Соединети Американски Држави
Соединети Американски Држави United States of America
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Во Бога веруваме (официјално) (In God we trust) |
||||||
Химна: "Знамето опсипано со ѕвезди" |
||||||
Главен град | Вашингтон 38°53′N 77°01′W / 38.883° СГШ; 77.017° ЗГД | |||||
Најголем град | Њујорк | |||||
Службен јазик | Не постои на федерално ниво1 | |||||
Национален јазик | Англиски (де факто)2 | |||||
Народности (2024) |
|
|||||
Демоним | Американци
(Американец/Американка) |
|||||
Уредување | Федерална уставна република | |||||
• | Претседател | Џо Бајден | ||||
• | Потпретседател | Камала Харис | ||||
• | Претседавач на Претставничкиот дом | Мајк Џонсон | ||||
• | Врховен судија | Џон Робертс | ||||
Законодавство | Конгрес | |||||
• | Горен дом | Сенат | ||||
• | Долен дом | Претставнички дом | ||||
Независност од кралството на Велика Британија | ||||||
• | Прогласена | 4 јули 1776 | ||||
• | Признена | 3 септември 1783 | ||||
• | Тековен устав | 21 јуни 1788 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 9,833,520 км2 [1](3та) | ||||
• | Вода (%) | 7.0 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | ▲ 338,089,667[2] | ||||
• | Попис 2024 | ▲ 331,449,281 (3та) | ||||
• | Густина | 34.7 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $28.7 трилиони[3] (2ра) | ||||
• | По жител | ▲ $85,373[4] (8ма) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $28.7 трилиони[3] (1ва) | ||||
• | По жител | ▲ $85,373[4] (6та) | ||||
Џиниев коеф. (2022) | 41.7[5][6][7] среден |
|||||
ИЧР (2024) | ▬ 0.931[8] многу висок |
|||||
Валута | Американски долар ($) (USD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-5 до -10) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC-4 до -10) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .us .gov .mil .edu | |||||
Повик. бр. | 1 | |||||
1. | Англискиот е службен на барем 28 федерални држави, но некои извори даваат поголема бројка, базирајќи се на различни дефиниции на „официјален“.[9] Англискиот и хавајскиот се службени јазици во федералната држава Хаваи. | |||||
2. | Англискиот е де факто јазик на американската влада и единствениот јазик кој се зборува во домот на 82% од Американците постари од пет години. Шпанскиот е вториот најзастапен јазик. | |||||
3. | Дали имаат поголема територија Соединетите Американски Држави или Народна Република Кина е нерасчистено. Бројката е дадена од службата на Централната разузнавачка агенција на САД наречена World Factbook. Други извори даваат помали бројки. Сите авторитативни пресметки на големината на државата ги вклучуваат само педесетте држави и федералната област Колумбија, а не териториите. | |||||
4. | Проценката за бројот на населението вклучува лица чиешто вообичаено живеалиште се наоѓа во педесетте држави и федералната област Колумбија, вклучувајќи и недржавјани. Не ги вклучува ниту оние кои живеат во териториите, околу четири милиони државјани на САД (најголемиот дел во Порторико), ниту пак државјаните на САД кои живеат надвор од Соединетите Држави. |
Соединети Американски Држави или САД (англиски: United States of America, USA) — федерална уставна република која се состои од педесет држави и еден федерален округ. Државата е сместена претежно во средишниот дел од Северна Америка, а нејзините 48 континентални држави и округот Вашингтон се наоѓаат помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан, граничејќи се со Канада на север и Мексико на југ. Федералната држава Алјаска се наоѓа во северозападниот дел на континентот, граничејќи со Канада на исток и Русија на запад преку Беринговиот Проток. Федералната држава Хаваи е архипелаг во Тихиот Океан. Соединетите Држави, исто така, имаат под нивна јурисдикција и неколку територии и островски подрачја во Карипското Море и во Тихиот Океан.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]„Соединети“ се однесува за федералниот систем на функционирање, „американски“ се однесува на положбата на државите на копното Америка и „држави“ се однесува на федералните единици. Името на англиски јазик гласи: United States of America. Првично, до усвојувањето на уставот на САД, името се запишувало со мала „с“ односно „соединети Американски Држави“, но со уставот и зборот „соединети“ станал дел од официјалното име. Името често се скратува на САД или Соединетите Држави.
