Википедија:Макспорт

Од Википедија — слободната енциклопедија

Макспорт - проект на здружението на граѓани Споделено знаење. Проектот бил започнат во 2022 година со цел фотографирање и уредување на статии поврзани со спортовите во Македонија. Овој проект е дел од програмата „Партнерства“ на Споделено знаење.

Хронологија[уреди извор]

Март 2022[уреди извор]

Последниот ден од март беше активиран МакСпорт. Овој пат го опфативме КК Академија ФМП - член на Првата македонска кошаркарска лига. Во оваа прилика, самиот клуб имаше фото архива и со наша помош, спортски работник од клубот стана нов корисник и постави 51 слика. Поставените слики прикажуваат портрети на играчите и стручниот штаб, како и фотосесија на тренинг во акција.

Април 2022[уреди извор]

Службеното лого на КК Навико Академија ФМП.

На 5 април, истата личност која ги постави сликите на екипата на КК Академија ФМП, сега придонесе и успеа да го постави нивното клупско лого.

На 20 април, успеавме да го посетиме градот Куманово. По тој повод бевме на натпреварот помеѓу кошаркарските екипи на Куманово 2009 и Ангели. Во таа прилика поединечно ги фотографиравме играчите и стручниот штаб на КК Куманово 2009 групна слика од двете екипи, моменти од нивниот тренинг и од самиот натпревар. Истовремено, фотографирана е и домашната сала на КК Куманово 2009 која е во склоп на СОУ „Перо Наков“, самото училиште, Градскиот базен Куманово, Спортската сала Куманово и фудбалското игралиште до Спортската сала Куманово. Од потфатот во градот Куманово се направени и поставени 86 слики.

Maj 2022[уреди извор]

На дневен ред ни беше кошаркарскиот натпревар помеѓу Ангели и Кожув кој беше одигран на 7 мај. Пред почетокот на натпреварот, во координација со персоналот на клубот успеавме да ги фотографираме играчите на двете екипи, стручниот штаб, групната фотографија на Кожув и домашниот терен на Ангели. Од овој натпревар, беа поставени 143 слики.

Истиот ден успеавме да го покриеме и кошаркарскиот натпревар помеѓу Работнички против Навико Академија ФМП. Одржан во Спортската сала Кале, кошаркарите на Работнички, фотографирани беа групни фотографии од двете екипи, како и самата спортска градба, а на Ризницата беа поставени 128 слики.

На 12 мај повторно нашиот активист се упати кон СРЦ Кале, но сега во посета на домашната екипа КК ТФТ за да игра против битолскиот КК Пелистер. Пред почетокот на натпреварот од фазата од Супер лигата, играчите и тренерите на двете екипи беа фотографирани за време на загревањето и беше направена тимска фотографија од ТФТ, како и фотографии од почетните моменти од играта. Поставени беа 108 слики.

Следниот спортски натпревар беше помеѓу кошаркарските екипи на Феникс 2010 и Гостивар, исто така на 12 мај. За време на овој фотографски подвиг беше фотографиран секој поединечен член на КК Гостивар, како и загревање пред натпреварот и моменти во игра на играчите на двете екипи. Од овој натпревар беа поставени 65 слики.

Август 2022[уреди извор]

На 7 август добивме можност да имаме еден нов индиректен учесник кој помогна да се создаде една статија со еден наш активист на СЗ. За целите на истата статија, на 11 август, друг искусен Википедијанец создаде пет предлошки.

09.05.2022

Бр. Корисник Статија
1. Иван Ж
2. Carshalton

Март 2023[уреди извор]

Двајцата од вкупно четири учесници.

На 23 март, четири лица (од кои едно ново лице) го посетија Националниот стадион „Филип II Македонски“ и го следеа натпреварот Македонија-Малта за време на квалификациите за Европското првенство во фудбал 2024. Во таа прилика беа направени 13 енциклопедиски слики од натпреварот и со тоа самиот стадион.

На 31 март, беа покриени статии за македонските фудбалски репрезентативци. Тогаш беа создадени четири статии.

31.03.2023

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

Април 2023[уреди извор]

На 2 април, едно лице создаде две статии и подобри три статии.

02.04.2023

Бр. Корисник Статија
1. StefanNiki123

Мај 2023[уреди извор]

На 3 мај, едно лице создаде седум статии и една предлошка. На 8 мај беа подобрени две статии. На 9 мај, корисникот Иван Ж подобри една статија. На 10 мај биле создадени две статии, биле подобрени две статии, исто така, биле создадени две предлошки. Два дена подоцна, една статија беше создадена, додека една беше подобрена. На 14 мај беше создадена 1 статија, подобрена 1 статија и создадени две предлошки.

