Аргентина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с r2.5.2) (Робот: Додава ki:Argentina
Ред 197: Ред 197:
[[gl:Arxentina - Argentina]]
[[gl:Arxentina - Argentina]]
[[gan:阿根廷]]
[[gan:阿根廷]]
[[ki:Argentina]]
[[gu:આર્જેન્ટીના]]
[[gu:આર્જેન્ટીના]]
[[hak:Â-kîn-thìn]]
[[hak:Â-kîn-thìn]]

Преработка од 17:54, 2 ноември 2012

Аргентина е држава во Јужна Америка, сместена меѓу Андите на запад и Атлантскиот Океан на исток. Се граничи со Парагвај и Боливија на север, Бразил и Уругвај на североисток и Чиле на запад. Формалното име на земјата е República Argentina ("Аргентинска Република"), додека за потребите на легислација, се користи формата Nación Argentina ("Аргентинска нација"). Главен град на Аргентина е Буенос Аирес, каде живее повеќе од една четвртина од населението кое брои 39,144,753 жители.

Етимологија

Името на Аргентина доаѓа од латинскиот збор argentum (сребро). Тој збор влече корени од старогрчкиот збор ἀργήντος (argēntos), "бело, сјајно". Αργεντινός е старогрчки епитет што значи "сребрен". Првите кои го употребиле зборот Argentina се Шпанските и Португалските колонизатори на Рио де Ла Плата во 16 век. Рио де Ла Плата значи "Сребрена Река" на шпански јазик.

Историја

Територијата на денешна Аргентина била ретко населена пред доаѓањето на европските колонисти. Индијанскиот народ Диагуита живеел на овие простори во денешна северозападна Аргентина, во соседство со Империјата на Инките, а недалеку, односно источно живеел и опстојувал народот Гварани.

Првите европјани на оваа територија стапнале во 1502 година, на чело со Америго Веспучи. Шпанците основиле стална колонија на местото каде денеска се наоѓа престолнината на Аргентина, Буенос Ариес во 1580 година, како дел од Вицекралството Перу. Вицекралството било формирано во времето на Карло V, цар на Светата Римска империја на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франциско Пизаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу.

По создавањето на Вицекралството Рио де ла Плата во 1776 година, Аргентина заедно со денешните земји Парагвај, Уругвај и голем дел од Боливија биле вклучени во нејзиниот состав. Престолнина на вицекралството бил градот Буенос Аирес, кој станал голем трговски и финансиски центар. Ова вицекралство било формирано во 1776 година по неизиното одвојување од Вицекралството Перу. Целта на формирањето била заштита на шпанските колонии од се почестите англиски и португалски амбиции за овој регион. Веќе во 1810 година започнало пропаѓањето на вицекралството по објавувањето на независност на Аргентина и Уругвај во 1810 година под името Соединетите провинции на Рио де ла Плата а во 1816 година објавила и независност, потоа Парагвај во 1811 година, Боливија во 1825. Уругвај пак во периодот од 1816 до 1828 година се борел против Бразил и Португалија кои сакале оваа територија даја приклучат кон нивната држава.

Во втората половина на 19 век, Аргентина се развила главно поради својата добра географска положба и пред се излегувањето на море. Во периодот од 1865-1870 година, Аргентина заедно со Бразил и Уругвај воделе војна против Парагвај.

Во текот на модерната историја на Аргентина, на чело на земјата застанале поголем број на избрани власти и воени диктатури. Социјалните и политичките прилики довеле до доаѓање на власт на Хуан Доминго Перон во 1946 година. Самиот Перон спровел агресивна политика во земјата, главно насочена кон зајакнување на земјата. Хуан Доминго Перон на власт се задржал до 1955 година, кога на негово место застанал со воен удар Едвардо Лонарди. Перон бил принуден во прогонство и покрај тоа што останал многу популарен во земјата.

Во текот на 1960-тите, власта се обидела да се соочи со проблемите околу економскиот раст на земјата и социјалните проблеми. Во следните години владееле голем број на немири помеѓу приврзаниците на Перон и неговите непријатели. Така, на крај Перон се вратил од прогонство и на изборите во 1973 година победил на изборите. Тој починал во 1974 година, а власта по ова била превземена од страна на милитаристите. Земјата и во следните години се соочила со неповолната економска состојба.

Овој период од историјата на Аргентина е познат и како гнасен или валкан период, во кој биле убиени и затворени голем број на неистомисленици на воената диктатура, проследено преку кршење на основните човечки права. Се смета дека жртви на режимот биле околу 10.000 до 30.000 население. Сепак, милитаризмот на Аргентина дошол во криза главно поради нерешените економски проблеми на народот.