Историја
[уреди | уреди извор]Создавање на САД
[уреди | уреди извор]Во почетокот на XVI век, на американскиот континент стигнале првите доселеници, со надеж дека ќе најдат злато, но многумина умреле од маларија, а некои се вратиле таму од каде што дошле. До крајот на XVIII век најмногу доселеници имало од Англија, бидејќи таа ги победила Холандија и Франција и ги истиснала нивните доселеници. Таму имала 13 колонии со околу 3,5 милиони жители. Реката Потомак ги делела овие колонии на северни и јужни. Во северните колонии преовладувало ситно селско фармерско стопанство во кое бил применуван слободниот труд. Во јужните колонии имало огромни плантажи на тутун, памук, шеќерна репка и др. каде бил во употреба бесплатниот робовски труд.
Војна за независност
[уреди | уреди извор]Англискиот парламент за да ги заштити интересите на својата буржоазија, настојувал да го ограничи развитокот на трговијата и индустријата на американските колонии. Забранил да се гради машинска и текстилна индустрија, а производите од овие гранки наредил да се увезуваат од Англија, забранил луѓето бесплатно да се населуваат во западните краеви, што ги држеле Индијанците. Овие огромни предизвикале незадоволство во американските колонии и кај младата американска буржоазија. Револтот бил уште поголем кога бил донесен законот за такса, со кој во сите трговски операции се наплаќале такси во полза на Англија. Претставници на американските колонии во 1774 г. се собрале на конгрес во Филаделфија и го замолиле англискиот крал да ги укине сите ограничувања. Кралот ги одбил нивните барања и тоа било повод во 1775 г. колониите да започнат борба за слобода и независност, на чело со Џорџ Вашингтон (1732-1799 г.). Колонистите се чувствувале како Американци и во борбата влегувале доброволно и со голем патриотски дух. Во текот на војната американскиот конгрес на 4 јули 1776 г. ја донел Декларацијата за независност, што ја подготвил Бенџамин Франклин. Со неа американските колонии се прогласиле за самостојна, слободна и независна држава под име Соединети Американски Држави - САД. На страната на американските колонии се бореле Франција и Холандија кои сакале да го уништат својот најголем непријател - Англија. Војната завршила во 1781 г. со победа на Американските колонии, а во 1783 г. во Версај, Англија ја признала независноста на САД.
Државно уредување на САД
[уреди | уреди извор]Уште во текот на војната, во 1781 г. бил донесен првиот Устав на новата држава со кој таа била прогласена за конфедерација. Конфедерацијата претставувала не многу цврст сојуз на држави. Во неа секоја држава имала сопствена војска, финансии и царински граници. Ваквото државно уредување се покажало несоодветно, па во 1787 г. Конгресот донел нов Устав со кој била засилена централната власт. Со новиот Устав се предвидувало на чело на извршната власт на републиката да стои претседател, избиран на 4 години. За прв претседател на САД бил избран Џорџ Вашингтон. Законодавната власт ја имал Парламентот, наречен Конгрес, составен од два дома: Горен дом или Сенат, во кој секоја држава испраќала по двајца претставници, и Долен дом или Дом на пратениците, во кој секоја држава избирала пратеници според бројот на жители. Над сите органи стоел Врховниот суд, кој можел да поништува секакви закони за кои сметал дека се противуставни. Изборното право на граѓаните било ограничено, право на глас имале само оние кои имале сопственост, жените не добиле право на глас и ропството не било укинато.
