Милан Стојаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милан Стојаноски
Лични податоци
Роден на 15 септември 1973(1973-09-15)(50 г.)
Роден во Стари Лец, СР Србија, СФРЈ
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција Средишен одбренбен / Напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993–1997 Пролетер Зрењанин 120 (41)
1997–2000 Партизан 50 (6)
2000–2001 Беитар Ерусалим 29 (0)
2001–2004 Партизан 48 (3)
2004–2005 АПОЕЛ 6 (0)
2005–2007 Пегах
2007–2008 Шахдари
2008–2009 Банат Зрењанин 18 (0)
2009 БАСК 4 (0)
2010 Локомотива Белград
2011 Ковачевац 12 (3)
Вкупно 287 (53)
Репрезентација
1996–2004 Македонија 26 (1)
Тренер на екипи
2011 Ковачевац
2012 Раднички Пирот
2013 Локомотива Белград
2015 Долина Падина
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Милан Стојаноски (роден на 15 септември 1973 година) ― српско-македонски фудбалски тренер и поранешен играч. Тој е роден во српското село Стари Лец и е од македонска народност.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Стари Лец, банатско село, Стојаноски својата професионална кариера како напаѓач ја започнал во Пролетер Зрењанин. Тој играл четири сезони за клубот (1993-1997), забележал 120 настапи во првата лига и постигна 41 гол. Во летото 1997 година Стојаноски бил префрлен во Партизан. Тој останал таму во следните три сезони, освојувајќи едно национално првенство (1999) и една титула на националниот куп (1998).

Во мај 2000 година, Стојаноски се преселил во израелскиот клуб Беитар Ерусалим, потпишувајќи тригодишен договор. Во Партизан се вратил по само една година, минувајќи ги следните три сезони во „Црнобелите“. Во својот втор мандат во клубот, Стојаноски бил член на екипата кој во 2002 и 2003 година ги освојувал првенствените титули. Тој, исто така, забележал пет настапи во Лигата на шампионите 2003/04, главно играјќи како средишен одбранбен играч.

Во јуни 2004 година, Стојаноски потпишал со кипарскиот клуб АПОЕЛ, на двегодишен договор.[1] Тој го освоил кипарскиот Суперкуп во својата прва сезона, пред на крајот да го напушти клубот. Потоа, Стојаноски се преселил во Иран, минувајќи ги следните три сезони со Пегах (2005–2007) и Шахрдари Бандар Абас (2007–2008).

Во летото 2008 година, Стојаноски се вратил во родната Србија и се приклучил на суперлигашкиот клуб Банат Зрењанин. Тој не успеал да им помогне да избегнат испаѓање, бидејќи клубот завршил на дното на табелата. Пред да се повлече од својата играчка кариера, Стојаноски настапувал и за нисколигашките клубови БАСК, Локомотива Белград и Ковачевац.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Помеѓу 1996 и 2004 година, Стојаноски ја претставувал Македонија односно играл за македонската репрезентација на меѓународно ниво, стекнал 26 настапи и еднаш постигнал гол.[2][3]

Неговиот последен репрезентативен натпревар бил квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2006 во октомври 2004 година против Андора.[4]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Во летото 2011 година, Стојаноски ја започнал својата тренерска кариера преземајќи го својот поранешен клуб Ковачевац. Бил назначен за тренер на Раднички Пирот во март 2012 година.[5] Но, Стојаноски со заедничка согласност го напуштил клубот во октомври 2012 година, на негово место дошол Миле Томиќ.[6] Бил и тренер на Локомотива Белград (2013) и Долина Падина (2015).

Статистика[уреди | уреди извор]

Репрезентација Година Наст. Гол.
Македонија 1996 1 0
1997 1 0
1998 6 1
1999 4 0
2000 4 0
2001 0 0
2002 2 0
2003 3 0
2004 5 0
Вкупно 26 1

Освоени титули[уреди | уреди извор]

Партизан
  • Прва лига на СР Југославија: 1998/99, 2001/02, 2002/03
  • Куп на СР Југославија: 1997/98
АПОЕЛ
  • Суперкуп на Кипар: 2004

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „APOEL clinch double signing“. uefa.com. 12 јуни 2004. Посетено на 12 мај 2023.
  2. „Milan Stojanoski za MOZZART Sport: Samo moja porodica i lekari znaju pod kakvim bolovima sam igrao!“ (српски). mozzartsport.com. 12 октомври 2014. Посетено на 12 мај 2023.
  3. Appearances for Macedonia National Team – RSSSF
  4. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 12 мај 2023.
  5. „Stojanoski novi trener Radničkog iz Pirota“ (српски). juznevesti.com. 30 март 2012. Посетено на 12 мај 2023.
  6. „Tomić novi trener pirotskog Radničkog“ (српски). juznevesti.com. 10 октомври 2012. Посетено на 12 мај 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]