Градски стадион Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градски стадион Штип
GradskiStadionStip.png
Место Штип, Македонија
Отворен
Реновиран 2016
Сопственик Општина Штип
Подлога Трева
Игра Брегалница 2008
Гледачи 4.000

Градскиот стадион Штип - фудбалски стадион со капацитет од 4.000 гледачи. На стадионот освен централното игралиште има и атлетска патека. Со него стопанисува Општина Штип, а главен корисник е Брегалница 2008. Во минатото, до 2008 година, корисник на теренот била првичната Брегалница.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 2017 година, за време на полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија 2016/2017 помеѓу екипите на Брегалница 2008 и Пелистер, за првпат бил одигран вечерен натпревар под рефлектори. Осветлувањето на теренот било спроведено од страна на Општина Штип, а со поддршка на ФФМ.[1]

Во октомври 2019 година, започнало подновувањето на играчкиот терен на стадионот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Историски прв натпревар на ФК „Брегалница“ под рефлектори на градскиoт стадион“, Штипски Мозаик, март-април 2017, стр. 18.
  2. "Поради реновирање на теренот во Штип: Брегалница – Победа ќе се игра во Пехчево…". sportmedia.mk преку web.archive.org. 3 октомври 2019. Посетено на 27 февруари 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]