Граѓанската војна (1861-1865 г.)
[уреди | уреди извор]Капиталистичкото стопанство во САД сè повеќе се развивало, но не подеднакво и рамномерно во сите сојузни држави. Во северните држави јакнела машинската индустрија, а растел и бројот на работничката класа. Во јужните држави индустријата скоро не била развиена. Сите земјоделски суровини биле извезувани во Англија, а оттаму робовладетелите купувале индустриски производи, така што индустриските производи на северните држави не можеле да бидат пласирани во јужните. Спротивностите во стопанскиот и општествениот развиток на САД и немање на единствен пазар во државата довело до судирање помеѓу Северот и Југот. Како повод за тоа послужило избирањето на Абрахам Линколн (1809-1865 г.) за претседател на Сад. Тој и неговата Републиканска партија биле против ропството, а за бесплатната поделба на слободната земја на Запад на сиромашните фармери. Поради тоа во знак на протест, во 1861 г., 6 јужни држави се отцепиле од САД и формирале свој сојуз, наречен Конфедерација. Истата година Јужните држави повеле војна против Северните. Индустрискиот север имал околу 20 милиони жители, а робовладетелскиот Југ околу 12 милиони, од кои 4 милиони биле робови - црнци, непријателски расположени кон своите господари. Робовладетелите се чувствувале посилни бидејќи биле подобро вооружени, а и се надевале на помош од Англија. Во почетокот војната била во корист на Југот, но претседателот на САД, Абрахам Линколн, преку Конгресот го спровел законот за бесплатно доделување на земјата на запад и законот за укинување на ропството. Голем број на фармери, работници и црнци, влегле во редовите на Северната војска, со што војната добила општонароден отпор против ропството. По 4 годишна борба граѓанската војна завршила во пролетта 1865 г. со победа на Северните држави. Во деновите на прославувањето на победата, претседателот Абрахам Линколн бил убиен. Граѓанската војна овозможила капитализмот во САД да се развива побрзо од сите други земји. САД прераснале во најмоќна индустриска и земјоделска земја во светот и започнала да се меша во меѓународните односи.
Географска положба
[уреди | уреди извор]Соединетите Американски Држави го зафаќаат средишниот дел на Северна Америка. Се простираат помеѓу Мексико на југ и Канада на север, и меѓу Тихиот Океан на запад и Атлантскиот Океан на исток. Во состав на САД влегуваат Алјаска и Хавајските Острови. Преку двата океана САД се поврзуваат со земјите од другите континенти така што имаат поволна географска положба.
Релјеф
[уреди | уреди извор]Територијата на САД е поделена на четири поголеми релјефни целини. Во западните делови се простираат Кордиљерите и Карпестите Планини, со височини над 4 000 м. На исток се Апалачките Планини. Помеѓу Кордиљерите и Апалачките Планини се наоѓаат Средишните Низини, кои се простираат од Големите Езера на север до Мексиканскиот Залив на југ. Тоа се плодни почви и тревни површини - прерии. Четвртиот дел е Приатлантската Низина меѓу Апалачките Планини и Атлантскиот Океан. Поради големината на територијата, во САД се среќаваат повеќе климатски типови. Поголем дел од територијата е со умерена клима. Преовладуваат континентална и умерено континентална клима. Во приморските делови на Мексиканскиот Залив владее суптропска, а на полуостровот Флорида - тропска клима. Во приморските делови на Тихиот и на Атлантскито океан е присутна приморска, а на планините - планинска клима. На Алјаска климата е супполарна и поларна, а на Хаваите е тропска. Хидрографијата на САД ја прават приморските делови на двата океана, реките и поголем број езера. Позначајни реки се Мисисипи со Мисури, Охајо, Арканзас и други, кои му припаѓаат на Атлантскиот Океан, потоа Колумбија, Колорадо и Јукон на Алјаска, кои му припаѓаат на Тихиот Океан. На границата со Канада се наоѓаат Големите Езера, од кои само езерото Мичиген целосно им припаѓа на САД. Од езерото Ири истекува реката Нијагара на која се наоѓаат Нијагарините Водопади, кои се високи 50м, а широки 500м.
Население
[уреди | уреди извор]Насeлението на САД главно го сочинуваат народите од Европа. Помал дел се црнечко население од Африка и доселеници од Азија. Домородното населениe се Американските Индијанци и Ескимите. Населението главно е разместено во Приатлантската Низина во градовите Бостон, Њујорк, Балтимор, Филаделфија и Вашингтон; околу Големите Езера: Чикаго, Детроит, Милвоки, Кливленд и Индијанаполис; во Средишните Низини: Канзас Сити, Сент Луис, Далас и Хјустон; на брегот на Тихиот Океан: Лос Анџелес и Сан Франциско. Најретко населени се планинските територии на Кордиљерите и Алјаска.
Стопанство
[уреди | уреди извор]САД се составени од 50 држави. Тие се водечка сила во светот со високо темпо на економски развој. Со околу 130 милиони работоспособно население создаваат 20% од меѓународната трговија. САД го заземаат првото место по производство на нафта, јаглен, природен гас, злато, уран, железо, алуминиум, олово и др. Основа на економијата е индустријата, и тоа: металургијата, машинството, електронската индустрија, електротехничката, петрохемиската, хемиската, автомобилската, авионската, авиокосмичката, прехранбената, филмската, музичката, воената индустрија и др. Во аграрниот комплекс има високоразвиено интензивно земјоделство и сточарство. Земјоделското производство се одликува со голема продукција на скоро сите земјоделски култури. САД се одликуваат со развиена транспортна мрежа: околу 6 милиони километри патишта, голем број пристаништа за воден и за воздушен сообраќај.
Година | Жители (во милиони) |
---|---|
1890 | 63 |
1900 | 76 |
1910 | 92 |
1920 | 106 |
1930 | 123 |
1940 | 132 |
1950 | 151 |
1960 | 179 |
1970 | 203 |
1980 | 226 |
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Освен сојузните држави, Соединетите Американски Држави содржат и еден Федерален дистрикт; Федералниот округ Колумбија, каде е сместен Вашингтон. Неколку островски територии се исто така во составот на САД. Тоа се: островите Бејкер; Гуам; Хауланд; Џарвис; Џонсон; Кингмен; Мидвеј; Наваса; Палмира; Вејк; Порторико, како и островските групи Американска Самоа, Американски Девствени Острови и Северни Маријански Острови.
Политички систем
[уреди | уреди извор]Изборниот процес за избор на претседател на САД е сложен и во одредена мера индиректен. Изборите за претседател секогаш се организираат на почетокот на ноември (секогаш во вторник) и на нив граѓаните непосредно гласаат за еден од кандидатите. Сепак, формалниот избор на претседател се спроведува во декември, кога избраните претставници на т.н. „Изборен колеџ“ (Electoral college) го претвораат својот глас за еден од кандидатите. Според тоа, на изборите во ноември граѓаните фактички избираат ги претставниците на „Изборниот колеџ“, кои подоцна го избираат претседателот на САД. Бројот на претставниците во „Изборниот колеџ“ е 538, така што за да стане некој кандидат претседател мора да освои најмалку 270 „изборни гласови“. Овие гласови се распределени различно по одделни држави. Всушност, секоја држава има по два „изборни гласа“, но исто така, секоја држава носи и дополнителен број гласови, во зависност од бројот на жителите. На пример, државата Калифорнија носи 55 „изборни гласови“, Тексас носи 38 гласови, Флорида носи 29 гласови, Охајо носи 18 гласови, Колорадо носи 9 гласа, Небраска носи три гласа итн. Притоа, во секоја држава, освојувањето на „изборните гласови“ е според принципот дека победникот ги добива сите гласови. На пример, ако во една држава, кандидатот А освоил еден глас повеќе до кандидатот Б, тогаш кандидатот А е победник и тој ги освојува сите „изборни гласови“ во таа држава, односно гласовите не се делат меѓу кандидатите во зависност од бројот на гласачите кои гласале за нив. На пример, на претседателските избори во 2000 година, разликата во гласовите меѓи кандидатите Џорџ Буш и Ал Гор била многу тесна и на крајот, во државата Флорида победил Буш со само 537 гласови повеќе, но со тоа ги освоил сите „изборни гласови“ во Флорида, кои му овозможиле да стане претседател на САД, иако Гор освоил повеќе вкупно гласови во целата земја.