Прејди на содржината

ФК Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
ФК Скопје
Целосно имеФудбалски клуб Скопје
Основан 1960; пред 65 години (1960)
Стадион Стадион Железарница
Капацитет 3,000
Претседател Томе Треневски
Тренер Славчо Георгиевски
Лига II Македонска фудбалска лига
2023/24 9. од 16 места
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Скопјемакедонски фудбалски тим од Автокоманда кој моментално игра во Втората македонска фудбалска лига. Клубот игра на стадионот „Железарница“.

Историја

[уреди | уреди извор]

ФК Скопје бил оформен во 1960 година, со соединување на двата скопски клуба, попознатиот ФК Металец и ФК Индустријалец. Со тоа настанува ФК МИК (Металска Индустрија Кале), кој подоцна се преименувал во ФК Скопје. Како ФК МИК две сезони настапувал во Втората југословенска лига - Исток (во која играле клубови од Македонија, Србија и Црна Гора), а во првата сезона го освоил 6-тото место. ФК Скопје бил член и на Првата македонска фудбалска лига, во која играл четири сезони, сезоните 1997/98, 1998/99 и 2010/11, 2022/23

Навивачи

[уреди | уреди извор]

Навивачката група на ФК Скопје, се популарните Пирати, кои главно доаѓаат од скопската населба Автокоманда.