Босанска црква

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гностицизам
Simple crossed circle.svg
This article is part of a series on Гностицизам
Историја на гностицизмот
Ран гностицизам
Сириско-египетски гностицизам
Гностицизам во денешно време
Отци
Филон Александриски
Симон Врач
Серинтиј
Валентин
Василид
Гностички текстови
Гностички евангелија
Гностицизам и Новиот Завет
Поврзани статии
Гносис
Неоплатонизам и гностицизам
Мандеизам
Манихејство
Босанска црква
Езотерично христијанство

Гностицизам Portal
Босански храм

Босанската црква била христијанска организација на босанските верници која постоела во текот на средниот век. Иако православната и римокатоличлката црква ги сметаат за ереси, припадниците на оваа црква се сметале за праведни христијани. До денес, сеуште се водат дискусии околу нејзиниот карактер и нејзината поврзаност со богомилството.

Во текот на своето постоење, црквата била изложена на најразлични протеруања, а против неа биле организирани и крстоносни походи. Таа престанала да постои по заземањето на Босна од страна на Османлиите во текот на 1463 година.

Уредување[уреди]

Меѓу припадниците на Босанската црква се разликувале правите христијани, односно духовниците кои се придржувале на верските прописи, и луѓето кои не морале строго да се придржаваат на верските закони. За разлика од источната и западната црква, кои се служиле со латинскиот и грчкиот јазик, Босанската го користела народниот словенски јазик. Врховен поглавар на црквата бил Дед, а свештениците претставувале обични гости.

Карактеристики[уреди]

Припадниците на Босанската црква меѓу себе се нарекувале христијани. Во богослужбата се служиле со старословенскиот јазик, користејќи го кириличното писмо. Во куќата (хижа) владеел обичниот живот помеѓу мажот и жената. Поглаварите обично носеле народни словенски имиња, наместо тогашните еврејски и грчки. Годините ги броеле според раѓањето на Христос, а не од создавањето на светот, како што било според византискиот календар. Црквата не ја прифатила хиерархијата ниту на источната ниту на западната црква. Таа официјално била признаена од страна на папата во Рим, но сепак се противила на своите должности спрема папата, кој пак од своја страна ги прогонувал нејзините верници.

Според зачуваните документи, верниците правиле преписи на делови од Новиот Завет, каде не бил ставен голем акцент на т.н. големи теми.

Историја[уреди]

За прв пат, Босанската црква се споменува под латинското име ecclesia bosnensis (или bistuensis, boestoensis) во 530 година, како и во 533 година на црковниот собор во Салона, во Далмација, каде нејзиниот епископ Андриј станал потписник на црковните решенија од соборот. Се смета дека седиштето на оваа ранохристијанска црква била во Мошина, кај Травник, во времето кога земјата била владеена од страна на Источните Готи.

11 век[уреди]

Најрани податоци од Босанската црква се среќаваат кај списокот од црквата, каде за прв поглавар се споменува Еремија, за кој се претпоставува дека раководел со црквата во периодот околу 1100 или 1024 година. Во тоа време, некои од хрватските свештеници, кои црквата ги прогласила за еретици на Сплитскиот собор, заминале за Босна и станале дел од Босанската црква, каде бил воведен словенскиот јазик.

12 век[уреди]

Во времето на Бан Кулин (11801204), Босанската црква станала позната по тоа што пружела помош на прогонетите пратеници од Далмација и Рашка, засолнувајќи ги. Банот Кулин бил оженет за сестрата на Стефан Немања, за која се смета дека имала богомилска свест. Кулин при нејзиното протерување и пружил помош и ја примил како добра христијанка и поради ова, тој кај народот останак запаметен како Добриот.

Со прогонувањето на богомилите во Рашка, во 1186 година бил организиран собор против богомилите од страна на Стефан Немања. Во исто време, Католичката црква, на чело со сплитскиот епископ, протерала од Сплит и Трогир голем број на верници, кои својот спас го нашле кај банот Кулин. Меѓу овие кои пребегнале бил и Аристодиј, за кој се смета дека подоцна станал Растудиј, поглавар на Босанската црква. И покрај постојаните закани од католичкиот свет, Босна уште долго останала оаза на пребегнатите еретици од латинскиот свет.

Во 1199 година, кралот на Далмација и Дукла, Вукан Немањиќ, најстариот син на рашкиот крал Стефан Немањиќ, го известил на папа Инокентиј III, основачот на инквизицијата, дека во земјата Босна се развива ерес и тоа од голем размер, па и самиот бан Кулин бил заведен од страна на неговата спруга, и дека повеќе од 10.000 христијани го прифатиле тој ерес. Во продолжение на писмото, кралот му ја образложил опасноста од нивното учење кое толку било расширено по територијата на Босна, и дека истото движење претставувало и голема опасност за самата Католичка црква во Рим.

13 век[уреди]

На 11 октомври 1200 година, Папа Инокентие III му испратил писмо на својот вазал, унгарскиот крал Емерик во кое го известил најпрвин околу стореното од страна на босанскиот бан. Папата исто така му наредил на унгарскиот крал да му се обрати на Кулин, и да му нареди да ги протера еретиците, а доколку Кулин не го послуша, тој да покрене војна против Босна. Кулин се обидел да избегне евентуален крстоносен поход преку писмо кое го упатил кон папата во кое се правдал дека постапките на неговите т.н. еретици не ги сметал за кривоверство, туку нив ги сметал за добри христијани. По ова, тој го замолил на папата да го испрати својот посланик за да ја преиспита ситуацијата на терен. Така, на 21 ноември 1202 година, папата напишал на епископот Бернард околу состојбите во Босна, како и околу посланието кон унгарскиот крал.

