Прејди на содржината

Џамија Зејрек

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џамија Zeyrek)
Џамија Зејрек
Zeyrek Camii
Поглед кон џамијата
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Координати41°1′11″N 28°57′26″E / 41.01972° СГШ; 28.95722° ИГД / 41.01972; 28.95722
ПрипадностСунитски ислам
ЕпархијаФатих
Осветенод 1118 до 1124
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква со квадратен крст
Архитектонски стилвизантиска архитектура
Завршен1136
Особености
Материјалитула

Џамијата Зејрек (турски: Molla Zeyrek Camii) - џамија која се наоѓа во стариот дел на Истанбул, Турција. Овој објект во времето на Византија претставувал комплекс од две цркви и една капела, и денес претставува типичен пример за византиската архитектура од средниот период на Цариград. Во времето кога бил изграден, комплексот бил втор по големина како градба во Цариград, веднаш по Аја Софија. Таа била изградена во периодот од 1118-1124 година како црква „Свети Седржител“.

Комплексот се наоѓа во Фазилет, Фатих. На помалку од километар на југоисток од џамијата се наоѓа џамија Ески Имарет.

Историја

[уреди | уреди извор]

Византиски период

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во периодот од 1118-1124 година како црква „Христос Седржител“ во времето на Ирина Комнина[1]. Манастирот се состоел од главната црква[2], библиотека и болница[3]. По смртта на неговата сопруга во 1124, императорот Јован II Комнин изградил уште една црква во северниот дел на комплексот[2], и храмот бил посветен на Пресвета Богородица Елеуса[2]. Во следниот период била додадена капела која станала место каде биле погребувани дел од членовите на династијата Палеолози[1], како императорот Јован II и неговата сопруга Ирена.

За време на Латинско Царство по Четвртата крстоносна војна, комплексот паднал под венецијанска власт[4]. Манастирот се користел и како резиденција на последниот латински император Болдвин. По реставрација на Византија, црквата повторно станала дом за православните монаси, со капацитет од 700 монаси. Еден од најпознатите монаси кои живееле овде бил Генадиј II, кој го напуштил манастирот и станал првиот цариградски патријарх кој застанал на таа функција по исламското освојување на градот во 1453 година[5].

Османлиски период

[уреди | уреди извор]
Внатрешноста на џамијата

По падот на градот објектот бил претворен во џамија, додека манастирот во медреса[6]. Османлиите ја именувале џамијата според Мола Зејрек, научник кој работел во медресата. По завршувањето на медресата во Фатих џамија во 1471 година, учениците ја напуштиле џамијата Зејрек[7].

Објектот неколку години бил напуштен и како резултат на тоа бил додаден во списокот на загрозени споменици на УНЕСКО.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Krautheimer (1986), p. 409
  2. 2,0 2,1 2,2 Ousterhout (2001), p. 133
  3. Gülersoy (1976), p. 213
  4. Van Millingen (1912), p. 227
  5. Van Millingen (1912), p. 232
  6. Eyice (1955), p. 58
  7. Ahunbay (2001), p. 118

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Van Millingen, Alexander (1912). Byzantine Churches of Constantinople. London: MacMillan & Co.
  • Eyice, Semavi (1955). Istanbul. Petite Guide a travers les Monuments Byzantins et Turcs (француски). Istanbul: Istanbul Matbaası.
  • Ousterhout, Robert (2001). „Architecture, Art and Komnenian Ideology at the Pantokrator Monastery“. Во Necipoğlu, Nevra (уред.). Byzantine Constantinople: Monuments, Topography and everyday Life. Leiden, Boston, Köln: Brill. ISBN 90-04-11625-7.
  • Ahunbay, Metim; Ahunbay, Zeynep (2001). „Restoration work at the Zeyrek Camii, 1997-1998“. Во Necipoğlu, Nevra (уред.). Byzantine Constantinople: Monuments, Topography and everyday Life. Leiden, Boston, Köln: Brill. ISBN 90-04-11625-7.
  • Ronchey, Silvia; Braccini, Tommaso (2010). Il romanzo di Costantinopoli. Guida letteraria alla Roma d'Oriente (италијански). Torino: Einaudi. ISBN 978-88-06-18921-1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]