Корбец
Изглед
Корбец / Горбеч Τρικλάριο | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.776 м |
Географија | |
Место | Општина Преспа, Егејска Македонија, Грција |
Корбец (Горбец, Горбеч или Корабец; грчки: Τρικλάριο, Трикларио) — планина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Сместена е во јужниот дел на Општина Преспа, Лерински округ, по границата со Албанија. Долга е околу 30 километри. Највисоката точка е на надморска височина од 1.776 метри. Планината претставува јужна граница на Преспанската Котлина.
На север Корбец е сврзан со планината Баба, а Желевска (Рулска) Река го дели од Нередска Планина на исток, при што на дното се наоѓа Малото Преспанско Езеро. Највисок врв е Корбец е Врба, на надморска височина од 1.776 м. Други врвови на планината се Орлово (1.715 м), Каракол (1.689 м) и Црн Срт, 1.394 м.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
|