Папата во почетокот на април 1203 година испратил своја делегација на чело со Јован де Казамарис во Босна, под заштита на Унгарија, а со посредништво на дубровничкиот ѓакон. На 8 април 1203 година, папската делегација на црковно-државниот собор во Билино Поле го принудиле банот да потпише изјава дека ги признаваат обичаите и правото на римската црква. Овој документ е познат како Билинополска изјава. Со оваа изјава, приврзаниците на Босанската црква дале изјава дека се оградуваат од можната шизма, и дека ќе останат доследни на заповедите Римокатоличката црква, како и дека во сите цркви во недела и на празници ќе се одржува литургија, како и дека во сите цркви ќе биде изградено олтар и крстови. Освен ова, Босанската црква се обврзала да го проучува Стариот и Новиот Завет, да се придржува на постото, на црковните празници, на канонското право според кое жените ќе бидат одделени од мажите и.т.н. По овој чин, христијанските поглавари Љубин и Дражен биле однесени кај унгарскиот крал каде морале да по повторат своето обеќање дека ќе се пристрасни кон католичката црква.

Сепак, голем број од босанските христијани многу бргу се вратиле кон своите обичаи. Тие продолжиле да бираат сдтарешина без дозвола на папата.

Крстоносна војна[уреди]

Протерувањер на голите катари од Каркасон во 1209 година

Во текот на 13 век, инквизицијата зазела голем замав преку прогонување на христијаните кои се противеле на римската власт. Папата Инокентие III повикал на крстоносна војна против катарите во Лангдок, денеска Јужна Франција, која војна траела од 1209 до 1229 година. Степенот на насилство од страна на католиците бил толку голем што на почетокот од војната, крстоносците ги убиле сите живели на Безиер, кој град броел околу 10.000 луѓе. На 15 август 1209 година, крстоносците го освииле градот Каркасон, каде на населението му го одзеле целиот имот и ги протерале голи од градот. Голем дел од христијаните побегнале во Босна, пред да започне војната. На 2 јули 1233 година, кардиналот Конрад напишал писмо во кое го истакнал ересот на папата во Босна. Во тоа време, на чело на Босанската црква бил Растудиј.

Во исто време, голем број на богомили пак биле прогонувани од Рашка, и истите тие се засолнувале во Босна. Во 1233 година, папата го испратил својот посланик за да го смени босанскиот епископ, заштитникот на еретиците. За настаните во Босна бил обвинет дубровничкиот епископ, бидејќи според него тој требало да биде подобро запознаен. Така на местото на Босанската црква бил ставен германецот Јохан, припадник од домениканскиот ред. Босанците не го признаеле новиот епископ, туку избрале свој. Со ова во исто време во Босна имало два епископи, еден босански и еден латински. Така, Домениканците преку инквизицијата го започнале прогонувањето на кривоверците, кое предизвикало големо незадоволство.

Папа Григур IX во 1234 година започнал крстоносна војна против еретиците во Босна, а во 1235 година ја потврдил тезата дека Босна припаѓа на војводството Коломан. Така, во периодот од 1235 до 1237 година, Кралство Унгарија извршила крстоносен поход во Босна. Војната траела скоро пет години, а крстоносците во текот на истата успеале да ја заземат Босна. Во текот на нападите, населението било повторно изложено на најразлични сурови угнетувања. Сепак и населението пружило голем отпор. Бидејќи овој поход останл без скоро никакви успеси, унгарскиот крал Бела IV побарал повторна интервенција во Босна. Во тоа време на чело на Босна стоел банот Матеј Нинослав. Тој напишал писмо до папата во кое се обидел да го убеди декае голем католик и дека никогаш не бил на страната на еретиците.

По завршувањето на војната, унгарскиот двор успеал да го премести седиштето на Босанската црква во Ѓаково. Во 1284 година, Стефан Драгутин од страна на унгарскиот крал добил управа над дел од Босна. Во 1291 година, Драгутин се обратил на папа Никола IV со цел да бидат испратени мисионери. Во тоа време, Драгутин успеал дголем дел од еретиците да ги преобрати во вистинската христијанска вера.

14 век[уреди]

Во 1325 година папа Јован XXII му напишал на банот Стефан II Котроманиќ дека голем број на еретици од Европа повторно се преселиле во Босна. Во 1337 година хрватскиот кнез Нелипац покренал крстоносен поход во Босна. Во текот на 1340 и 1343 година бил основан фрањевачки ред во Босна, зајакнувајќи ги позициите на католичката црква. Така, биле основани нови манастири, каде биле крстени голем број на еретици.

15 и 16 век[уреди]

Во 1461 година Стефан Томаш заробил три епископи на босанската црква и ги испратил во Рим. Во меѓувреме започанло и Османлиското освојување на Босна и Херцеговина. По пропаста на Босна како држава, и самата црква престанала да постои. Според некои иследователи, босанските христијани, кои во текот на својата историја биле во целост прогонувани како од католиците така и од православните христијани, по доаѓањето на Османлиите на овие простори, тие масовно го примиле исламот. Според некои податоци, во првата година во ислам преминале повеќе од 100.000 луѓе.