Во 1982 година се водела Фолкландската војна помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство за спорните Фолкландски острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички острови. Во времето пред војната, Аргентина била зафатена од голема економска криза и граѓански немири против воената хунта која владеела од 1976.[1] Аргентинската воена власт настојувала да ја задржи моќта преку пренасочување на вниманието на јавноста на вековниот спор со Британија околу суверенитетот на островите[2], но не очекувала дека Британија ќе одговори со воена сила.[3] Суверенитетот на Фолкландските острови е предмет на тензии кој ескалирал кога на 19 март група најмени аргентински трговци го истакнале знамето на Аргентина на Јужна Џорџија, што подоцна било сметано за првиот офанзивен акт во војната. Аргентинската воена хунта, сметајќи дека Британија може да го засили военото присуство во јужниот Атлантик,[4] ја наредила инвазијата на островите за 2 април. Веста за инвазијата најпрво стигнала во Британија преку аматерско радио.[5] Британија најпрво била изненадена од нападот на Аргентина, и покрај повеќекратните предупредувања од своите морнарички офицери за можната инвазија.[6][7] Само неколку недели подоцна, Британците започнале поморска и воздушна офанзива, и за кусо време ги зазеле островите и ги заробиле сите аргентински војници што биле стационирани на нив.

По крајот на војната, под голем притисок на јавноста, во Аргентина конечно биле вратени политичките слободи па од 1983 година биле распишани демократски избори.

Географија

Салта.

Аргентина зафаќа површина од 2,766,889 km², од кој 2,736,691 km² на копно и 30,200 km² на вода. Аргентина е приближно 3.700 км долга од север до југ,и 1.400 км од исток до запад. Земјата, географски може да биде поделена на четири делови: од плодните полиња на пампас во центарот на државата, изворот на аргентинското агрикултурно богатство; рамната, богата со нафта висорамнината Пентагонија во јужната половина на Огнената Земја; Суппропските рамнини на Гран Чако во северот; и верижниот Андски планински венец во должина на западната граница на Чиле.

Највисоката точка на Аргентина е лоцирана во Мендоза. Черо Аконагва, на 6962 метри (22.834 стапки) е највисоката планина во Јужна Америка и во западната хемисфера. Најниската точка е Лагуна дел Кабон во Санта Круз, −105 метри (−344 стапки) под морскота ниво. Ова е најниската точка во Јужна Америка.

Земјата има терироријално тврдење врз дел од Антартикот (непризната од било која земја) каде, од 1904, има одржувано постојано присуство.

Флора и фауна

Земјата е традиционално е поделена на неколку големи геогравски региони:

Пампас

Рамнините западно и јужно од Буенос Аирес. Наречени Хумид Пампа, тие покриваат повеќето од провинциите на Буенос Аирес и Кордоба, и големи делови од провинците Санта Фе и Ла Пампа западниот дел од Ла Пампа и провинцијата Сан Луис исто така имаат рамнини (сувата Пампа). Гран Чако Регионот Гран Чако во северот на земјата има суви/мокри сезони. Најмногу со плантажи за памук. Ги покрива провинциите Чако и Формоса. Покриена е со субтропски шуми, тундри и некои мочуриште, и голем број на растениски и животински врсти. Провинцијата Сантиаго дел Естеро лежи во посув регион на Гран Чако. Месопотамиа Земјата помеѓу реките Уругвај и Парана е нарецена Месопотамија и е поделена помеѓу провинциите Кориентес и Ентре Риос. Има рамнини поволни за растење на растенија и Ибера мочуриштата и централните Кориентес. Мисионес провинцијата е повеќе тропска и припаѓа на бразилските висорамнини има субтропски дождовни шуми и Игуазу Водопади.

Патагонија

Степите на Патагонија во провинциите Неукен, Рио Негро, Чубут и Санта Круз се од трето потекло, повеќето од регионите се пустински. Огнената Земја е ладна и мокра Креирана од океански влијаења северна Патагонија. Северна Патагонија можат да се најдат и под имета Комахуе регион Кујо Западно Централната Аргентина е доминирана од огромните планини Андите. На нивниот исток има еден регион Познат како Кујо. Топењето на водите од височините на планините создадиле ОАЗИ на центарот на богато со овошје и вино во мендоза и Сан Хуан провинциите. Подалечните северни региони стануваат се потопли и се посуви. НОА или Северозапад Овој регион е повисок од просечните планини. Повеќе паралелни планински венци имаат врвори повисоки од 6000 м, тие доминираат со областа. Овие венци стануваат се пошироки како одат накај север тие се исечени од плодни речни корита. Најважни се Чалмахуи долините во провинциите Катамарка, Тукуман и Салта. Тропската куприкон оди преку делечниот Север на регионот.

