Прејди на содржината

Лахненски Планини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лахненски Планини
Λαχανά Βουνά
Лахненски Планини на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.687 м
Координати40°58′13″N 23°13′16″E / 40.9703°N 23.2210°E / 40.9703; 23.2210
Географија
МестоЛагадинско и Серско, Егејска Македонија

Лахненски Планини (грчки: Λαχανά Βουνά, Лахана Вуна) — ниска планина во Лагадинско и Серско, Егејска Македонија.[1]

Планините се група од возвишенија со изглед на венец во Лагадинско и по границите на Кукушко и Серско. Наречени се „Лахненски“ од обете страни на селото Лахна (630 м) во правец југозапад – североисток од Негован (550 м) до Орљак (50 м).[1] Така, планината е сместена меѓу Карадаг на северозапад, од која ја двојат реката Кочана и Богданска Планина на југоисток, која често се смета за дел од нив.

Скалите на планината се гнајсови и малку амфиболити.[1]

Патот Солун – Сер минува по билото на планината.[1]

Врвови
ИмеГрчкиВисинаМестоположба
ЛахнаΛαχανάς687 м[1]СИ од Лахна[2]
Κορφοβούνι599 м[1]Ј од Орљак[2]
Παλιόκαστρο658 м[1]И од Лахна[2]
Παπακυριαζής, Προφήτης Ηλίας679 м[1]Ј од Лахна[2]
Παναγήρ Λόφος610 м[1]
  1. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 412. ISBN 978-960-86676-6-2.
  2. 1 2 3 4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“