Развиен среден век

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Развиен среден век
Европа и средоземјето

Поголемата карта
Европа и средоземјето околу 1190 година
Британските Острови
     Ирска
     Велс
     Кралство Англија
     Кралство Шкотска
Северна Европа
     Кралство Норвешка
     Кралство Шведска
     Кралство Данска
Источна Европа
     Естонија
     Литванија
     Прусија
     Кралство Полска
     Принципат Полотск
     Новгородска Република
     Киев
     Вјатка
     Волга-Бугарија
Пиринејски Полуостров
     Кралство Португалија
     Кралство Леон
     Кралство Кастилја
     Кралство Навара
     Кралство Арагон
Средна Европа
     Кралство Франција
     Свето Римско Царство
     Кралство Германија
Апениниски Полуостров
     Кралство Италија
     Корзика
     Сардинија
     2 Нормански Сицилии
Балканот
     Македонија
     Кралство Унгарија
     Србија
     Бугарија
     Византија
Средна Азија
     Кумани или Половци
     Хазари
     Алани
     Черкези
     Кралство Грузија
Средниот Исток
     Султанат од Икониум
     Кралство Ерменија во Киликија
     Шах-Армениди
     Атабегство Азербејџан
     Курдистан
     Териториите на Саладин
     Кнежевство Антиохија
     Грофовија Триполи
Северна Африка
     Алмохадски калифат


Крстоносни војни
     (Полна линија) Втора крстоносна војна на Луј VII and Конрад III
     (линии и точки) Трета крстоносна војна на Ричард I, Филип II Август, и Фридрих I

Помалата карта
Средна Европа
Гвелфски, Хоенштауфенски, and Аскански во Германија во 1176 година
         Војводство Саксонија
         Маркграфство Бранденбург
         Војводство Франконија
         Војводство Швабија
         Војводство Баварија

Развиениот среден век бил периодот од 11, 12 и 13 век од европската историја. На Развиениот среден век му претходел Раниот среден век, а по него следувал доцниот среден век, кој завршил околу 1500 година.

Клучниот историски тренд на развиениот среден век бил наглото зголемување на населението во Европа, што донело големи социјални и политички промени од претходната епоха. До 1250 година, наглото зголемување на населението најмногу и користело на економијата, достигнувајќи бројка што дури до 19 век нема да се забележи во некои региони. Овој тренд запрел во доцниот среден век од серија непријатни настани, особено од Црната смрт но и многу војни и економска стагнација.

Од 1000 година па понатаму, во Западна Европа се случиле последните варварски напади и тој дел станал политички поорганизиран. Викинзите се населиле на Британските Острови, Франција и други места, а додека нордиските христијански кралства се развивале во нивните скандинавски татковини. Унгарците го запреле нивното проширување во 10 век и до 1000 година христијанско унгарско кралство било признато во Средна Европа. Големите навлегувања запреле, со исклучок на монголската инвазија.

Во 11 век, населението северно од Алпите почнало да населува нови земји, кои по крајот на Римското Царство изгледале како дивина. Тогаш започнало ”големото расчистување", со што многу шуми и мочуришта во Европа биле расчистени и култивирани. Во исто време голем број населби изникнаа надвор од границите на Франкското Царство, во Источна Европа, преку реката Елба, со што Германија тројно се зголеми. Сеуште моќната Католичка црква повикала војски од цела Европа и преку Крстоносни војни се борела против Турците Селџуци, кои ја окупирале Светата земја и со тоа основајќи ги крстоносните држави во Левантот. Други војни доведоа до колонизација на Балтикот, освојување на Пиринејскиот Полуостров од страна на христијанските кралства, норманската колонизација на јужна Италија, сето како дел од зголемувањето на населението и шемата за повторно населување.

Во Развиениот среден век произлегоа многу видови на интелектуални, духовни и уметнички дела. Во оваа епоха се развиле првите модерни национални држави во Западна Европа и започнал растот на големите италијански град-држави. Повторното откривање на делата на Аристотел го насочи Тома Аквински и другите мислители да ја развијат филозофијата на Схоластиката. Во архитектурата, најзначајните готски катедрали биле изградени или завршени во овој период.

