзината британска издавачка куќа, Меркјури рекордс (поранешен Филипс рекордс): „Бејби Блу“ под диско влијание на диско[23] и Твојата љубов ме спушта на колена (анг: Your Love Still Brings Me to My Knees), објавен во јануари 1980 година. Ова бил последент сингл на Спрингфилд за Меркјури рекордс; таа соработувала со нив речиси 20 години. На 3 декември 1979 година, одржала хуманитарен концерт во Ројал Алберт Хол, во присуство на принцезата Маргарет.
1980-ти
[уреди | уреди извор]Во 1980 година, Спрингфилд ја отпеала Делчиња и парчиња (анг: Bits and Pieces), од филмот Каскадерот (анг: The Stunt Man). Во САД потпишала договор со 20 Сенчури Рекордс, и со нив го објавила синглот Оди како што оди (анг: It Goes Like It Goes), преработка на песната наградена со Оскар од филмот Норма Рае. Спрингфилд била горда на нејзиниот албум Бела жештина (анг: White Heat) од 1982 година, кој бил под влијание на њу-вејв музиката.[16] Таа се обидела да ја оживее својата кариера во 1985 година. Затоа се вратила во ОК и потпишала договор со издавачката куќа Хиподром Рекордс. Со нив го објавила синглот некогаш како пеперутки (анг: Sometimes Like Butterflies). Ниту една песна од Спрингфилд од 1971 до 1986 година не се пласирала на топ-40 листата во Велика Британија, ни на Билборд Хот100.[23][24]
Во 1987 година, Дасти ја прифатила поканата од Pet Shop Boys за дует со нивниот пејач, Нил Тенант. Заедно ја отпеале песната Што направив да го заслужам ова? (анг: What Have I Done to Deserve This?).[49][50] Таа се појавила и на промотивното видео. Песната се искачила на место бр. 2 на топ листите во САД и во Велика Британија,[23][51] а се нашла и на нивниот албум,[50] и во колекциите на најголеми хитови на двата изведувачи. Спрингфилд снимила дует со Би Џеј Томас, кој бил искористен во најавната шпица за американскиот ситком Growing Pains за 4-тата сезоната.(1988–89). (Томас соработувал со Џенифер Ворнс за оригиналната верзија, која не била снимена со Ворнс, ниту била објавена како сингл.)
Во 1988 година, била издадена нова компилација, Сребрена Колекција (анг: The Silver Collection). Pet Shop Boys за Дасти ја продуцирале нејзината верзија на нивната песна Ништо не е докажано (анг: Nothing Has Been Proved), нарачана за саундтракот на филмот Скандал од 1989 година. Песната била објавена како сингл во февруари 1989 година, а за Спрингфилд тоа било нејзина петнаесетта песна која се пласирала во топ-20 во Велика Британија.[23] Во ноември, Дасти ја снимила песната Во приватност (анг: In Private), исто така напишана и продуцирана од Pet Shop Boys, а се искачила на место бр. 14.[23]
1990-ти
[уреди | уреди извор]Албумот на Спрингфилд од 1990 година, Репутација (анг: Reputation), бил трет нејзин албум во топ-20 во Обединетото Кралство.[23] Половина од албумот бил напишан и продуциран од Pet Shop Boys, а меѓу другите продуценти на албумот бил и Ден Хартман. Во 1988 година Спрингфилд ја напуштила Калифорнија се вратила да живее во ОК. Во 1993 година, Дасти снимила дует со нејзината соперничка и пријателка од 1960-тите, Сила Блек. Во октомври била објавена песната Срце и душа (анг: Heart and Soul), а во септември се нашла на албумот на Блек, Низ годините.[52] Следниот албум на Спрингфилд, привремено насловен Дасти во Нешвил (анг: Dusty in Nashville, започнала да го снима во 1993 година, но бил објавен во јуни 1995 година под името Многу фина љубов (анг: A Very Fine Love).[53]
Последната студиска песна на Спрингфилд била песната на Џорџ и Ира Гершвин Некој да внимава на мене (анг :Someone to Watch Over Me) – снимена во Лондон во 1995 година за ТВ реклама на осигурителна компанија. Песната се нашла на албумот Едноставно Дасти (анг: Simply Dusty) (2000). Нејзин последен настап во живо бил во емисијата Божиќ со Мајкл Бол (анг: The Christmas with Michael Ball) во декември 1995 година.[54]
Смрт
[уреди | уреди извор]Во јануари 1994 година, додека во Нешвил го снимала нејзиниот последен албум, Многу фина љубов (анг: A Very Fine Love), на Спрингфилд ѝ се слошило. По неколку месеци, откако се вратила во Англија, лекарите ѝ дијагностицирале рак на дојка.[55] Неколку месеци била подложена на хемотерапија и зрачење, и се установило дека ракот е во ремисија. Во 1995 година, во видно добро здравје, Спрингфилд започнала да го промовира албумот, кој бил издаден истата година.[56] Кон средината на 1996 година, ракот се вратил. И покрај интензивните третмани, таа починала во Хенли на Темза, Оксфордшир,[57] на 2 март 1999 година, еден месец пред нејзиниот 60-ти роденден.[58]
На погребот на Спрингфилд присуствувале стотици фанови и луѓе од музичкиот бизнис, меќу кои и Елвис Костело, Лулу и Пет Шоп Бојс. По нејзина желба, Дасти била кремирана, а дел од нејзината пепел била закопана во Хенли, додека остатокот го расфрлил нејзиниот брат, Том Спрингфилд, на Мохеровите Карпи во Ирска.
