Битка кај Саграхас

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Саграјаз
Дел од Реконквиста
Датум 23 октомври, 1086
Место северно од Бадајоз
Исход Победа на Алморадидите[1]
Завојувани страни
Estandarte del Reino de Castilla.png Кралство Кастилја Flag of Almohad Dynasty.svg Алморавиди
Команданти и водачи
Алфонсо VI Јусуф ибн Ташфин
Сила
2,500 men[2] скоро три пати поголема од христијанската[3]
Жртви и загуби
Непознато Непознато

Битката кај Саграјаз, позната и како битката кај Залага (арапскиمعركة الزلاقة ) се одвила на 23 октомври 1086 година помеѓу Алморавидите предводени од Јусуф ибн Ташфин на една страна и Кралство Кастилја предводено од Алфонсо VI. Оваа битка односно бојно поле е познато и како аз-Залагах (во превод значи лизгав терен) поради огромната количина крв која била пролеана тој ден.

Битката започнала во петокот во самите мугри со нападот предводен од Кастилја. Јусуф ибн Ташфин неговата војска ја поделил во три целини. Првата дивизија била предводена од Абад III ал-Мутамид, втората од Јусуф ибн Ташфин, а третата се состоела од африкански војници. Абад III ал-Мутамид и неговата дивизија војувале со Алфонсо цело попладне, а потоа Јусуф ибн Ташфин со неговата група се приклучиле на битката и го опкружиле Алфонсо VI и неговите војници. Алфонсо и нговата војска во паника започнале да го губат теренот, а потоа по наредбата на Јусуф била испратена и третата група на војници.

Христијаните доживеале тежок пораз. Се смета дека само околу 500 витези успеале да се вратат во Кастилја. Кралот Алфонсо се здобил со тешка повреда на ногата. Со оваа битка било спречено ширењето на христијанските територии кон јужните делови на Иберискиот полуостров.

Наводи[уреди]

  1. Dupuy, R. Ernest and Trevor N. Dupuy, The Harper Encyclopedia of Military history, (HarperCollins Publishers, 1993), 324.
  2. Lewis, David Levering, God's Crucible, (New York: W & W Norton Inc, 2008), 364.
  3. Lewis, God's Crucible, 361.