--Историски настани и политики==

Таписеријата од Баје ја прикажува битката кај Хејстингс за време на норманската инвазија на Англија

Британски острови[уреди]

Во Англија, норманското освојување во 1066 резултирало со кралство под контрола на франкофонско благородништво. Норманите ја нападнале Ирска во 1169 и брзо се наметнале низ поголемиот дел од земјата, иако нивната тврдина била на југоисток. Во исто време Шкотска и Велс беа потчинети како вазали, но Шкотска подоцна станала независна. Државната благајна била основана во 12 век за време на владеењето на Кралот Хенри I и се состанале првите парламенти. Во 1215, по губењето на Нормандија Кралот Џон ја потпиша Магна карта (Големата Повелба), со што се ограничувала моќта на англиските владетели.

Скандинавија[уреди]

Од средината на 10 до средината на 11 век, скандинавските кралства се обединиле и покрстиле, со што завршиле викиншките напади и тие повеќе се вклучиле во европската политика. Данскиот крал Кнут владеел со Англија и Норвешка. По смртта на Кнут во 1035 година, Англија и Норвешка биле изгубени, а по поразот на Валдемар II во 1227, данската надмоќ во регионот завршила. Во меѓувреме, Норвешка ги зголемила поседите во Атлантикот, од Гренланд до островот Ман, додека Шведска, под власта на Биргер Јарл се наметнала како сила во Балтичкото Море. Сепак, норвешкото влијание веќе во истиот период почнало да опаѓа, што довело до договорот од Перт од 1266 година. Исто така граѓански војни веќе беснееле во Норвешка од 1130 до 1240 година.

Франција и Германија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Германија.

За време на Развиениот Среден Век, Каролиншкото Царство било поделено и заменето со две различни кралства Франција и Германија, но тие не беа во нивните сегашни граници. Германија била под знамето на Светото Римско Царство, кое го достигнало својот врв на обединетост и политичка моќ.

Унгарија[уреди]

Кралот Свети Иштван I Унгарски].

Во Развиениот среден век, Кралството Унгарија (основано во 1000 година), станала една од најмоќните средновековни држави во Средна и Западна Европа. Народот беше покрстен од кралот Свети Иштван I Унгарски, кој го паметат како многу религиозен владетел, со големо познавање на латинската граматика, строгоста кон народот и љубезноста кон странците. Тој ги истребил остатоците од племенската организација на кралството и го натерал народот да се насели на едно место и да ги прифати христијанската вера, етика, начин на живот и ја основал унгарската држава политички организирајќи ја на грофовии според германскиот систем.

Следните владетели како Свети Ладислав I Унгарски одржувале блиски односи со Рим и толерантен став кон паганите кои пребегнале во во кралството барајќи засолниште (како на пример Куманите во 13 век), што создало одреден неспокој за некои папи. Со стапувањето во личен сојуз со Кралството Хрватска и припојувањето на други помали држави, Унгарија станала мало царство кое ги контролирало Балканот и целиот карпатски регион. Унгарското кралско семејство имало најмногу светци во Католичката црква во Средниот век.

Јужна Европа[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шпанија во Средниот век.

Поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров бил под окупација на Маврите од 711 година, иако најсеверниот дел бил поделен помеѓу неколку христијански држави. Во 11 век, а потоа и во 13, христијанските кралства од северот постепено ги истиснале муслиманите од централниот и поголемиот дел од јужна Иберија.

Во Италија, независните град-држави станале се повлијателни во источната поморска трговија. Најважни биле таласократиите од Пиза, Амалфи, Џенова и Венеција.

Понтиските степи, околу 1015 година.

Источна Европа[уреди]

Во Развиениот среден век се случил зенитот и крајот на словенската Киевска Русија и појавувањето на Полска. Подоцна, монголската инвазија во 13 век имала големо влијание на Источна Европа, бидејќи многу земји биле нападнати, ограбени, освоени и претворени во вазали.