Наследство
[уреди | уреди извор]Дасти била примена во Куќата на славата на рокенролот две недели по нејзината смрт. Во куќата ја внел нејзиниот пријател Елтон Џон кој изјавил: „Пристрасен сум, но сметам дека таа беше најдобрата бела пејачка досега... секоја песна што ја пееше, ја имаше како своја.“[59][60]
Дасти Спрингфилд оставила најголем печат од пејачките на Британската инвазија,[61] со тоа што 18 нејзини песни се пласирале на Билборд Хот 100 во периодот од 1964 до 1970 година.[24][62] Квентин Тарантино го оживеал интересот за нејзината музика во 1994 година, откако ја вклучил нејзината песна „Сан оф а Причр мен (анг: Son of a Preacher Man)“ на саундтракот од Евтини приказни, кој се продал во над три милиони примероци.[63][64] Истата година, во документарниот филм Дасти Спригфилд: Цел круг (анг: Dusty Springfield: Full Circle), гостите на нејзиното шоу Звукот на Моутаун (анг: Sound of Motown) од 1965 година навеле дека Спрингфилд е заслужна за популаризација на американската соул музика во ОК.[65][66]
Спрингфилд е културна икона на Свингинг сикстис во ОК.[8][67] Јавно и на сцената, Спрингфилд развила имиџ на ведра личност поддржана од нејзината бланширана фризура, вечерни тоалети и многу шминка. Спрингфилд за својот изглед позајмила елементи од русокосите кралици на гламурот како Брижит Бардо и Кетрин Денев.[68][69]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- A Girl Called Dusty (1964)
- Ev'rything's Coming Up Dusty (1965)
- Where Am I Going? (1967)
- Dusty... Definitely (1968)
- If You Go Away (1968)
- Dusty in Memphis (1969)
- A Brand New Me (1970)
- See All Her Faces (1972)
- Cameo (1973)
- It Begins Again (1978)
- Living Without Your Love (1979)
- White Heat (1982)
- Reputation (1990)
- A Very Fine Love (1995)
- 2015 – Faithful снимен во 1971
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ O'Brien, p. 3.
- ↑ Valentine and Wickham, p. 20.
- ↑ Gulla, p. 357.
- ↑ Leeson, p. 14.
- ↑ 5,0 5,1 Празен навод (help)
- ↑ 6,0 6,1 Zanes, Warren (2007). „Dusty in Memphis“. Во David Barker (уред.). 33 1/3 Greatest Hits. 1. The Continuum International Publishing Group. стр. 1–16. ISBN 978-0-8264-1903-3.
- ↑ 7,0 7,1 Gulla, p. 358.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Welch, Chris (4 March 1999). „Obituary: Dusty Springfield“. The Independent. Посетено на 27 June 2012.
- ↑ „Lana Sisters“. AllMusic. Rovi Corporation. Посетено на 27 June 2012.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Valentine and Wickham, p.
- ↑ 11,0 11,1 „NME Pop Poll Results 1952–1996“. Rock List Music (Julian White). Архивирано од изворникот на 2021-02-10. Посетено на 2 September 2010.
- ↑ Gulla, p. 360.