Реки и езера

Поголемите реки во Аргентина се: Пилкомајо, Парагвај, Бермејо, Колорадо, Рио Негро, Соладо, Уругвај и најголемата Парана. Последните две се соединуваат пред да се влеат во Атланскиот океан, формирајќи ја Рио Де Ла Плата. Регионално најважните реки се Ауел и Мендоза во истонаречената провинција,Чубут во патагонија, Рио Гранде во Хухуј и Сан Франциско во Солта. Има неколку големи езера во Аргентина повеќето од нив во Патагонија.заедно со нив се Аргентино и Виедма во Санта Круз, Нахуел Хуато во Рио Негро,Фагноно во Огнена Земја, Кохуе Хуати и Мустерс во Чубут. езерата Буенос Ариес и О’Хигнис/Сан Мартин се поделени со Чиле. Кордоба се најголемите Солени езера во земјата. Брегови и мориња Аргентина има 4.665 km долг брег. Континенталната платформа е необично долга; Во Аргентина ова плитко место во Атланскиот Океан се вика Мар Аргентино. Водите се богати со риби и се сомнева дека во неа се има важно хидројаглеродно богатсво. Аргентинскиот брег варира помеѓу места со песочни плажи и со гребени.Две поголеми океански струи влијаат на брегот се Топлата Бразилска Струја и Ладната Фаркланд Струја. Поради различната брегова височина, двете струи го зголемуваат или намалуваат своето влијаење и не дозволуваат тампературата да се намалува правопропорционално со височината. Јужните брегови на Огнената Земја го формираат северниот брег на дракенскиот премин

Клима

Чалчахуи долините во Салта провинцијат

Поради лонтудата и елевацијата на амплитудите, Аргентина е земја со многу клими. Како по правило, климата е со голема лепеза на температури од субтропски на север до субполарни на југ. Северот на земјата е карактеризиран со многу жешки суви лета со млаки и влажни зими, истотака и со периодични суши. Централна Аргентина има жешки лета со бури и ладни зими. Јужните региони имаат топли лета и ладни зими проследени со многу снег, посебно во планинските предели. Најжешката и најладната температура забележани во Јужна Америка се случиле во Аргентина. Рекордно жешко било во Вила Де Мариа во Кордоба на 2 јануари 1920 изнесувала 49.1 °C. Најниската температура која била забележана била -39 °C во Вале де лос Патос Поголемите во Сан Хуан, 17 јули 1972. Поголеми ветрови во Аргентина се ладниот Памперо кој дува на рамнините на Патагонија и во Пампас, Виенто Норте, топол ветер што дува на северот во средината или касна зима креирајќи благи услови. Зонда жежок сув ветер кој дува во западно-централна Аргентина.Исцедени од сите влаги за време на 6,000 метарското спуштање од Андите. Зонда може да дува со часови со брзина до 120 милји на час. Кога Зонда дува (Јуни-Ноември) снежни бури се појавуваат на повисоките височини.

Суестада или Југо-исток е слична на Нореастер иако ретко паѓа снег.двете се одликуваат со длабоко зимски низок притисок. Најчесто се појавува со доцна есен и зима по должината на бреговите на централна Аргентина најчесто во Рио де ла Плата. Во јужните региони обично на далечен југ за време од ноември до февруари се појавува феномен на повеќе дневна светлина (до 19 часови) и продолжени ноќи од мај до август. Најисточната точка на Аргентина е градот Бернардо де Иригојен, Мисионес ( 26°15′S, 53°38′W), нај западната точка е Марианно Морено Ранге во Санта Круз( 49°33′S, 73°35′W). Најсевернета точка е Гранде де Сан Хуан и Мојинете Реките во Хухуј ( 21°46′S, 66°13′W), и најјужната точка е Капе Сан Пио во Огнена Земја( 55°03′S, 66°31′W). извор од Б.в.

Политички систем

Административна поделба

Население, јазик и религија

Во Аргентина зивеат околу 40.301.000 луге.Во Аргентина официјален јазик е спански.Поголемиот дел од населението се католици.

Култура во Аргентина

Ангели (ТВ серија)

Музика во Аргентина

Спорт во Аргентина

Надворешни врски

Видете исто така

Наводи

  1. Argentina - the horrors of a dictatorial past live on - Radio Netherlands Worldwide - English
  2. http://www.me.gov.ar/curriform/publica/sirlin_conv_dictadura.pdf Argentine Government
  3. "Que tenía que ver con despertar el orgullo nacional y con otra cosa. La junta —Galtieri me lo dijo— nunca creyó que los británicos darían pelea. Él creía que Occidente se había corrompido. Que los británicos no tenían Dios, que Estados Unidos se había corrompido… Nunca lo pude convencer de que ellos no sólo iban a pelear, que además iban a ganar." ("This was neither about national pride nor anything else.The junta —Galtieri told me— never believed the British would respond. He thought the Western World was corrupt. That the British people had no God, that the US was corrupt… I could never convince him that the British would not only fight back but also win [the war].") Предлошка:Цитирана веб страница Предлошка:Es icon
  4. En Buenos Aires, la Junta comenzó a estudiar la posibilidad de ocupar las Islas Malvinas y Georgias antes de que los británicos pudieran reforzarlas
  5. BBC NEWS | UK | How BBC man scooped invasion news
  6. Obituary: Captain Nicholas Barker | Independent, The (London) | Find Articles at BNET.com
  7. high cost of cuts, The | Spectator, The | Find Articles at BNET.com

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA