Ефтим Аксентиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ефтим Аксентиев
Лични информации
Датум на раѓање 17 август 1985(1985-08-17)(38 г.)
Место на раѓање Кочани, СР Македонија,
СФРЈ
Висина &100000000000001710000001,71 м
Положба Среден ред (фудбал)/Напаѓач
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
2004–2007 Силекс 65 (12)
2008–2010 Работнички 18 (1)
2010–2011 Скендербег 4 (1)
2011Поградец (позајмица)
2011 Брегалница 2008 11 (0)
2012 ?
2012–2013 Гостивар
2013–2014 Брегалница 2008 34 (3)
2014–2015 Еуромилк Горно Лисиче
2015–? Академија Пандев
2017 Осогово 46 (18)
2017–2018 Каменица Саса 14 (2)
2018– Осогово
Тренерска кариера
Осогово (помошник тренер)
-2023 Осогово
*Клупски домашни лигашки настапи и голови

Ефтим Аксентиев (роден 17 август 1985 година) ― македонски тренер и поранешен фудбалер кој играл како играч од средниот ред и напаѓач.

Кариера[уреди | уреди извор]

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Во летото 2011 година, Аксентиев станал играч на прволигашот Брегалница 2008.[1]

Во летото 2013 година, Аксетиев го напуштил Гостивар и повторно се преселил во прволигашот Брегалница 2008 што бил неговиот втор престој во штипскиот клуб.[2] Таа сезона, Брегалница 2008 и Аксентиев стигнале до полуфиналето во Купот на Македонија.[3] Следната сезона Аксентиев се преселил во второлигашот Еуромилк Горно Лисиче.[4] Сезоната 2015/16 ја започнал во второлигашот Еуромилк Горно Лисиче, но во декември се преселил во третолигашот Академија Пандев.[5] Таа сезона, Аксентиев станал првак во Третата Лига - Исток.

Во јануари 2017 година, за време на зимската пауза на сезоната 2016/17, Аксентиев станал играч на Осогово.[6] Таа сезона, Осогово и Аксентиев завршиле на третото место во првенството и обезбедиле пласман во Втората лига - Исток. Но следната сезона, Аксентиев се преселил во Каменица Саса, екипа која исто така била туку што унапредена.[7] За сезоната 2018/19, поточно во ноември 2018 година, Ефтим Аксентиев се вратил во третолигашот Осогово.[8] Таа сезона, Аксентиев и Кочани ја освоиле Третата лига - Исток и обезбедиле пласман во Втората лига - Исток.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

За сезоната 2020/21, Аксентиев бил помошник тренер на Осогово.[9]

Сезоната 2022/23, Аксентиев бил главен тренер на Осогово.[10]

Во јули 2023 година, Аксентиев дал неотповиклива оставка во Осогово.[11][12]

Почести[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Оливер Арсовски (25 јули 2011). „МК летни фудбалски трансфери!!! / Баснарков замена за Колев“. aberdzija.com. Архивирано од изворникот 2023-10-30. Посетено на 30 октомври 2023.
  2. Оливер Арсовски (1 август 2013). „Брегалница со седум засилувања, но и десет заминувања“. aberdzija.com. Архивирано од изворникот 2013-08-04. Посетено на 30 октомври 2023.
  3. Филип Здравески (16 април 2014). „Cup: Rabotnichki and Metalurg advance to final“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2023-10-30. Посетено на 30 октомври 2023.
  4. Оливер Арсовски (24 септември 2014). „КУП: Силекс - Еуромилк 1-1 (Хајлајтс)“. aberdzija.com. Архивирано од изворникот 2014-10-08. Посетено на 30 октомври 2023.
  5. Даниел Ѓорѓиев (14 декември 2015). „Академија Пандев Потпиша со Кемал Аломеровиќ“. strumi.ca. Архивирано од изворникот 2015-12-18. Посетено на 30 октомври 2023.
  6. „Осогово има пет нови засилувања!“. supersport.mk. 22 јануари 2017. Архивирано од изворникот 2023-10-30. Посетено на 30 октомври 2023.
  7. Горан Бразда (15 јули 2017). „ФК "Каменица САСА" со засилен состав ги започна подготовките пред почетокот на ВМФЛ“. kamenica.mk. Архивирано од изворникот 2017-08-02. Посетено на 30 октомври 2023.
  8. Зоран Мишевски (2 ноември 2018). „Ефтим Аксентиев по една сезона пак ќе го разигрува Осогово“. gol.mk. Посетено на 30 октомври 2023.
  9. „Се будат и второлигашите на истокот: Осогово ги започна подготовките за новата сезона“. sportclub.mk. 5 јули 2020. Архивирано од изворникот 2020-09-09. Посетено на 30 октомври 2023.
  10. Славчо Ивановски (15 февруари 2023). „ВО НАТПРЕВАР НА КОМБИНИРАНИОТ ТИМ НА „ОСОГОВО" И МЛАДИНЦИТЕ НА „БРЕГАЛНИЦА" ШТИПЈАНИ ЗА КЛАСА ПОДОБРИ“. komarec.com.mk. Архивирано од изворникот 2023-10-30. Посетено на 30 октомври 2023.
  11. „Тренерот на ГФК „Осогово", Ефтим Аксентиев поднесе неотповиклива оставка“. glasno.mk. 12 јули 2023. Архивирано од изворникот 2023-10-30. Посетено на 30 октомври 2023.
  12. „Тренерот Аксентиев си замина, во Осогово нема ни топки за тренинг, реакција на управата!“. mnet.mk. 12 јули 2023. Архивирано од изворникот 2023-10-30. Посетено на 30 октомври 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]