Пештани (Прилепско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пештани
Пештани се наоѓа во Republic of Macedonia
Пештани
Местоположба на Пештани во Македонија
Координати 41°16′48″ СГШ 21°40′18″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 5 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 680 м

Пештани е село во Општина Прилеп, во областа Мариово.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, на крајниот северозападен дел на територијата на поранешната Општина Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 670 метри. Атарот зафаќа простор од 18,5 км2. Ha него преовладуваат пасиштата на површина од 1.297 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 389 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Населбата е мала, во фаза на наполно раселување, a е населена со македонско население.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото е спомнато во Трескавечкиот поменик од XVII-XVIII век. Според академик Иван Дуриданов, етимологијата на името е од првоначалното жителско име со суфикс -jane от пешт, односно, пештера, пешт. Во XIX век Пештани било село во Прилепската каза на Мариовската нахија на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Пештани (Peschtani) е посочено како село со 40 домаќинства и 192 жители христијани и 3 Роми. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Пештани има 280 жители, сите христијани. Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Пештани имало 304 егзархисти. Според Георги Трајчев, во Пештани имало 45 куќи со 280 жители. Според пописот од 2002 година, во селото Пештани живеат 20 жители, сите Македонци. А додека во 2015 година има 5 жители претежно стари лица коишто се занимаваат со сточарство.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото Пештани живеат 20 жители, сите Македонци. А во 2015 година едвај 5 жители претежно стари лица.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[1]
Археолошки локалитети
  • Св. Илија - населба од раната антика и римското време (старомакедонбскиот град Достонеи) се наоѓа на левата страна на селото Пештани и скриена во карпестиот рид.;[2]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

За 2 Август во црквата с.Илија која што се наоѓа на левата страна на селото Пештани и скриена во карпестиот рид се собираат пештанци и луѓе од разните краеви на Македонија за да го прославаат празникот Илинден.

Исто така за 1ви Мај црквата Св.Петка која што е на десната страна на селото се собират народ за да го прослават државниот празник подетални фотографии.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19