Прејди на содржината

Вера Стојчевска-Антиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вера Сојчевска - Антиќ)
Вера Стојчевска - Антиќ
Роден/а10 август 1939
Македонија, Битола, Македонија
Занимањеисторичар на книжевност, книжевен теоретичар, славист

Вера Стојчевска - Антиќ (Битола, 10 август 1939) — македонски книжевен историчар и теоретичар.

Родена е во Битола на 10 август 1939 година. Основно и средно образование завршила во родниот град. Дипломирала во 1963 година на Филолошкиот факултет во Скопје, при Катедрата за историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Во 1968 година била избрана при истиот Факултет за асистент. Во 1974 година докторирала на тема од областа на средновековната македонска книжевност. Во редовните законски периоди била избрана за доцент, потоа за вонреден и редовен професор. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Почесен член на ДПМ, како и на Американската славистичка асоцијација.

Научна дејност

[уреди | уреди извор]

Вера Стојчевска - Антиќ научниот век го поминала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од местото асистент сè до пензионирањето. Таа била првиот директор на Институтот за македонска книжевност, во основање. Вршела должност на уредник во списанијата: „Литературен збор“, „Современост“, „Спектар“, „Годишни зборници на Филолошкиот факултет“ во Скопје. Избрана е за почесен член на Друштвото на писателите на Р Македонија, потоа прв член од Р Македонија во Американската славистичка асоцијација. Почесен член е на Друштвото за наука во Битола. Вера Стојчевска-Антиќ учествувала со предавања и реферати во бројни странски меѓународни научни собири, како и во славистички центри: Букурешт, Атина, Солун, Варна, Благоевград, Киев, Москва, Петроград, Брисел, Рим, Неапол, Чикаго, Њујорк, Лос Анџелес, Сан Франциско, Детроит, Ен Арбор, Торонто, Њу Делхи и др.

Научната дејност на Вера Стојчевска-Антиќ е позната во бројни македонски и странски славистички центри, која главно се одвивала околу средновековната македонска книжевност, теорија, фолклор, со компаративни согледби. Раководител е на повеќе проекти кои ги вклучувале научниците од Филолошкиот факултет, како и од Институтот за македонска книжевност.

Последните години Стојчевска-Антиќ ги има посветено на промовирање на делото на Блаже Конески, преку своите две книги: „Мојот професор пророк“ и „Траен изворник“.[1]

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Покрај овие награди Вера Стојчевска Антиќ примила бројни признанија, пофалници и од повеќе научни и културни институции.

Книгата „Македонистиката во странската славистика“(Кликнете на сликата за да ја читате во целост)

Денес делото на Вера Стојчевска Антиќ содржи над 850 објави во земјата и во странство, од кои околу 70 претставуваат книги, од кои некои се со соавторство, поголеми печатени делови од македонската книжевна историја, од кои посебно се издвојуваат:

  • Од средновековната книжевност, (1976);
  • Локални хагиографии во Македонија, (1977);
  • Низ страниците од јужнословенските книжевности (1977);
  • Средновековните текстови и фолклорот, (1978);
  • Богомилството во средновековната изворна граѓа, (со Драгољуб Драгојловиќ)1978;
  • Климент и Наум Охридски во народната традиција (1982)
  • Св. Климент Охридски, (1986);
  • Тиквешки зборник (со Блаже Конески), (1987);
  • Меѓу книжевен текст и фолклор, (1987);
  • Од ракописното наследство (1987),
  • Пораки од дамнина (1988),
  • Митологуемна (1990)
  • Biblijski atlas, (so drugi avtori), (1990);
  • Сто македонски библиски народни приказни (1993),
  • Во чест на Светите Кирил и Методиј, соавтор (1994),
  • Патописи и разговори (1994),
  • Со збор во светот (патописи, 1995)
  • Апокрифи, (1996);
  • Средновековни романи и раскази, (1996);
  • Претсткажувањата на голем Александар, (1996);
  • Историја на македонската книжевност-Средновековна книжевност,, 1997;
  • Средновековни книжевни жанри, соавтор (2000)
  • Профил, 2001;
  • Култот на Св. Богородица во Македонија, 2003
  • По стапките на христијанството во Македонија, пет книги, (со м-р Митрополит Методија Златанов),2004-2010;
  • Македонистиката во странската славистика, 2014;
  • Почувствувај ја МАКЕДОНИЈА со ШЕСТОТО СЕТИЛО -СРЦЕТО - Циклус СВ.Ѓорѓија
  1. Даскалова, Елена (2018-03-02). „Промовирани две книги за Конески од Вера Стојчевска-Антиќ“. Слободен печат (англиски). Посетено на 2018-12-05.[мртва врска]