За време на првата половина од овој период (околу 1025-1185), Византиското царство доминирало на Балканот и јужно од Дунав и за време на династијата Комнени имало заживување на просперитетот и урбанизацијата; сепак, доминацијата во регионот завршила со успешното востание на Бугарите во 1185 и со тоа регионот се поделил помеѓу Византијците во Грција и некои делови од Македонија и Тракија и Бугарите во Мезија и поголемиот дел од Тракија и Македонија се до српските територии на северозапад. Источната и Западната Црква формално се разделиле во 11 век и покрај обиди за повремена соработка во 12 век, во 1204 крстоносците од Четвртата крстоносна војна употребиле измама да го освојат Константинопол. Ова сериозно ги оштетило Византијците и нивната моќ на крајот била узурпирана од Османското царство во 15 век. Моќта на Латинското царство била краткотрајна откако крстоносците биле тешко поразени од бугарскиот цар Калојан во битката кај Адријанопол во 1205 година.

Клима и земјоделство[уреди]

Средновековниот топол период, периодот од 10 до околу 14 век во Европа, бил релативно топол и пријатен интервал кој завршил пред главно поладното Мало ледено доба. Земјоделците одгледувале пченица на север до Скандинавија и винова лоза во северна Англија, иако најголемото раширување очигледно се случило во Малото ледено доба. Заштитата од масовен глад придонела за зголемување на населението во Европа и покрај тоа што масовниот глад од 1315 што одзел 1,5 милиони животи. Зголеменото население придонело за основањето на нови градови и зголемувањето на индустриската и економската активност во овој период. Производството на храна се зголемило во овој период со воведувањето на нови начини на обработка на земјата, употребата на потежок плуг, коњи наместо волови и систем на три полиња што овозможил одгледување на поразлични култури од претходниот систем на две полиња – особено на мешункасти растенија, чиј раст го спречил губењето на азотот од земјата.

Развојот на витештвото[уреди]

Кралската тешка коњица (витезите) станала вообичаена во 11 век низ Европа и турнирите биле создадени. Иако капиталот вложен во коњ и оклоп бил пречка при влез, витешките титули биле еден начин кметовите да ја заработат својата слобода. Во 12 век, монасите од Клини промовирале етичко војување и го поттикнале формирањето на витешки редови, како што се витезите Темплари. Наследените титули се наметнале во овој период. Во 13 век во Германија, витешките титули станале наследни и иако една од помалку престижните, овој тренд се проширил и во другите земји.

Религија[уреди]

Црквата[уреди]

Големиот Раскол од 1054 година формално ја разделил Црквата на два дела: Западниот Католицизам во Западна Европа и Источното Православие на истокот. Тоа се случило кога папата Лав IX и патријархот Михаил I се екскомуницирале меѓусебно, главно поради споровите за постоењето на папска власт над четирите источни патријарси.

Крстоносните војни[уреди]

Воени редови[уреди]

Во контекст на Крстоносните војни, се основале монастички, воени редови кои ќе станат шаблон за подоцнежните средновековни витешки редови.

Витезите Темплари биле христијански воен ред основан по Првата крстоносна војна за заштита на христијанските аџии од насилно локално население и бандити. Редот бил длабоко вклучен во банкарството и во 1307 година, Филип IV Убавиот наредил да се уапси целиот ред во Франција и да се укине под обвинение за ерес.

Витезите Хоспиталери (болничари) биле христијанска организација основана во Ерусалим во 1080 година за помош и грижа на сиромашните, болните и повредените аџии во Светата земја. По освојувањето на Ерусалим за време на Првата крстоносна војна, тие се претвориле во верско/воен ред со задача да се грижат и да ја бранат Светата земја. Откако Светата земја била освоена од исламските сили, тие ја префрлиле базата на операции првин на Родос, а потоа на Малта.

