Евенкија
Евенкија, старо име: Тунгузија (руски: Эвенкийский автономный округ) — федерален субјект на Русија (автономен округ на Краснојарскиот крај). Нејзиниот административен центар е Тура. Со 767,600 км², таа е седма членка по големина; но истовремено најмалку населена (17,697 во 2002). Во 1908 ова било местото на Тунгускиот настан.
По референдумот на 17 април 2005 г., областите Евенкија и Тајмирија ќе бидат припоени кон Краснојарскиот крај на 1 јануари 2007.
Часовен појас
[уреди | уреди извор]Евенкија се наоѓа во Краснојарскиот часовен појас (KRAT/KRAST). UTC израмнување: +0700 (KRAT)/+0800 (KRAST).
Административни поделби
[уреди | уреди извор]Реони
[уреди | уреди извор]Евенкискиот автономен окург се состои од следниве реони:
- Бајкитски (Байкитский)
- Илимпијски (Илимпийский)
- Тунгуско-Чунски (Тунгусско-Чунский)
Демографија
[уреди | уреди извор]Население (2002): 17,697.
Етнички групи: Од вкупно 17,697 жители (по попис од 2002) 2 (0.01%) не се имаат искажано. Останатите се од 67 етнички групи: 10.958 етнички Руси (62%), 3.802 Евенки (21,5%), 991 Јакути (5,6%), 550 Украинци (3,1%), 211 Кети (1,2%), 162 Татари (0,91%), 152 Хакаси (0,86%), 127 Поволшки Германци (0,72%) итн.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
Оваа статија место во Сибир е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |