Ковче
Ковче | |
Табла на влезот од селото | |
Координати 41°39′45″N 21°10′23″E / 41.66250° СГШ; 21.17306° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Горно Порече |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03024 |
Надм. вис. | 550 м |
Ковче на општинската карта Атарот на Ковче во рамките на општината | |
Ковче на Ризницата |
Ковче — село во Општина Македонски Брод, во близина на Самоков.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Горно Порече, во источното подножје на планината Добра Вода. Лежи на брегот на Мала Река, во рамничарски предел, на надморска височина од 550 м. Атарот има површина од само 1,9 км2[2] Крај селото минува и регионалниот пат Растеш - Калуѓерец (Р2132), кој го поврзува со Самоков на северозапад. На неколку стотини метри североисточно од Ковче е фабриката за муниција „Сувенир“ („Сумбро“).
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Ковче е населено уште од римско време, за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Грамадиште на 2 км јужно од селото.[3]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Според податок од 1998 г. Ковче поседува 149 ха шуми, 26 ха обработливо земјиште и само 5 ха пасишта.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Во XIX век Ковче било село во Поречката наија на Кичевската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ковче (Kovtché) било село со 6 домаќинства сочинети од 28 жители Македонци.[5][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ковче имало 24 жители, сите Македонци христијани.[5][7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ковче се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 2 куќи.[8]
На почетокот на XX век целото село било под удар на српската пропаганда и Цариградската патријаршија. Според патријаршискиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки, во 1904 г. во Ковче имало 4 „српски“ куќи.[9] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ковче имало 24 Македонци под патријаршијата и притисок на големосрпството.[5][10]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Ковче како македонско село.[5][11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[12]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Ковче отсекогаш било мошне мало село кое почнало да расте пред Втората светска војна. Со изградбата на фабриката „Сувенир“ во наредниот период, неговото население драстично се зголемило, но потоа почнало да опаѓа, веројатно поради прераспоредување на работната сила. Според пописот од 2002 г. селото имало 8 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 24 | 24 | 72 | 200 | 85 | 67 | 33 | 33 | 25 | 8 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Илија“), изградена во 1973 г.[17]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0257 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Зркле и Старо Село, кое е сместено во Селскиот дом во Зркле.[18]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[19]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи.[20]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Грамадиште — населба и некропола од римско време
Личности
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 152. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 327. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 94-95.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 258. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
- ↑ Допис на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Бродско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 2021-01-28. Занемарен непознатиот параметар
|достъп_дата=
(help) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|