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
2. Иван Ж

Јули 2023[уреди извор]

На 21 јули беа подобрени три статии. На 27 јули беа создадени пет статии поврзани за македонски репрезентативци. На 31 јули беа создадени две статии.

Бр. Корисник Статија
1. Иван Ж
2. Dandarmkd

Август 2023[уреди извор]

На 1 август беше подобрена една статија. На 3 август беше подобрена една статија, а беа создадени шест статии. На 4 август беше создадена една статија. Една статија беше значително подобрена на 4 август и една предлошка беше создадена.

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
Учесниците од Споделено знаење.
Учесникот Мартин од Споделено знаење.

На 6 август беше посетен Градскиот стадион Штип и домакинот ФК Брегалница 2008. Тој ден беше отворачкото коло на Првата македонска фудбалска лига 2023/24 во натпреварот против Силекс. Сиот играчки и стручен штаб на Брегалница 2008 беше фотографиран, самиот стадион и натпреварот. 102 фотографиии од енциклопедиски карактер беа закачени на Ризницата.

Уредувањето со Мартин на 22 август.
Уредувањето со Мартин на 22 август.
Уредувањето со Мартин на 22 август.
Уредувањето со Мартин на 22 август.

На 8 август беа создадени три статии. На 9 август беа создадени седум статии. Следниот ден беше создадена 1 статија. На 11 август беа создадени 8 статии. На 14 август беше создадена една статија и една статија беше подобрена. На 15 август, 1 статија беше подобрена, додека 1 статија беше создадена. На 18 август беше подобрена 1 статија, а 1 предлошка беше создадена. На 22 август, Мартин создаде две статии. На 23 август, беше создадена уште една статија од Dandarmkd. На 28 август, Dandarmkd подобри една статија.

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
  1. Ѓорѓи Ѓорѓиев (фудбалер) (Н)
  2. Љупче Кудев (Н)
  3. Благој Хаџи-Кимов (Н)
  4. Ване Јованов (Н)
  5. Давид Калпачки (Н)
  6. Даријан Тасев (Н)
  7. Димитриј Димитриевски (Н)
  8. Дино Михолов (Н)
  9. Зек Кочанковски (Н)
  10. Зоран Андонов (Н))
  11. Кире Новаков (Н)
  12. Колин Андерсон (фудбалер роден во 1999 година) (Н)
  13. Лука Робакидзе (Н)
  14. Марио Аџиев (Н)
  15. Мартин Давков (Н)
  16. Михаил Димитриевски (Н)
  17. Фабрисио Венегас (Н)
  18. Петар Колев (фудбалер) (Н)
  19. Филип Стојчевски (Н)
  20. Горан Здравков (Н)
  21. ФК Брегалница 2008 (ФК Алумина) (П)
  22. Градски стадион Штип (П)
  23. Прва фудбалска лига на Македонија 2023/2024 (Н)
  24. ФК Работнички (П)
  25. Предлошка:Прва фудбалска лига на Македонија 2023/2024 (Н)
  26. Роналдо Вебстер (Н)
  27. Прва македонска фудбалска лига (П)
2. Професор 18+

Септември 2023[уреди извор]

На 4 септември беше посетена и фотографирана спортската сала Градски парк во Скопје. Беа направени и закачени три слики на Ризницата. Една статија беше подобрена истиот ден.

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

Октомври 2023[уреди извор]

Во октомври беше договорено да се преземе фотосесија на ракометниот клуб Алкалоид. На 12 октомври беа поставени 16 слики од шесте лица од стручниот штаб и пет играчи. Следниот ден беа закачени 32 слики, на кои беа прикажани 16 играчи. Целокупниот исход во 48 слики од 27 луѓе како субјекти. Истиот ден, една статија беше подобрена. На 30 октомври беше создадена по една статија и предлошка.

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

Ноември 2023[уреди извор]

На 1 ноември беше подобрена една статија и беа создадени две статии за македонски фудбалери. На 9 ноември беше создадена една статија и беа создадени две предлошки.

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd

На 12 ноември, беше посетен квалификацискиот натпревар за на Европското првенство во кошарка за жени 2025, помеѓу Македонија и Србија. Тогаш беа направени 17 фотографии од натпреварот и беа закачени на Ризницата.

Потоа следеше уредување на Википедија. На 13 ноември беше создадена 1 статија и 1 предлошка. Следниот ден беа создадени четири модули, еден модул беше подобрен, 1 предлошка беше создадена, 1 статија беше создадена, и 1 статија беше подобрена.

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd