Прејди на содржината

Христијан Кировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христијан Кировски
Кировски како тренер на Вардар под 17 во мај 2026 година
Лични податоци
Полно име Христијан Кировски
Роден на 12 октомври 1985(1985-10-12)(40 г.)
Роден во Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Висина  м
Позиција помошник тренер
Клупски податоци
Сегашен клуб Тиквеш
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2002 ФК Вардар 14 (8)
2002–2006 ОФК Белград 33 (9)
2005ФК Металург Запорожје (п) 6 (1)
2006ФК Македонија (п) 9 (4)
2006 ФК Етникос Ахнас 11 (9)
2007 ФК Вардар 18 (8)
2007–2008 ФК Работнички 22 (11)
2009–2010 ФК Васлуј 10 (2)
2010–2011 ФК Скопје 29 (20)
2011–2012 ФК Аполон Лимасол 22 (7)
2012 ФК Ирони Нир Рамат Шарон 5 (3)
2013 ФК Ираклис 25 (12)
2013 ЦСКА Софија 10 (2)
2014 ФК Белчатов 10 (2)
2014–2015 ФК Шкендија 51 (19)
2016-2017 ФК Прачуап 25 (17)
2017–2018 ФК Чаингмаи 23 (11)
2018 Работнички 17 (5)
2018- 2019 ФК Македонија 33 (12)
2019-2020 ФК Струга 22 (5)
2020 ФК Гостивар 14 (7)
2020–2022 ФК Скопје 37 (14)
2023 ФК Тетекс 11 (8)
2023–2024 ФК Скопје 33 (7)
Репрезентација
Македонија Македонија U-17 2 (1)
Македонија Македонија U-19 7 (4)
Македонија Македонија U-21 7 (1)
2010 Македонија Македонија 2 (0)
Тренер на екипи
2024–2025 Скопје 19
2025 Тиквеш (помошник)
2025 - Вардар 17
* Ажурирано на: 06 Ноември 2025
** Ажурирано на: 06 Ноември 2025

Христијан Кировски (македонски: Христијан Кировски; роден на 12 октомври 1985 година) — македонски поранешен професионален фудбалер кој настапувал на позицијата напаѓач, моментално прв тренер во младинскиот тим на Вардар[1] за играчи до 17 години во македонска пионерска супер лига.[2]

Тој почнал како младинец во Вардар Скопје, кој на 16 годишна возраст, дебитирал за првата екипа под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски. Една година подоцна се преселил во ОФК Белград, каде што останал три и пол сезони. Последната година од договорот со ОФК Белград 2005 година бил позајмен на Металург од Запорожје.[3]. По кратко време во Украина, тој се враќа во Македонија каде што ја продолжил својата кариера во ФК Македонија Ѓорче Петров, каде на 11 натпревари постигнал 4 гола, но добива повреда која го оддалечила од теренот 3 месеци. Во сезоната 2005/2006, тој се преселил во Кипар, во екипата на Етникос Ахна каде на 11 натпревари постигнал 9 голови во 2006 година. Во јануари 2007 година, се вратил во неговиот матичен клуб Вардар, каде што одиграл успешна полусезона и постигнал 8 гола на 18 настапи. Во јуни 2007 година, се преселил во градскиот соперник Работнички при што на 22 натпревари постигнал 12 пати, и го освоил домашното првенство и националниот куп. По добрата сезона во македонското првенство, Кировски потпишал за романската екипа Васуи каде во 10 натпревари постигнал само два гола. Сезоната 2010/ 2011 година, повторно се вратил во македонскиот фудбал, каде што играл за ФК Скопје, и каде што ја одиграл до тогаш најдобра сезона во кариерата и постигнал 20 гола во 29 натпревари.

Добри настапи во македонскиот фудбал му донел повторно префрлање назад во Кипар, во тимот Аполон Лимасол каде што имал одлична сезона со 22 натпревари и постигнати 12 гола. Во сезоната 2012 година, прешол во израелскиот Хапоел Нир Рамат Хасхарон, каде одиграл половина сезона и постигнал 3 голови на 5 настапи. Во јануари, се преселил во грчкиот Ираклис 1908 од Солун, каде што одиграл одлична сезона со 15 гола во 25 натпревари.[4] Во летниот преоден рок, тој направил преселба во бугарскиот првак ЦСКА Софија каде што постигнал 4 гола на 9 натпревари. Во периодот на зимскиот преоден рок, тој ја напуштил ЦСКА и потпишал за полскиот ГКС Белшатов.[5][6] Во јули 2014 година, после кратката авантура во Полска, преминал во Тетово во тимот на Шкендија, каде што за година и половина, тој забележал 34 натпревари и 14 гола. Во јануари 2016 година, се пресели во тајландскиот Прачуап каде што за една сезона постигнал 16 гола во 20 настапи и завршил како трет стрелец во лигата.[7] Во зимскиот преоден рок во 2017 година, тој останал во Тајланд и прешол во екипата на Чаингмаи.[8] После две години поминати на Тајланд, во јануари 2018 година, тој се вратил во Македонија во тимот на Работнички.[9]

Репрезентација

[уреди | уреди извор]

До 2010 година, тој настапил за сите младински селекции до 21 година, а во 2010 година, тој забележал два настапи за сениорската репрезентација.

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетокот на кариерата

[уреди | уреди извор]
Младинскиот тим на ФК Скопје како првак во сезоната 2024/25.
Христијан со екипата на Вардар до 17 години, победник на националниот куп за сезоната 2025-2026

Кировски ја започнал тренерска кариера во 2024 година, служејќи како шеф на младинскиот тим на Скопје во втората младинска лига за играчи до 19 години со која направил голем успех освојувајќи го првото место во сезоната 2024/2025 година. Од јули 2025 година е назначен како помошник тренер во фудбалскиот клуб Тиквеш 1930 Кавадарци во Првата македонска фудбалска лига.[10].

Во Октомври 2025 година е назначен за прв тренер на младинскиот тим на Вардар до 17 години.

  • Младински првак со ФК Скопје во сезоната 2024-2025.
  • Куп на Македонија со ФК Вардар за играчи до 17 години.[11]
  1. „„Вардаровото дете" се врати во црвено-црното семејство“. Gol.mk. 2025-11-06. Посетено на 2025-11-06.
  2. https://www.ffm.mk/natprevaruvanje/pionerska-super-liga-25-26/
  3. Yaschyshyn, Rostislav (2008-08-17). Хрістіян Кіровскі : "Не розумію, що "Карпати' роблять на 12-му місці" (украински). ua-football.com. Архивирано од изворникот на 2013-12-20. Посетено на 2017-07-23.
  4. Πήρε Κιρόφσκι ο Ηρακλής (грчки). gazzetta. 9 January 2013. Посетено на 20 January 2013. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  5. „Още двама подписаха с ЦСКА, Долапчиев и Витанов с договори“ (бугарски). topsport.bg. 19 July 2013. Посетено на 13 August 2013.
  6. „ЦСКА търси нов отбор на Кировски“ (бугарски). sportal.bg. 28 November 2013. Посетено на 30 April 2016.
  7. „Кировски замина од Шкендија, следна дестинација второлигаш на Тајланд“. Sportmedia. 2016-01-19. Посетено на 2018-02-03.
  8. „Кировски со потпис за Чиангмаи - vesti.mk“. vesti.mk (англиски). Посетено на 2018-02-03.[мртва врска]
  9. „Работнички се засили со Христијан Кировски | Екипа“. Екипа. Посетено на 2018-02-02.
  10. https://www.gol.mk/fudbal/kirovski-nov-pomoshnik-na-mojsov-tikvesh-zakazha-chetiri-silni-kontrolki-vo-turcija
  11. „Пионерите на Вардар го освоија Купот на Македонија“. ФФМ. 2026-06-03. Посетено на 2026-06-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]