Прејди на содржината

Могилец

Координати: 41°39′2″N 21°13′24″E / 41.65056° СГШ; 21.22333° ИГД / 41.65056; 21.22333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Могилец

Поглед на селото Могилец

Могилец во рамките на Македонија
Могилец
Местоположба на Могилец во Македонија
Могилец на карта

Карта

Координати 41°39′2″N 21°13′24″E / 41.65056° СГШ; 21.22333° ИГД / 41.65056; 21.22333
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03032
Надм. вис. 710 м
Могилец на општинската карта

Атарот на Могилец во рамките на општината
Могилец на Ризницата

Могилец — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Сретселото на Могилец

Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 710 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 623 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 89 хектари, а на пасиштата 77 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 50 семејства и 4 неженети, сите христијани.[3]

Во XIX век, Могилец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948237—    
1953242+2.1%
1961194−19.8%
1971166−14.4%
1981114−31.3%
ГодинаНас.±%
199160−47.4%
199458−3.3%
200227−53.4%
20216−77.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Могилец имало 235 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Могилец имало 240 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Могилец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]

Могилец е мало село, коешто во 1961 година броело 194 жители, а во 1994 година 58 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Могилец имало 27 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 235 240 237 242 194 166 114 60 58 27 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Могилец е македонско село.

Родови во селото се: Урдовци (15 к.) и Мијовци (9 к.), потекнуваат од стариот народ кој живеел во Могилец, нивните предци после пропаста на старото село, се иселиле во Битолско каде го основале селото Могила, но потоа се некои од овие два рода се вратиле назад; Буштовци (27 к.), доселени се од Охрид или Охридско; Џемерковци (4 к.), доселени се од селото Крапа, од родот Прусниковци; Иличи (1 к.), доселени се однекаде.[14]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Могилец се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Калуѓерец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0264 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Тумба — средновековна населба;
Цркви[19]
Манастир

Личности

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 199. Посетено на 25 октомври 2017.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.257
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 октомври 2017.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 324–325.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-10-25. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. „Се разбудил од кома, па отишол да гради црква“. Дневник. 29 април 2013, 15:30. Архивирано од изворникот на 2013-05-03. Посетено на 2013-05-01. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  21. 21,0 21,1 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]