Стефан Ашковски
| Стефан Ашковски | |||
|---|---|---|---|
| Лични податоци | |||
| Роден на | 24 февруари 1992 | ||
| Роден во | Скопје, Македонија | ||
| Висина | 1,79 м | ||
| Позиција | Крило / Лев бек | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | ПАС Ламија 1964 | ||
| Број | 29 | ||
| Младинска кариера | |||
| Металург | |||
| –2010 | Вардар | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
| 2010–2012 | Телеоптик | 57 | (5) |
| 2012–2015 | Партизан | 1 | (0) |
| 2013 | → Доњи Срем (позајмица) | 14 | (2) |
| 2014 | → Напредак (позајмица) | 11 | (0) |
| 2014 | → Стремсгодсет (позајмица) | 0 | (0) |
| 2015 | → Шкендија (позајмица) | 5 | (0) |
| 2015 | → Нови Пазар (позајмица) | 14 | (3) |
| 2016 | ФК Кајсери Ерџијеспор | 12 | (1) |
| 2016–2018 | Фортуна Ситарт | 49 | (12) |
| 2017 | → Горник Лечна (позајмица) | 1 | (0) |
| 2018–2019 | Левски | 16 | (0) |
| 2019–2021 | Ботошани | 55 | (6) |
| 2021–2022 | Шепши ОШК | 37 | (2) |
| 2022– | ПАС Ламија 1964 | 15 | (0) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2008 | Македонија под 17 години | 3 | (0) |
| 2009–2011 | Македонија под 19 години | 17 | (2) |
| 2012–2014 | Македонија под 21 година | 13 | (0) |
| 2015– | Македонија | 20 | (0) |
|
* Ажурирано на: 12 март 2023 ** Ажурирано на: 2 април 2023 | |||
Стефан Ашковски (роден на 24 февруари 1992 година) ― македонски професионален фудбалер кој игра како крилен напаѓач за клубот Ламија од Суперлигата Грција.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Стефан Ашковски е роден во Скопје, Македонија. Играл за младинските екипи на Металург и Вардар. Во 2010 преминал во екипата на Телеоптик во Србија. За тој тим во периодот од 2010 до 2012 година настапил на 57 натпревари, постигнувајќи 5 голови. Во 2012 година преминал во екипата на Партизан од Белград. Но за тој тим настапил само на 1 натпревар, при што за време на престојот во екипата бил праќан на позајмици во различни екипи. Во 2016 година настапувајќи за екипата на Кајсери од Турција, настапил на 12 натпревари и постигнал 1 гол. Од 2016 до 2018 година играл во Холандија за екипата на Фортуна Ситарт, настапил на 49 натпревари и постигнал 12 голови. Во сезоната 2018/2019 година настапувал во екипата на Славија Софија во Бугарија, и забележал 16 настапи. Од 2019 до 2021 година играл во Романија во екипата на Ботошани, забележувајќи 56 настапи со 6 постигнати погодоци. Во сезоната 2021/2022 настапувал за екипата на Шепши ОШК во Романија, при тоа забележал 37 настапи со 2 постигнати погодоци. Во 2022 преминал во екипата на Ламиа во Грција и досега настапил на 15 средби.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Своето деби за македонската фудбалска репрезентација го има во 2015 година. Досега за македонската репрезентација има настапено на 18 натпревари.
Honours
[уреди | уреди извор]Партизан
- Суперлига на Србија: 2012/13
Сепси ОСК
- Куп на Романија: 2021/22
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Стефан Ашковски на National-Football-Teams.com
- Стефан Ашковски на RomanianSoccer.ro (на романски)
- Стефан Ашковски на Soccerway
- Articles using NFT player with deprecated syntax
- Фудбалери на ПФК Славија (Софија)
- Фудбалери на ФК Шкендија
- Фудбалери на ФК Партизан
- Фудбалски бекови
- Родени во 1992 година
- Фудбалери од Скопје
- Македонски младински фудбалски репрезентативци
- Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година
- Македонски фудбалери