[11]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]Најголемите градови
[уреди | уреди извор]- Њујорк, Њујорк- 23,008,278
- Лос Анџелес, Калифорнија - 3,694,820
- Чикаго, Илиноис - 2,896,016
- Хјустон, Тексас - 1,953,631
- Филаделфија, Пенсилванија - 1,517,550
- Финикс, Аризона - 1,321,045
- Сан Диего, Калифорнија - 1,223,400
- Далас, Тексас - 1,188,580
- Сан Антонио, Тексас - 1,144,646
- Детроит, Мичиген - 951,270
- Сан Хосе, Калифорнија - 894,943
- Индијанаполис, Индијана - 791,926
- Сан Франциско, Калифорнија - 776,733
- Џексонвил, Флорида - 735,617
- Колумбус, Охајо - 711,470
- Остин, Тексас, Тексас - 656,562
- Балтимор, Мериленд - 651,154
- Мемфис, Тенеси - 650,100
- Милвоки, Висконсин - 596,974
- Бостон, Масачусетс - 589,141
Култура
[уреди | уреди извор]САД како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]САД како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Американски мјузикхол“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[12]
САД како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Пит, и тоа е Америка“ (хрватски: Pit i to je Amerika) - песна на хрватската рок-група Азра (Azra) од 1981 година.
- „Најбараниот во АмериКККа“ (англиски: AmeriKKKa's Most Wanted) - песна од истоимениот албум на американскиот рапер Ајс Кјуб (Ice Cube) од 1990 година.[13]
- „Исто како САД“ (англиски: Just like the USA) - песна на британската група Ацтек камера (Aztec Camera) од 1984 година.[14]
- „Американски сон“ (англиски: American Dream) - песна на американската хард-кор група Бед релиџн (Bad Religion).[15]
- „Goodbye America“ — песна на југословенската рок-група Бијело дугме.[16]
- „Млади Американци“ (англиски: Young Americans) - песна од истоимениот албум на британскиот поп-рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1975 година.[17]
- „За Америка“ (англиски: For America) - песна на американскиот музичар поп-рок-музичар Џексон Браун (Jackson Browne).[18]
- „Помогнете да ја спасиме младината на Америка“ (англиски: Help save the youth of America) - песна на британскиот рок-музичар Били Брег (Billy Bragg) од 1986 година.[19]
- „Децата во Америка“ (англиски: Kids in America) - песна на британската поп-пејачка Ким Вајлд (Kim Wilde) од 1981 година.[20]
- „Некаде во Америка има улица наречена според татко ми“ (англиски: Somewhere in America there's a street named after my Dad) - песна на американската поп-група Was (Not Was)) од 1988 година.[21]
- „Исусовите деца на Америка“ (англиски: Jesus Children Of America) - песна на американскиот музичар Стиви Вондер (Stevie Wonder) од 1973 година.[22]
- „L'America“ (француски: L'America) - песна на американската рок-група Дорс од 1971 година.[23]
- „САД“ (англиски: USA) - песна на британската панк-група Експлоитед од 1982 година.[24]
- „Америка чека“ (англиски: America Is Waiting) - песна на Брајан Ено и Дејвид Брн од 1981 година.[25]
- „Америка“ - песна на српската рок-група Идоли од 1981 година.[26]
- „Елвис Пресли и Америка“ (англиски: Elvis Presley and America) - песна на ирската рок-група У2 од 1984 година.[27]