Тевтонскиот ред биле германски верски ред основан во 1190 година во градот Ако (Акра) со цел да им помогне на аџиите кои патуваат кон Светата земја и да раководи со болниците при грижата за болните и повредените во странство (Outremer). Откако исламските сили ја освоиле Светата земја, редот се префрлил во Трансилванија во 1211 година, а потоа откако биле изгонети, ја нападнале паганска Прусија со намера да го покрстат Балтикот. Сепак, пред нивниот главен непријател Литванија да се покрсти а и по покрстувањето, Редот веќе ги нападнал христијанските држави Новгород и Полска. Моќта на Тевтонскиот ред, која дотогаш станала голема, била скршена во 1410 година во битката кај Грунвалд, каде Редот доживеал катастрофален пораз против обединетата полско-литванско-руска војска. По Грунвалд, моќта на Редот се намалувала се до 1809 година кога тој се укина. Вкупно имало десет крстоносни војни.

Схоластика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Схоластика.

Новиот христијански метод на учење бил под влијание на Анселмо Кентербериски (1033-1109) поради повторното откривање на делата на Аристотел, прво индиректно преку средновековнита еврејска и муслиманска филозофија (Мајмонид, Авицена и Авероес) и тогаш преку самите дела на Аристотел донесени од византиските и муслиманските библиотеки; а најважните на кои влијаеле беа Свети Алберт Велики, Бонавентура и Абелард. Схоластиците верувале во емпиризмот и ги поддржуваа римокатоличките доктрини преку секуларно учење, разум и логика. Тие се противеле на христијанската мистицика, а платонистичко-августинските верувања во дуализам и поглед на светот го сметале за природно зло. Најпознатиот схоластик бил Тома Аквински (подоцна прогласен за црковен учител), кој бил предводник на оддалечувањето од платонизмот и августинизмот кон аристотелијанизмот. Аквински развил филозофија на умот пишувајќи дека умот при раѓање е tabula rasa (празна табла) која ја има способноста да мисли и препознава форми или идеи преку креативна искра. Други познати схоластици биле Росцелин, Абелард и Петар Ломбард. Едно од најважните прашања во ова време бил проблемот со универзалиите. Главни противници на различни аспекти на схоластичкото учење биле Јован Дунс Скот, Вилијам од Окам, Петар Дамиани, Бернар од Клерво и Викторинците. [1]

Златното доба на монастицизмот[уреди]

Редови на монаси-питачи[уреди]

  • Во 13 век почнале да се појавуваат редовите на монаси-питачи како:
    • Францисканци (монаси од помал ред, попознати како Сивите монаси), основани во 1209 година
    • Кармелити (Пустиници на Благословената Дева Марија од Кармел, попознати како Белите монаси), основани во 1206-1214 година
    • Доминиканци (Ред на проповедници, попознати како Црните монаси), основани во 1215 година
    • Августинци (Пустиници на Св. Августин, попознати како остински монаси), основани 1256 година

Еретички движења[уреди]

Ереста постоела во Европа пред 11 век но само во мал број и со локален карактер: одметнат свештеник, село кое се вратило на паганските традиции; но почнувајќи од 11 век се појавиле масовни еретички движења. Корените на ова можеле да се најдат со растот на урбаните населби, слободните трговци и новиот вид на економија. Руралните вредности на монастицизмот не биле многу привлечни за граѓаните кои почнале формираат секти што се во тек со урбаната култура. Првите еретички движења потекнувале од новите урбанизирани области како јужна Франција и северна Италија. Тие биле масовни движења какви што Црквата немала дотогаш видено, а одговорот бил различен, елиминација на едни, како катарите и прифаќање и припојување на други како Свети Францис, синот на градски трговец кој се откажал од парите.

Катари[уреди]

Катарите се бркаат од Каркансон во 1209 година
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Катарство.

Катарството било движење со гностички елементи со корени од средината на 10 век, со ознака како ерес од страна на Римокатоличката црква. Постоело низ поголемиот дел на Западна Европа, но центарот бил во Лангдок и околните области во јужна Франција.

Името Катар најверојатно потекнувало од грчкиот збор katharos ”чист”. Една од првите запишани употреби е онаа на Екберт фон Шонау кој напишал за еретиците од Келн во 1181: ”Hos nostra Germania catharos appellat.”

