Халид Лвалива

Од Википедија — слободната енциклопедија
Халид Лвалива
Халид Лвалива како играч на Брегалница 2008
Лични податоци
Роден на 22 август 1996(1996-08-22)(27 г.)
Роден во Иганга, Уганда
Висина 1.75 м[1]
Позиција Средишен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Брегалница 2008
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014–2022 Вајперс 34+ (1+)
2022– Брегалница 2008 20 (0)
Репрезентација
2019– Уганда 24 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 1 август 2023
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 21:37, 17 април 2023 (UTC)

Халид Лвалива (изворно: Halid Lwaliwa; роден на 22 август 1996 година) ― фудбалер од Уганда кој игра како средишен бек за ФК Брегалница 2008 и фудбалската репрезентација на Уганда.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Иганга,[1] Лвалива учел во интернатското средно училиште „Сент Мери“ во Китенде пред да ја започне својата фудбалска кариера во Вајперс каде што бил унапреден во сениорскиот состав во 2014 година.[2][3] Тој потпишал продолжување на договорот во август 2018 година.[3] Во септември 2022 година, Халид се приклучил во штипска Брегалница 2008.[4][5]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тој го добил своето меѓународно деби на 21 септември 2019 година во победата со 3-0 над Бурунди во квалификациите за Првенството на африканските нации 2020.[1] Во март 2023 година, Халид повторно бил повикан во репрезентацијата.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2
  2. Muyita, Joel (8 ноември 2019). „Vipers current team creating a Déjà vu of 2014-15 season“. Kawowo Sports. Посетено на 22 август 2023.
  3. 3,0 3,1 „Halid Lwaliwa finally confirms Vipers stay with 3 new year deal“. Kawowo Sports. 27 август 2018. Посетено на 22 август 2023.
  4. „Засилување и со репрезентативецот на Уганда, Халид Лвалива на дефанзивните позиции“. ФК Брегалница 2008. 9 септември 2022. Архивирано од изворникот 2022-09-09. Посетено на 22 август 2023.
  5. „Брегалница се засили со репрезентативецот на Уганда, Халид Лвалива“. ekipa.mk. 9 септември 2022. Архивирано од изворникот 2022-09-09. Посетено на 23 август 2023.
  6. Мартин Танасковски (20 март 2023). „Фудбалер на Брегалница со добрите игри се врати во националниот тим!“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-06-01. Посетено на 23 август 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]