- ↑ Reynolds, Anthony (10 September 2009). The Impossible Dream: The Story of Scott Walker and the Walker Brothers. Jawbone Publishing Corp. стр. 81. ISBN 978-1-906002-25-1. Посетено на 10 August 2010.[мртва врска]
- ↑ „'I Only Want to Be with You' at APRA search engine“. Australasian Performing Right Association (APRA). Посетено на 28 June 2012.
- ↑ Gulla, pp. 363–364.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 „Dusty Springfield Biography“. Read steady girls!. 24 July 2021. Архивирано од изворникот на 2023-09-07. Посетено на 2023-10-02.
- ↑ Murrells, Joseph (1978). The Book of Golden Discs (2nd. изд.). London: Barrie and Jenkins Ltd. стр. 166. ISBN 0-214-20512-6.
- ↑ „'Once Upon a Time' at APRA search engine“. Australasian Performing Right Association (APRA). Посетено на 28 June 2012.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 Празен навод (help)
- ↑ „Dusty Springfield's Italian Recordings“. Ready Steady Girls! (Graham Welch).
- ↑ 21,0 21,1 Gulla, p. 365.
- ↑ 22,0 22,1 Празен навод (help)
- ↑ 23,00 23,01 23,02 23,03 23,04 23,05 23,06 23,07 23,08 23,09 „Artist: Dusty Springfield“. Official Charts Company. Посетено на 28 June 2012. Note: Click on tab to access Albums charting.
- ↑ 24,0 24,1 24,2 24,3 „Dusty Springfield – Awards“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на 3 July 2012.
- ↑ „Chareborneranger Presents the Billboard Top 100 for 1966“. Chairborne Ranger (Dennis Mansker). Посетено на 2 July 2012.
- ↑ Valentine, Penny (24 September 1966). „Dusty Changes Her Name to Gladys Thong“. Disc & Music Echo. Архивирано од изворникот на 23 May 2012. Посетено на 1 July 2012.
- ↑ Randall, (2009), pp. 32, 57, 173.
- ↑ Randall, (Fall 2005).
- ↑ 29,0 29,1 29,2 29,3 29,4 Празен навод (help)
- ↑ Simpson, Ernest (23 September 2004). „Album Review: Dusty Springfield: Dusty in Memphis“. Treble. Архивирано од изворникот на 14 February 2012. Посетено на 29 June 2012.
- ↑ Gulla, p. 369.
- ↑ 32,0 32,1 32,2 Welch, Chris (1994). Led Zeppelin. London: Orion Books. стр. 31. ISBN 1-85797-930-3.
- ↑ Wall, Mick (2005). „No Way Out“. Mojo: 83.
- ↑ 34,0 34,1 Gulla, p. 370.
- ↑ „The Dusty Springfield Story“. ForgottenHits.com (Kent Kotal). Посетено на 4 July 2012.
- ↑ „Dusty in Memphis by Dusty Springfield“. BestEverAlbums.com (Amulet Solutions – Europe). Посетено на 2 July 2012.
- ↑ „'Son of a Preacher Man' at APRA search engine“. Australasian Performing Right Association (APRA). Посетено на 29 June 2012.
- ↑ „Grammy Awards 1970“. IndiaServer. Посетено на 3 July 2012.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 40,0 40,1 40,2 George-Warren, Holly; Romanowski, Patricia; Romanowski Bashe, Patricia; Pareles, Jon (2001). „Dusty Springfield“. The Rolling Stone Encyclopedia of Rock & Roll. Touchstone. ISBN 978-0-7432-0120-9.
dusty springfield.
- ↑ Valentine and Wickham, p. 127.
- ↑ Gulla, p. 371.
- ↑ O'Brien, Lucy (2002). „Stupid Cupid: 'I Only Want to Be with You'“. She Bop II: The Definitive History of Women in Rock, Pop and Soul. Continuum International Publishing Group. стр. 62–65. ISBN 978-0-8264-7208-3.
- ↑ Valentine and Wickham, p. 126.
- ↑ 45,0 45,1 O'Brien, pp. 142–144.
- ↑ Leeson, p. 118.
- ↑ O'Brien, pp. 148–151.
- ↑ Lambert, David. „The Six Million Dollar Man DVD News“. TVShowsOnDVD (Gord Lace). Архивирано од изворникот на 28 September 2010. Посетено на 3 July 2010.
- ↑ Gulla, p. 375.
- ↑ 50,0 50,1 Raggett, Ned. „'What Have I Done to Deserve This?' – Pet Shop Boys“. AllMusic. Посетено на 3 July 2012.