Катарите исто така биле наречени Албижани. Името потекнувало од крајот на 12 век и се користи од хроничарот Жефри ди Брие од Вижуа во 1181. Името се однесувало на јужниот град Алби (древниот Албига). Ознаката не е баш точна, зашто центарот бил во Тулуз и околните области.

Албижаните биле силни во јужна Франција, северна Италија и југозападниот дел на Светото Римско царство. Богомилите познати како Босанска црква, биле силни во Босна и јавната религија била поддржана од босанските кралеви.

Валденси[уреди]

Петар Валдо од Лион бил богат трговец кој го раздал своето богатство во 1175 година во верско искуство и станал проповедник. Тој ги основал Валденсите кои станале христијанска секта која верувала дека сета верска практика треба да има библиска основа. На Валдо му го одбиле правото да ги проповеда своите проповеди од Третиот Латерански Совет во 1179 година, но тој не ги послушал и продолжил да зборува слободно се до неговата екскомуникација во 1184. Валдо го критикувал свештенството велејчи дека не живее според дадениот збор. Тој ја одбил практиката да продава индулгенции (прошки), како и вообичаените практики за славење на светците секој ден.

Трговија[уреди]

Во Северна Европа, сојузот од слободни градови наречен Ханза кои ја унапредиле поморската трговија, била создадена во 12 век со основањето на градот Либек, кој подоцна ќе доминира во Ханзата, во 1158-1159. Многу северни градови во Светото Римско царство станале ханзеатски градови, вклучувајќи ги Амстердам, Келн, Бремен, Хановер и Берлин. Ханзеатски градови надвор од Светото Римско царство биле Бриж и полскиот град Гдањск (Данциг), како и Конигсберг, главен дел на монастичката држава Тевтонскиот ред. Во Берген, Норвешка и Новгород, Русија, Ханзата имала фабрики и посредници. Во овој период Германците започнале да ја колонизираат Источна Европа вон границите на Светото Римско царство, во Прусија и Шлезија.

Во 13 век, венецијанскиот истражувач Марко Поло станал еден од првите Европјани што патувале по Патот на свилата до Кина. Западњаците подобро се запознале со Далечниот Исток кога Марко Поло ги запишал своите патувања во Il Milione. По него следувале голем број на христијански мисионери кои патувале кон исток, како Вилијам де Рубрук, Џовани да Плано Карпини, Андре де Лонжумо, Одорик де Порденоне, Џовани де Марињоли, Џовани ди Монте Корвино и други патници како Николо де Конти.

Наука[уреди]

Карта на универзитетите во Средниот век.

Филозофските и научните учења од Раниот среден век се базирале на неколку копии и коментари од старогрчки текстови кои останале во Западна Европа по падот на Западното Римско царство. Повеќето од нив се изучувале на латински зашто знаењето на грчки било ограничено.

Ова се променило за време на Преродбата во 12 век. Интелектуалната ревитализација на Европа започнала со раѓањето на средновековните универзитети. Ова го зголемило контактот со исламскиот свет во Шпанија и Сицилија за време на Реконквистата и со византискиот свет и муслиманскиот Левант за време на крстоносните војни, со што на Европјаните им овозможило пристап до арапски и грчки текстови, вклучувајќи ги и делата на Аристотел, Алхазен и Авероес. Европските универзитети материјално помагале во преводот и пропагирањето на овие текстови и започнале нова инфраструктура што била потребна на научните заедници.

Детаљ до портретот на Иго Провансалски, насликан од Томазо да Модена вп 1352 година

На почетокот на 13 век имало најточни латински преводи на главните дела на речиси сите интелектуално клучни антички автори,[1] што овозможило прилично добар пренос на научните идеи преку универзитетите и манастирите. Дотогаш, природните науки што се содржеле во овие текстови започнале да се прошируваат од поважни схоластици како Роберт Гросетест, Роџер Бејкон, Свети Алберт Велики и Дунс Скот. Претходниците на модерниот научен метод можат да се забележат кај Гросетест кој ја нагласува математиката како начин да се разбере природата и во емпирискиот пристап на кој се восхитувал Бејкон, особено во неговото Opus Majus (Големо Дело).

