Чуки (Оризари)
Чуки, Куново или Турски гробишта — археолошко наоѓалиште во јужниот дел на кочанската населба Оризари. На овој простор се наоѓале 5 могили од железното време, а имало и градиште (крепост). При рекогносцирањето на М. и Д. Гарашанин биле констатирани три могили, а во 1964 била истражена могилата бр. 1. Во неа се пронајдени два гроба со скелетни погребувања. Едниот гроб е со наоди од железното време, а другиот со римски монети од IV век.
Иако во текот на шеесеттите години на XX век биле правени обиди за заштита на могилите, истите при градењето на патот Кочани - Берово се уништени. Во текот на 1986 и 1987 година биле истражени остатоците од могилата бр. 2, при што повторно се констатираниримски погребувања врз оние од железното време (VII век пр.н.е.). Овие култни места биле користени за погребување и во подоцнежните периоди, како во средниот век, па дури и подоцна.