Влатко Грозданоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Влатко Грозданоски
Лични податоци
Полно име Влатко Грозданоски
Роден на 30 јануари 1983
Роден во Скопје, Југославија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Дамаш Лорестан
Број 15
Кариера*
Години Клуб Наст(Голови)
1999–2003
2003–2004
2004–2008
2008–2009
2010–2010
2010–2011
2011
2011-2012
2012-
Цементарница
Вардар
Омонија
Војводина
ФК Лимасол
ФК Дамаш Лорестан
Работнички
Вардар
Љаонинг
058 0(12)
04100(5)
07100(9)
03700(7)
09 0(1)
010 0(3)
00 0(0)
01000(1)
013 0(1)
Репрезентација
2001– Македонија 05000(4)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Влатко Грозданоски (роден на 30 јануари 1983 во Скопје) е македонски фудбалер кој игра за фудбалскиот клуб Љаонинг од Кина и за македонската фудбалска репрезентација.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Влатко својата кариера ја започна во 1999 година играјки за Цементарница. Неговиот прв натпревар за Цементарница 55 Скопје во Македонската прва лига го одигра на 25 март 2000 година кога имаше само 17 години. За Цементарница 55 Скопје играше во финалето на купот на Македонија против фудбалскиот клуб Победа. Дел од Цементарница 55 Скопје беше до декември 2002, а потоа потпиша за фудбалскиот клуб Вардар каде остана 1,5 година. Со Вардар Скопје го освои првенството на Мaкедонија во сезоната 2002/03. За сезоната 2001-2002 ја доби наградата за најдобар млад играч во Македонската прва лига. Во август 2004 потпишува 2 годишен договор со најтрофејниот кипарски фудбалски клуб Омонија од Никозија. Со кипарскиот клуб Омонија го освои Кипарскиот куп и Супер купот во 2005 годна. Влатко беше награден за најдобар млад странски играч во Кипарската прва лига за сезоната 2006-2007.Во Омонија Влатко се задржа 3,5 години во кои на 71 натпревар постигна 9 голови Во јануари 2008 потпиша две годишен договор за фудбалскиот клуб Војводина. Во првите 6 месеци имаше добар настап со постигнување на 6 гола во 13 натпревари.Во Војводина се заджува 2 години.Во јануари 2010 година потпишува 1,5 годишен договор со кипарскиот фудбалски клуб АЕЛ од Лимасол.За АЕЛ дебитира на 1 март 2010 година на натпреварот против Неа Саламина. Во сезоната 2011/12 се врати во македонското фудбалско првенство и потпиша едногодишен договор со Вардар со кого ја освои македонската лига. Во 2012 Гроздановски потпиша договор со кинескиот клуб Љаонинг.

Национален тим[уреди | уреди извор]

За националниот тим игра уште од 18 години. Има дадено 4 гола за Македонскиот фудбалски тим. Првиот гол го даде против Турција во квалификациониот натпревар за Европско првенство во фудбал 2004 на 12 октомври 2002. До сега во репрезентативниот дрес има одиграно 50 натпревари.