КК Ангели
КК Ангели | |||
---|---|---|---|
Лига | Втора Лига Мажи | ||
Основан | 2006 | ||
Распаднат | / | ||
Локација | Скопје | ||
Бои на клубот | сина и бела | ||
Претседател | Благоја Кечовски | ||
Тренер | Горан Ѓорѓиевски | ||
Позиција 2018/19 | Полуфинале; 1. Втора лига - Запад | ||
Дресови | |||
|
Кошаркарскиот Клуб Ангели - клуб од Скопје, Македонија. Клубот се натпреварува во Втората македонска кошаркарска лига. Своите домашни натпревари ги игра во Спортската сала Независна Македонија. Клубот бил формиран во 2006 година.
Историја[уреди | уреди извор]
За сезоната 2015/16, клубот Вардар Апаве кој бил учесник во Втората лига, му го отстапил своето место на Ангели.[1] Во сезоната 2018/19, Ангели се натреварувал во Втората лига - Запад, во која завршил на првото место и обезбедил пласман во разигрувањето. Ангели стигнал до полуфиналето и таму бил елиминиран. Но, по покана на Кошаркарската Федерација на Македонија, клубот Ангели во август бил поканет како пополнувањето во Првата лига 2019/20. Ангели веднаш ја прифатил поканата во Првата лига.[2][3] Но во понатамошните предсезонски промени, од страна на македонската федерација, било одлучено Ангели да не добие прволигашка виза.[4]
Кошаркарска школа[уреди | уреди извор]
Школата брои преку 250 члена и активно се натпреварува во системот на натпревари организирани од Кошаркарската Федерација на Македонија и тоа во следните наведени лиги:
- јуниори,
- кадети,
- пионери и
- пионерки
Младински титули[уреди | уреди извор]
-2008 Пионерки
-2008 Пионерки
-2009
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Втора македонска кошаркарска лига
- Македонска кошаркарска федерација
- Спорт во Скопје
- Кошарка во Македонија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Билтен бр.1 Сезона 2015/2016 - Сениорски лиги basketball.org.mk 7 септември 2015
- ↑ „КК Ангели прифати – ќе игра во Првата лига“. ekipa.mk преку web.archive.org. 23 август 2019. Посетено на 23 август 2019.
- ↑ „Ангели ја прифати поканата за Прва лига: Се чека „зелено светло" за салата“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 23 август 2019. Посетено на 23 август 2019.
- ↑ „Првата лига со 11 тима, нема бараж дуел Шкупи – Ангели“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 10 септември 2019. Посетено на 11 септември 2019.