Технологија[уреди]

Во 12 и 13 век во Европа имало радикални промени во бројот на нови изуми, иновации во начините за управување со традиционалните средства за производство и економски пораст. За помалку од еден век имало повеќе успешно развиени и употребувани изуми отколку во претходните илјада години од историјата на човештвото во целиот свет. Во овој период имало голем технолошки напредок, вклучувајќи го создавањето на ветерници, воденици, печатници (сеуште не од подвижните), барут, астролабот, очилата, модерните ножици, подобар часовник и многу подобри бродови. Последните два изума го овозможиле почетокот на Големите географски откритија. Овие изуми биле измислени под влијание на странски култури и општества.

Алфред Крозби ја опиша оваа технолошка револуција во The Measure of Reality: Quantification in Western Europe, 1250-1600 и многу други познати историчари на технологијата исто така го забележале ова.

Бродовите во светот во 1460 година, според картата на фра Мауро.

Уметности[уреди]

Визуелни уметности[уреди]

Уметноста во развиениот среден век ги вклучува овие четири поважни периоди или движења:

Други области на изучување ги вклучуваат регионалните истражувања (на пример, Англо-саксонска уметност и Еврејска уметност) или области на специјализација како просветлените ракописи.

Архитектура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Готска архитектура.

Готската аритектура ја заменила романескниот стил комбинирајќи странични потпори, готски (или шилести) лакови и ребрасти сводови. Била под влијание на духовната заднина од тоа време, со верска суштина: тенки хоризонтални линии и решетки направиле градбата да се стреми кон небото. Архитектурата изгледала лесна и бестежинска, во спротивност на мрачните и крупни форми на претходниот романескен стил. Свети Августин учел дека светлината е израз на Господ. Архитектурните техники се прилагодиле и развиле за изградба на цркви како одраз на ова учење. Разнобојните стаклени прозорци го засилиле духот на осветленоста. Бидејќи бојата била поретка во Средниот век отколку денеска, се смета дека овие виртуозни уметнички дела имале огромно влијание на обичниот човек кој гледал од улицата. Високите сложени ребрасти сводови, а потоа и во форма на ладало покажувале движење кон Рајот. Почитта кон Бог исто така се изразувала со релативната големина на овие градби. Готската катедрала не само што ги повикувала посетителите да се издигнат себеси духовно, туку и ја покажувала големината на Бог. Планот на една готска катедрала се совпаѓал со правилата на схоластиката: според делото на Ервин Пановски Готска архитектура и схоластика, планот бил поделен на делови и подделови. Овие карактеристики се покажани кај најпознатата сакрална градба од тоа време: Нотр Дам во Париз.

Литература[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Средновековна книжевност.

Разликата во културата влијаела на литературата на развиениот среден век, а една од најсилните било христијанството. Врската со христијанството била најголема во латинската литература, која влијаела на народните јазици во литературниот циклус на Римски работи. Други литературни циклуси, меѓусебно поврзани групи на приказни, вклучувајќи ги Француските работи (приказни за Карло Велики и неговиот двор), акритичките песни за витештвото на пограничната војска на Византија, а и можеби најпознатиот циклус, Британски работи, кои содржувале сказни за Кралот Артур, неговиот двор, слични приказни од Бретања, Корнвол, Велс и Ирска. Анонимен германски поет се обидел да ги собере германските митови од времето на Големата преселба на народите на ниво како француските и британските епови, создавајќи ја Песната за Нибелунзите. Исто така имало многу поезија и историски записи кои биле напишани во овој период, како Historia Regnum Britanniae (Историја на кралевите на Британија) од Џефри од Монмаут.

Во јужна Франција се родила Провансалската литература, која е позната по трубадурите кои пееле за дворската љубов. Вклучувала елементи од латинската литература и од арапска Шпанија и Северна Африка. Подоцна нејзиното влијание се проширило во неколку култури во Западна Европа, Португалија, минезангерите од Германија, Сицилија и северна Италија, раѓајќи го италијанскиот Dolce Stil Nuovo од Петрарка и Данте, кој ја напишал најпознатата поема од ова време, Божествената комедија.

