Гордана Јанкулоска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гордана Јанкулоска
Министер за внатрешни работи
На должноста
26 август 2006 – во служба
Претседател Никола Груевски
Претходник Љубомир Михајловски
Наследник нема
Лични податоци
Роден(а) 12 октомври 1975
Охрид, СФРЈ
денес Република Македонија
Националност Македонка
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Вероисповед Православен христијанин

Гордана Јанкулоска (12 октомври, 1975, Охрид) е актуелниот Министер за внатрешни работи на Република Македонија во МВР, назначена на 27 август, 2006[1].

Образование

Дипломирала на правниот факултет на универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, а магистрира на Кентскиот универзитет, Кантербери, Велика Британија со диплома од највисок ранг (LLM, awarded with distinction), на насоката меѓународно деловно право, на тема: „Нормативните ризици и странските инвестиции”. Во јули, 2004 год, UKC-Kent Law School, UK ѝ доделува Награда за посебни достигнувања во областа на правото.

Работно искуство

Јанкулоска има работно искуство во различни сегменти на финансии, комбинирано со соработка со меѓународни институции, од повеќе позиции во Министерството за финансии на Република Македонија: Државен советник, (координатор на секторот за правни, општи и сметководствени работи, управата за имотно правни работи, одделението за одлучување во втор степен во управна постапка од областа на даноци и царини; секторот за управување со капиталот; секторот за информатика и дирекцијата за спречување на перење на пари) ; шеф на кабинетот на министерот; началник на одделение и самостоен советник во секторот за меѓународни финансии.

Учесник е на бројни обуки, семинари и дебати од областа на финасии, право, проектен менаџмент и евалуација на проекти на национално и меѓународно ниво, како и во повеќе тимови за изработката на закони и реализација на проекти во сферата на Реформата на платениот промет, имплементација на фискални машини во Република Македонија.

Други функции

Јанкулоска исто така е претседател на Управните одбори на Национална Платежна Картичка А.Д. – Скопје и на Централниот Регистар ; член на управниот одбор на „Center of Excellence in Finance” – Љубљана ; претседател на комисија за денационализација и член на Советот за денационализација;

Лично

Одлично го говори англискиот јазик и има основни познавања на албанскиот и германскиот јазик.

Наводи