Алмохадска династија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Империја

Алмохадска империја
الموَحدون
al-Muwahhidun
[[Алморавиди|]]
 
[[Зириди|]]
 
[[Хамадиди|]]
1121–1269

Знаме

The Almohad dynasty (green) at its greatest extent, c. 1200.
Главен град Маракеш , Севиља
Јазици Класичен Арапски, Берберски , Мозарапски, Средновековен Хебрејски, African Romance
Вероисповед Сунитски ислам, Римокатоличка, Јудаизам, Ибади, Суфизам
Уредување Монархија
Халиф
 -  1121-1130 Абд ал-Мумин
 -  1266–1269 Идрис II
Историја
 -  Основана 1121
 -  Замрела 1269
Површина 1621393.5 км²
Валута Динар, Dobla Zaena, Dobla almohad)
Preceded by
Succeeded by
[[Алморавиди]]
[[Зириди]]
[[Хамадиди]]
[[Таифа]]
[[Хафсиди]]
[[Зајаниди]]
[[Емиратство Гранада]]
[[Мариниди]]

Алмохади или Мухавиди (арапски: al-Muwahhidun) биле берберска и маварско-шпанска династија (11471269), која била основана во 12 век. Во текот на нивното постоење, тие ја имале заземено цела Северна Африка до Египет и Ал Андалуз односно Маварска Шпанија. Династијата била основана од страна на Ибн Тумарт.

Потекло[уреди]

Династијата потекнува од Ибн Тумарт, кој бил член на берберското племе кое потекнува од регионот на планината Атлас. Ибн Тумарт бил син на свештеник, и како мал бил познат по својата побожност. Како мал тргнал на аџилак кон Мека. Пристигнал во Багдад каде се приклучил на ортодоксниот ислам каде на чело се наоѓал Ал Ашир. Тој всушност сам се стекнал со своето учење односно создал посебна идеологија комбинирајќи го учењето на Ал Ашир. На некој начин тој бил против антропоморфизот во муслиманската ортодоксија.

Основање[уреди]

Kога се вратил во Мароко, Ибн Тамарт имал 28 години. Тој се занимавал со проповедање. Жестоко се спротиставувал на продажбата на вино и други луксузни стоки кои биле спротивни на исламските учења. Бил толку храбар што ја нападна сестрата на алморавидскиот емир Али Ила. По ова, емирот му дозволил да ја одбегне казната.

Тој се засолнил кај својот роднина Масмуд кај планината Атлас. Овде се сретнал со еден Бербер од Алжир по име Абд ал Мумин, кој бил војник и висок државник. Со основање на војска, во почетокот тој претрпел пораз во борбата со Алморавидите. Починал во 1128 година. Во 1130 година Абд ал-Мумин воспоставил своја власт, од каде започнале и успешните војни со Алморавидите.

Во 1147 година бил заземен градот Маракеш во Мароко. Во 1148 година ја зазел Кордоба, во 1154 година Гранада. Преку овие освојувања се прогласил за халиф. До неговата смрт, неговите територии се протегале од цела Северна Африка до Египет, ја имал заземено и Маварска Шпанија односно Ал Андалуз. Негов наследник бил синот му Абу Јакуб Јусуф (влаеел во периодот од 1163-1184) и Јакуб ал-Мансур (1184-1199). Севиља во 1163 година станала престолнина на Ал Аналдуз.

Во почетокот, халифите протерале голем број на евреи и христијани во Кастилја, Арагон и Португалија. Јакуб ал-Мансур ја добил титулата победник по неговата победа во 1195 година над кралот на Кастилја Алфонсо III од Кастилја. Сепак не успеал да го зазеде Толедо.

Пропаѓање[уреди]

Наследник на Ал-Мансур бил Мухамед ал-Насир (1199-1214). Во 1212 година доживеал тежок пораз од страна на Кралство Кастилја, Кралство Арагон, Кралство Навара и Португалија. Тој пораз го означил пропаѓањето на династијата. Набргу доживеал нови порази од страна ан христијаните на Иберискиот полуостров. Во 1236 година била изгубена Кордоба, во 1248 година Севилја. По ова, како единствена маварска држава останала Гранада. Истото се слуќувало и во Северна Африка. Династијата започнала да ги губи своите територии и таму. Нивни најголеми непријатели им биле Маринидите, кои ја основале следната мароканска династија. Последен емир бил Ирдис Ил, кој го поседувал само Маркеш а во 1269 година бил убиен од страна на негов роб.