Прејди на содржината

Врсаково

Координати: 41°49′01″N 22°07′08″E / 41.81694° СГШ; 22.11889° ИГД / 41.81694; 22.11889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:01, 13 октомври 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Избирачко место: Јазична исправка, replaced: Изборно место → Избирачко место, изборно место → избирачко место, изборното место → избирач)
Врсаково
Врсаково во рамките на Македонија
Врсаково
Местоположба на Врсаково во Македонија
Врсаково на карта

Карта

Координати 41°49′01″N 22°07′08″E / 41.81694° СГШ; 22.11889° ИГД / 41.81694; 22.11889
Општина Штип
Население 77 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 30005
Надм. вис. 310 м
Врсаково на општинската карта

Атарот на Врсаково во рамките на општината
Врсаково на Ризницата

Врсаково — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

Селото е рамничарско, на надморска височина од 310 метри. Од градот Штип населбата е оддалечена 13 километри.[2]

Историја

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врсаково живееле 120 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врсаково имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 77 жители. Следува табела на националната структура на населението:[5]

Националност Вкупно
Македонци 66
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 11
Срби 0
Бошњаци 0
останати 0

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 120[3] 216[4] 341 355 395 334 240 138 141 77

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 341
1953 293 62 ... 355
1961 296 ... ... ... 99 395
1971 251 ... ... 83 334
1981 209 30 ... 1 240
1991 117 21 138
1994 127 14 141
2002 66 11 77

Родови

Според истражувањата од 1956 година, родови во селото

Македонски

  • Доселеници: Дедо-Трајчини (5 к.) доселени се од селото Немањици во Овче Поле. Изгледа таму биле староседелци; Куковци (2 к.) доселени се од селото Куково кај Пробиштип. Го знаат следното родословие: Милан (жив на 74 г. во 1956 година) Јане-Тасе, кој се доселил; Буклевци (2 к.) доселени се од селото Криви Дол. Таму изгледа биле староседелци; Митеви (2 к.), Коцеви (2 к.), Дедо-Тасени (2 к.), Гигови (2 к.) и Митреви (1 к.) доселени се однекаде; Трпчевци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Арбасанци; Давидкови (2 к.) доселени се од селото Мустафино. Подалечно потекло од Стануловци каде биле староседелци; Андонови (1 к.) доселени се од селото Богословец. Таму имаат роднини, подалечно потекло од Ерџелија; Василеви (1 к.) доселени се од селото Карбинци; Петрушеви (6 к.) доселени се во 1945 и 1946 година од Кратовско; Борисови (1 к.), Иванови (1 к.), Павлеви (1 к.), Николови (2 к.), Велкови (2 к.), Накови (1 к.) и Богатинови (2 к.) доселени се од селото Кнежево кај Кратово; Димитрови (1 к.) доселени се од селото Одрено кај Крива Паланка.

Влашки

  • Доселеници: Николови (5 к.) доселени се во 1926 година од селото Пишица кај Пробиштип; Ташкови (2 к.) доселени се во 1934 година од селото Макреш кај Куманово; Тодорови (2 к.) доселени се во 1946 година од споменатото село Пишица; Мишеви (2 к.) доселени се во 1954 година од селото Брусник кај Неготино; Атанасови (2 к.) доселени се во 1955 година од селото Кадрифаково.[8]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2285 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на зграда на поранешно основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.63
  3. 3,0 3,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 230.
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.136-137.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.[мртва врска]
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
  11. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски