Алберт Велики
| Св. Алберт Велики | |
|---|---|
| „Свети Алберт Велики“, фреска, 1352, Тревизо, Италија | |
| Епископ, Исповедник, доктор на Црквата | |
| Роден(а) | околу 1193/1206, Лауинген, Баварија |
| Умрел(а) | 11, Келн, Света Римска Империја |
| Почитуван(а) во | Католичка црква |
| Беатификација | 1622, Рим |
| Канонизација | 1931, Рим од Папа Пиј XI |
| Слава | 15 ноември |
| Заштитништво | медицински техничари, природни науки, философи, научници, студенти; Светски ден на младите |
Св. Алберт Велики (роден помеѓу 1193 и 1206 година - починал на 15 ноември 1280) бил доминикански епископ, најмногу познат по своите придонеси за мирољубивата коегзистенција на науката и религијата. Тој се смета за најголемиот германски философ во средниот век.
Роден е во Лауинген, Баварија (Германија) Како професор предавал на многу универзитети, меѓу кои и на Сорбона, прочуениот универзитет во Париз. Поради занимливостите во неговите предавања, морал да предава на плоштадот Мауберт, кој го носи неговото име, од латинските зборови Магнус Алберт. Негов ученик бил и познатиот Свети Тома Аквински, еден од најголемите теолози[1]. Алберт Велики бил првиот средновековен интелектуалец, кој ја вовел Аристотеловата философија во христијанската црква.
Наводи [уреди]
- Починати во Келн
- Починати на 15 ноември 1280
- Починати во ноември 1280
- Починати во 1280 година
- Христијански светци од 13 век
- Римокатолички епископи од 13 век
- Христијански светци од 14 век
- Христијански теолози
- Германски философи
- Германски хемичари
- Германски теолози
- Римокатолички светци од Германија
- Германски светци
- Римокатолички философи
- Христијански мистици