Горан Силјановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горан Силјановски
Горан Силјановски како играч на Брегалница 2008
Лични информации
Датум на раѓање 1 јули 1990(1990-07-01)(33 г.)
Место на раѓање Тетово, СР Македонија, СФРЈ
Висина &100000000000001770000001,77 м
Положба Десен бек
Клупски информации
Тековен клуб
Брегалница 2008
Број 21
Младинска кариера
200?–2007 Југохром
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
2007–2009 Македонија Ѓорче Петров 7
2007–2009Маџари Солидарност
2010 Вардар 21 (1)
2011 Тетекс 13 (3)
2011–2013 Ренова 61 (5)
2013–2017 Работнички 82 (1)
2017–2019 Фљамуртари 51 (1)
2019–2021 Работнички 44 (1)
2021–2022 Динамо (Тирана) 33 (0)
2022– Брегалница 2008 25 (1)
Меѓународна кариера
2008–2012 Македонија под 21 година 18 (0)
2014– Македонија 4 (0)
*Клупски домашни лигашки настапи и голови, точно согласно 1 мај 2023
‡ Репрезентативни настапи и голови, точно согласно 30 март 2016

Горан Силјановски (роден на 1 јули 1990 година во Тетово) ― македонски професионален фудбалер кој игра на позицијата десен бек за Брегалница 2008 и за македонската репрезентација.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Како младински фудбалер, до 2007 година, тој играл за Југохром од Јегуновце.[2]

Од 2007 до 2009 година, Силјановски бил играч на прволигашот Македонија Ѓорче Петров. Поточно, во сезоните 2007/08 и 2008/09, тој бил позајмен во второлигашот Маџари Солидарност.[3] Во втората спомената сезона, тој и Маџари Солидарност завршиле на 15. место и отпаднале во Третата лига. Сезоната 2009/10, Силјановски ја започнал во Македонија Ѓорче Петров, но на полусезоната се преселил во Вардар.[3][4] Во првата полусезона на 2010/11, Силјановски настапувал за Вардар, но во втората полусезона се преселил во прволигашот Тетекс.[5]

Силјановски и Ренова го освоиле Купот на Македонија 2011/12.[6]

Од 2013 до 2017 година, Силјановски настапувал за Работнички.[7]

На 14 јуни 2017 година, Силјановски за прв пат се преселил во странство за да потпише со албанскиот суперлигаш Фљамуртари од Валона.[8] Договорот му траел една година.[9] Во јануари 2019 година, Силјановски ја прекинал соработката со Фљамуртари и повторно се преселил и потпишал со Работнички. Договорот му траел до јуни 2020 година.[7][10][11] Тогаш тој бил капитен на екипата. Во јуни 2020 година, Горан Силјановски ја продолжил соработката со Работнички и потпишал договор во времетраење од една и пол година.[12] Во мај 2021 година, Работнички и Силјановски спогодбено и предвреме го раскинале договорот, со што Горан Силјановски станал слободен играч.[13] Во јули 2021 година, Силјановски потпишал за тирански Динамо.[14] По завршувањето на сезоната 2021/22, Силјановски престанал да е фудбалер на Динамо.[15] Во јуни 2022 година, за сезоната 2022/23, Силјановски се преселил во штипскиот прволигаш Брегалница 2008.[16] За сезоната 2023/24, Силјановски ја продолжил соработката со Брегалница 2008.[17]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Силјановски го направил своето деби за сениорите на 18 јуни 2014 година на пријателски натпревар против НР Кина, играјќи го првото полувреме додека натпреварот завршил со пораз од 2–0.[18]

Почести[уреди | уреди извор]

Работнички[1]
Ренова[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Горан Силјановски на soccerway
  2. ТетексФан (20 јануари 2011). „Коментар бр. 7,799“. forum.kajgana.com. Архивирано од изворникот 2011-07-07. Посетено на 23 август 2023.
  3. 3,0 3,1 Iron Lion Zion (20 јануари 2011). „Коментар бр. 7,795“. forum.kajgana.com. Архивирано од изворникот 2011-07-07. Посетено на 23 август 2023.
  4. Д. Гогов (29 август 2020). „Некогашните играчи на Вардар, најголема закана по голот на Илиќ“. vardarfans.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-23. Посетено на 23 август 2023.
  5. ТетексФан (20 јануари 2011). „Коментар бр. 7,793“. forum.kajgana.com. Архивирано од изворникот 2011-07-07. Посетено на 23 август 2023.
  6. Емил Гашевски (2 мај 2012). „Renova win maiden Macedonian Cup“. УЕФА. Архивирано од изворникот 2023-08-23. Посетено на 23 август 2023.
  7. 7,0 7,1 „Горан Силјановски во Работнички до јуни 2020 година“. ФК Работнички. 2019. Архивирано од изворникот 2023-08-23. Посетено на 23 август 2023.
  8. „Flamurtari zyrtarizon goditjen e dytë në merkato, vjen një mbrojtës nga Tetova“ [Flamurtari officialized the second purchase in mercato, a defender from Tetovo arrives] (албански). Panorama Sport. 14 јуни 2017. Посетено на 22 август 2023.
  9. „Силјановски промовиран во Фљамуртари: Ќе работи со поранешен тренер на Шкендија“. tv21.tv. 14 јуни 2017. Архивирано од изворникот 2023-08-23. Посетено на 23 август 2023.
  10. „Силјановски по година ипол раскина со Фљамуртари и се враќа во Дебар Маало“. sport1.mk. 26 јануари 2019. Архивирано од изворникот 2023-08-23. Посетено на 23 август 2023.
  11. „Работнички го претстави Силјановски: Повторно „романтичар" до јуни 2020 година“. ekipa.mk. 27 јануари 2019. Архивирано од изворникот 2019-01-27. Посетено на 23 август 2023.
  12. „Капитенот Горан Силјановски останува во Работнички и во наредните 18 месеци“. ekipa.mk. 29 јуни 2020. Архивирано од изворникот 2020-07-14. Посетено на 23 август 2023.
  13. Сашо Поповски (29 мај 2021). „Работнички му излезе во пресрет и го раскина договорот со Силјановски“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-23. Посетено на 23 август 2023.
  14. Мартин Танасковски (6 јули 2021). „Горан Силјановски нов член на албански Динамо Тирана“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2021-10-18. Посетено на 23 август 2023.
  15. Мартин Танасковски (15 јуни 2022). „Горан Силјановски стави крај во Динамо Тирана“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-23. Посетено на 23 август 2023.
  16. „Брегалница се засили и со поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски“. ekipa.mk. 28 јуни 2022. Архивирано од изворникот 2022-07-07. Посетено на 23 август 2023.
  17. Зоран Мишевски (6 јуни 2023). „Горан Силјановски доби нов договор со штипска Брегалница“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-23. Посетено на 23 август 2023.
  18. „Football MATCH: 18.06.2014 China v Macedonia“. EU-Football.info. 18 јуни 2014. Посетено на 22 август 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]