Ѓоре Јовановски
Ѓоре Јовановски (22 март 1956, Скопје) - македонски фудбалски тренер и поранешен југословенски фудбалер.
Животопис
[уреди | уреди извор]Спортска кариера
[уреди | уреди извор]Ѓоре Јовановски бил првотимец на ФК Вардар од Скопје, каде што играл на позицијата десен бек. По завршувањето на играчката кариера, Јовановски продолжил да работи како тренер на повеќе македонски клубови: ФК Вардар, ФК Слога Југомагнат и ФК Работнички, со кои бил освојувач на шампионски титули во Првата македонска лига. Во јули 2014 година, тој почнал да го тренира штипскиот прволигаш ФК Брегалница.[1] Сепак, тој останал кратко на таа функција, зашто во првиот дел сезоната 2014-2015, по слабите игри на ФК „Брегалница“, која по 14 одиграни кола освоила само девет бодови, Јовановски си заминал од клубот.[2]
Покрај работата со македонските фудбалски клубови, Јовановски бил селектор и на фудбалската репрезентација на Македонија.