- „Кој ќе преживее во Америка“ (англиски: Who Will Survive In America) - песна на американскиот рапер Кање Вест (Kanye West) од 2010 година.[28]
- „САД ми се толку здодевни“ (англиски: I'm So Bored With The U.S.A.) - песна на британската панк-рок група Клеш (The Clash) од 1977 година.[29]
- „Американец без солзи“ (англиски: American Without Tears) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[30]
- „Крал на Америка“ (англиски: King Of America) - музички албум на Елвис Костело од 1986 година.[30]
- „Американски сон“ (англиски: American dream) - песна на американската група ЛЦД Саундсистем (LCD Soundsystem) од 2017 година.[31]
- „Кога белата Америка би ја кажала вистината само еден ден, нејзиниот свет би се распаднал“ (англиски: IfWhiteAmericaToldTheTruthForOneDayIt'sWorldWouldFallApart) — песна на британската рок-група Меник стрит причерс (Manic Street Preachers) од 1994 година.[32]
- „Американски достигнувања“ (англиски: American Achievements) — песна на американската хардкор-панк група Millions Of Dead Cops од 1982 година.[33]
- „Американски кошмар“ (англиски: American Nightmare) — песна на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits) од 1985 година.[34]
- „Глув како камен во САД“ (англиски: Stone Deaf In The USA) — песна на британската рок-група Моторхед (Motö̲rhead) од 1987 година.[35]
- „Назад во САД“ (англиски: Back In The USA) — песна на американската рок-група MC5 од 1970 година.[36]
- „Мис на Америка“ (англиски: Miss America) - музички албум на канадската рок-музичарка Мери Маргарет О'Хара (Mary Margaret O'Hara) од 1988 година.[37]
- „Америка“ - песна на македонската група ПМГ Колектив од 2015 година.[38]
- „Америка и Англија (Ќе биде земја пролетерска)“ (српски: Amerika I Engleska (Biće Zemlja Proleterska)) - песна на црногорскиот музичар Рамбо Амадеус од 1989 година.[39]
- „САД“ (англиски: USA) - песна на американската хард-кор група Реган Јут (Reagan Youth).[40]
- „Мис тинејџерка на Америка“ (англиски: Miss Teen America) - песна на американската хард-кор група Реган Јут.[41]
- „Мала Америка“ (англиски: Little America) - песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1984 година.[42]
- „Американски рулет“ (англиски: American Roulette) - песна на американскиот рок-музичар Роби Робертсон (Robbie Robertson) од 1987 година.[43]
- „Америка“ (англиски: America) - песна на американското поп-рок дуо Сајмон и Гарфанкел (Simon & Garfunkel) од 1968 година.[44]
- „Американецот“ (англиски: The American) — песна на британската рок-група Simple Minds од 1981 година.[45]
- „Роден во САД“ (англиски: Born in the U.S.A.) - песна од истоимениот албум на американскиот рок-музичар Брус Спрингстин (Bruce Springsteen) од 1984 година.[46]
- „САД, 1980-ти - 1990-ти“ (англиски: U.S. 80's - 90's) - песна на британската рок-група Фол од 1986 година.[47]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеWF
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеPOP
. - ↑ 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеIMF GDP
. - ↑ 4,0 4,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеIMF_GDP
. - ↑ „OECD Income Distribution Database: Gini, poverty, income, Methods and Concepts“. Organisation for Economic Co-operation and Development.
- ↑ „Global inequality: How the U.S. compares“. Pew Research.
- ↑ „Income Distribution and Poverty : by country - INEQUALITY“. OECD. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2015-09-11.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеILW
. - ↑ C. W. J. Granger, Forecasting in business and economics (second edition). Sand Diego etc.: Academic Press, 1989, стр. 24.
