Симон Дракул: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
с →Надворешни врски: Додадена категорија |
||
Ред 52: | Ред 52: | ||
[[Категорија:Лазарополе]] |
[[Категорија:Лазарополе]] |
||
[[Категорија:Луѓе од Дебар]] |
[[Категорија:Луѓе од Дебар]] |
||
[[Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] |
Преработка од 03:11, 25 март 2021
Симон Дракул | |
---|---|
Роден/а | 24 септември 1930 Лазарополе, Македонија |
Починат/а | 11 јануари 1999 Скопје, Македонија | (возр. 68)
Занимање | писател, историчар, преведувач |
Симон Дракул — македонски раскажувач, романописец, драмски автор, сценарист, историчар и преведувач.
Животопис
Роден е во Лазарополе на 24 септември 1930 година. Починал во Скопје на 11 јануари 1999 година. Гимназија учел во Охрид и во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филозофски науки. Работел во весниците „Млад борец“ и „Нова Македонија“, бил уредник во издавачката куќа „Кочо Рацин“ и директор на драмата во Македонскиот народен театар во Скопје. Член на редакцијата на списанието „Современост“. Бил научен советник во Институтот за национална историја на Македонија. Бил претседател на ДПМ. Член на ДПМ од 1953 година.[1]
Библиографија
- Планините и далечините (раскази, 1953)
- Витли во поројот (раскази, 1956)
- И ѕвездите паѓаат сами (роман, 1957)
- Белата долина (роман, 1962)
- Буни (триптих: повест, роман, драма, 1980)
- Распаќа (раскази, 1985)
- Архимандрит Анатолиј Зографски (монографија, 1988)
- Или смрт, тетралогија: Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место (1989), Жедна месечина (роман, 1997), Апостол војводата (монодрама, 1998)
Награди
- „Кирил Пејчиновиќ“
- „Рациново признание“[2]
Наводи
- ↑ Симон Дракул – биографија
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 81.
Надворешни врски
- Симон Дракул на Ризницата ?