- ↑ Feldman, Christopher G., уред. (1 January 2000). The Billboard Book of Number Two Singles. Billboard Books. стр. 288. ISBN 0-8230-7695-4. Посетено на 27 August 2010.
- ↑ „Cilla Black Discography: 'Heart and Soul' (Duet with Dusty Springfield) – Single“. Архивирано од изворникот на 2012-02-18. Посетено на 4 July 2012.
- ↑ O'Brien, pp. 227–229.
- ↑ „Biography“. Michael Ball Official Website. Архивирано од изворникот на 28 June 2002. Посетено на 4 July 2012.
- ↑ „Fans' Farewell to Dusty“. BBC News. 12 March 1999. Посетено на 29 June 2012.
- ↑ DeCurtis, Anthony. "Rock & Roll: Dusty Springfield: 1939–1999." Rolling Stone 15 April 1999: 31–2. ProQuest. Web. 5 October 2015
- ↑ „Obituary: Dusty Springfield“. The Independent. 4 March 1999. Посетено на 1 March 2019.
- ↑ Holden, Stephen (4 March 1999). „Dusty Springfield, 59, Pop Star of the 60's, Dies“. The New York Times. Посетено на 1 March 2019.
- ↑ Elton John Rock on The Net
- ↑ McMahon, Barbara (16 March 1999). „Dusty Joins the Greats of Rock & Roll“. London Evening Standard. Архивирано од изворникот на 23 September 2015. Посетено на 1 July 2012.
- ↑ Clifford, Mike (13 November 1988). The Harmony Illustrated Encyclopedia of Rock (6th. изд.). Harmony Books. стр. 162. ISBN 978-0-517-57164-4.
- ↑ Randall, (2009), p. 3.
- ↑ Giles, Rob (11 August 2005). „Pulp Fiction: 10th Anniversary 2-Disc Collector's Edition (1994)“. Michael D's Region 4 DVD (Michael Demtschyna). Архивирано од изворникот на 2022-07-05. Посетено на 29 June 2012.
- ↑ Kelner, Martin (21 November 2001). „Accidental Heroes: Dusty Springfield“. Martin Kelner. Архивирано од изворникот на 2012-06-24. Посетено на 29 June 2012.
- ↑ Dusty Springfield. Full Circle Documentary film. Vision Records, 1994
- ↑ Sutherland, Sam (15 May 2000). „Dusty Springfield – Full Circle [VHS]: Dusty Springfield“. Amazon UK. Посетено на 5 July 2012.
- ↑ „Obituary: Cancer Claims 'White Queen of Soul'“. BBC News. 3 March 1999. Посетено на 2 July 2012.
- ↑ Randall, (2009), p. 16.
- ↑ Gulla, p.361.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Gulla, Bob (2008). „Dusty Springfield“. Icons of R&B and Soul: An Encyclopedia of the Artists Who Revolutionized Rhythm. Westport, Conn: Greenwood Icons. ISBN 978-0-313-34044-4. Архивирано од изворникот на 21 October 2014.
- Leeson, Edward (1 May 2001). Dusty Springfield: A Life in Music. Michigan: Robson Books. ISBN 978-1-86105-343-5.
- O'Brien, Lucy (2000). Dusty: A Biography of Dusty Springfield. Sidgwick & Jackson. ISBN 978-0-330-39343-0.
- Randall, Annie Janeiro (Fall 2005). „Dusty Springfield and the Motown Invasion“. Institute for Studies in American Music Newsletter. Conservatory of Music, Brooklyn College, City University of New York (CUNY). 35. Архивирано од изворникот на 25 June 2012. Посетено на 27 June 2012.
Springfield acquired the title 'White Queen of Soul' as a result of her many hit cover versions of songs by African American artists such as the Shirelles, Inez and Charlie Foxx, and Baby Washington
. - Randall, Annie Janeiro (2009). Dusty! Queen of the Postmods. New York: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-532943-8.
- Valentine, Penny; Wickham, Vicki (August 2000). Dancing with Demons: The Authorised Biography of Dusty Springfield. London: Hodder & Stoughton. ISBN 0-340-76673-5.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Веб-страница на обожавателите на Дасти Спрингфилд
- Биографија на Дасти Спрингфилд TV
- Dusty Springfield на Curlie (англиски)
- Наследството на Дасти Спрингфилд од Боб Стенли за Тајмс од 3 април 2009 година
- Дасти Спрингфилд на Find a Grave (англиски)
|