Музика[уреди]

Фреска од Бојанската црква, прикажувајќи го царот Константин I Асен Тик. Муралите на црквата се едни од најубавите постигнувања во бугарската култура во 13 век.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Средновековна музика.

Музиката која преживеала до развиениот среден век била главно со верска тематика, бидејќи музичката нотација се развила во верските институции и употребата на нотацијата во секуларната музика се развила подоцна. Во раниот дел од периодот, Грегоријанската песна била доминантната форма на црковна музика; други форми, почнувајќи со органумот, а потоа и клаузулата, кондуктот и мотетот се развиле користејќи ја оваа песна како изворен материјал.

Во 11 век, Гвидо Д’Арецо бил еден од првите кои користеле музичка нотација, со што им било полесно на пејачите да ги запаметат Грегоријанските песни.

Во 12 и 13 век од Грегоријанската песна се изродила полифонијата, која се појавила во делата на школата Нотр Дам (Леонин и Перотин). Подоцна се претворила во ars nova (Филип де Витри, Гијом де Машо) и музичките жанрови од подоцниот Среден век. Најважен композитор во 12 век била монахињата Хилдегарда Бингенска.

Најважното секуларно движење било она на трубадурите, кои се појавиле во Окситанија (денешна јужна Франција) во доцниот 11 век. Трубадурите биле патувачки, доаѓале од сите класи на општеството и пишувале песни на најразлични теми, особено за дворска љубов. Нивниот стил влијаел врз труверите од северна Франција, минезангерите од Германија и композиторите на секуларна музика на 1300те во северна Италија.

Театар[уреди]

Важноста на Развиениот среден век во развојот на театарот била во економските и политички промени кои довеле до формирањето на еснафи и порастот на градовите. Ова донело значителни промени во Доцниот среден век. На Британските Острови, претставите се правеле во 127 различни градови за време на Средниот век. Овие народни мистерии се пишувале во циклуси на голем број на претстави: Јорк (48 претстави), Честер (24), Вејкфилд (32) и во останати непознати градови (42). Голем број од претставите преживеале од Франција и Германија во овој период и некои видови религиозни драми се изведувале во речиси секоја земја во Доцниот среден век. Многу од овие претстави имале комедија, ѓаволи, негативци и кловнови.[2]

Исто така имало голем број на изведби со секуларна тематика во Средниот век, од кои најраната е The Play of the Greenwood од Адам де ла Ал во 1276 година. Содржи сатирични сцени и народен материјал како самовили и други натприродни случки. Фарсата исто така ја зголемила својата популарност по 13 век. Поголемиот број од овие претстави пристигнал од Франција и Германија и се слични во тон и форма, нагласувајќи секс и телесни екскрети. Најпознатиот писател на фарси е драматургот Ханс Закс (1494-1576), кој напишал 198 драмски дела. Во Англија, Втората овчарска претстава (The Second Shepherds’ Play) од циклусот Вејкфилд е најраната позната фарса. Сепак, фарсата не се појавила како независна во Англија се до 16 век со делата на Џон Хејвуд (1497-1580).

Хронологија[уреди]

Катедралата Нотр Дам во Париз, чија изградба започнала во 1163 година, е еден од поубавите примери за архитектурата во Развиениот среден век.

Наводи[уреди]

  1. Franklin , J., "The Renaissance myth", Quadrant 26 (11) (Nov, 1982), 51-60. (Retrieved on-line at 06-07-2007)
  2. Brockett and Hildy (2003, 86)
  1. John H. Mundy, Europe in the High Middle Ages, 1150-1309 Harlow, England, Longman (2000) ISBN 0-582-36987-8
  2. Music of the Middle Ages: 475-1500
  3. Middle Ages: The High Middle Ages on Columbia Electronic Encyclopedia at infoplease
  4. Provençal literature on Columbia Electronic Encyclopedia at infoplease


Шаблон:Среден век