- ↑ Мирослав Саздовски, „Америка бира претседател“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 70-75.
- ↑ Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 218-222.
- ↑ YouTube, 03. Ice Cube - AmeriKKKa's Most Wanted (пристапено на 2.3.2017)
- ↑ YouTube, Aztec Camera - Just like the usa (пристапено на 22.12.2016)
- ↑ YouTube, American Dream - Bad Religion (пристапено на 13.1.2017)
- ↑ YouTube, Bijelo Dugme - Goodbye America (пристапено на 1.12.2022)
- ↑ YouTube, David Bowie- Young Americans (пристапено на 8.5.2017)
- ↑ YouTube, Jackson Browne - For America (пристапено на 31.10.2017)
- ↑ YouTube, billy bragg - talking with the taxman about poetry (пристапено на 30.8.2017)
- ↑ YouTube, Kim Wilde - Kids in America (1981) (пристапено на 1.1.2017)
- ↑ Was Not Was - Somewhere in America there's a street named after my Dad (пристапено на 8.11.2017)
- ↑ YouTube, Stevie Wonder - Jesus Children Of America (пристапено на 27.3.2020)
- ↑ Discogs, The Doors – L.A. Woman (пристапено на 12.5.2020)
- ↑ Discogs, The Exploited – Troops Of Tomorrow (пристапено на 8.10.2020)
- ↑ Discogs, Brian Eno - David Byrne – My Life In The Bush Of Ghosts (пристапено на 8.10.2020)
- ↑ Discogs, Šarlo Akrobata & Idoli & Električni Orgazam – Paket Aranžman (пристапено на 25.2.2021)
- ↑ U2, The Unforgettable Fire, Cai 9127, Jugoton.
- ↑ Discogs, Kanye West – My Beautiful Dark Twisted Fantasy (пристапено на 2.4.2021)
- ↑ DISCOGS, The Clash – The Clash (пристапено на 30.4.2020)
- ↑ 30,0 30,1 DISCOGS, The Costello Show Featuring The Attractions And Confederates* – King Of America (пристапено на 26.3.2018)
- ↑ YouTube, LCD Soundsystem - american dream (посетена на 16.5.2017)
- ↑ Manic Street Preachers – The Holy Bible (пристапено на 12.3.2023)
- ↑ M.D.C.* – Millions Of Dead Cops (пристапено на 14.4.2023)
- ↑ Misfits – Legacy Of Brutality (пристапено на 1.4.2023)
- ↑ YouTube, Mot̲ö̲r̲h̲e̲ad – R̲o̲ck 'N̲'̲ ̲R̲oll (Full Album) 1987 (посетено на 26.3.2023)
- ↑ MC5 – Back In The USA (пристапено на 6.4.2023)
- ↑ Discogs, Mary Margaret O'Hara – Miss America (пристапено на 18.3.2021)
- ↑ www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)
- ↑ DISCOGS, Rambo Amadeus – Hoćemo Gusle! (пристапено на 25.8.2019)
- ↑ YouTube, Reagan Youth - USA (пристапено на 5.2.2018)
- ↑ YouTube, Reagan Youth - Miss Teen America (пристапено на 5.2.2018)
- ↑ DISCOGS, R.E.M. – Reckoning (пристапено на 19.8.2019)
- ↑ YouTube, Robbie Robertson - American Roulette (пристапено на 23.10.2017)
- ↑ Discogs, Simon & Garfunkel – Bookends (пристапено на 24.9.2018)
- ↑ Discogs, Simple Minds – Sons And Fascination / Sister Feelings Call (пристапено на 15 април 2021)
- ↑ YouTube, Bruce Springsteen - Born in the U.S.A. (пристапено на 8.1.2017)
- ↑ Discogs, The Fall – Bend Sinister (пристапено на 8.10.2020)
Користена литература
[уреди | уреди извор]- „Историја“ од Јорданка Патковиќ.
|
|