Прејди на содржината

Црквино

Координати: 41°39′25″N 21°47′43″E / 41.65694° СГШ; 21.79528° ИГД / 41.65694; 21.79528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквино

Поглед на селото Црквино од ридот Тисовец

Црквино во рамките на Македонија
Црквино
Местоположба на Црквино во Македонија
Црквино на карта

Карта

Координати 41°39′25″N 21°47′43″E / 41.65694° СГШ; 21.79528° ИГД / 41.65694; 21.79528
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 353 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29080
Надм. вис. 340 м
Црквино на општинската карта

Атарот на Црквино во рамките на општината
Црквино на Ризницата

Црквино — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквино се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Велес, од десната страна на реката Бабуна. Селото е ридско, на надморска височина од 340 метри. Од градот Велес населбата е оддалечена 9 километри. Атарот зафаќа простор од 19,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1232 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 371 ха, а на шумите 121 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во минатото селото Црквино било село со мешан етнички и верски состав на населението. Во него живееле православни христијани Македонци и муслимани Турци, при што Македонците биле во поголем број и претставувале мнозинство, а Турците имале поголеми имоти и поседи.

Во текот на 50-тите години на XX век со договорот за иселување на муслиманско население од Југославија во Турција, на местото на иселените Турци од Црквино започнале да се доселуваат Бошњаци од областа Санџак во Србија и Црна Гора, кои исто така биле на пат за иселување во Турција, кое во тоа време единствено било возможно само преку Македонија. Во периодот помеѓу 1953-1957 многу Бошњаци се доселиле на имотите на Турците кои ги продавале за многу евтини и багателни цени[2].

Предание за Марковата Црква[3]

Во преданието „Маркова Црква“ станува збор за месност каде што претходно се наогала Марковата црква во селото. Според преданието, црквата ja подигнал Марко Крале пред доаѓањето на Турците во Македонија, веpojaтно врз темели на постара црква од времето на богомилското движење. Црквата била една од нивните центри од кај што тие ги проповедале своите идеи. Турците, сакајќи да го задушат христијанството, ja урнале црквата. Понатаму преданието вели дека некој Турчин сакал да земе од урнатата црква една греда. Ja товарил гредата на колата, си тргнал за дома, но „на едно сто-двесте метра одма се скамениле и колата и воловите, а и Турчинот умрел". Скаменувањето во ова предание доаѓа како резултат на извршениот престап на Турците кои ja урнале црквата.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото Црквино доаѓа од „староземанската црква“ (средновековната црква Свети Ѓорѓи) во горното маало, која е опкружена со муслимански куќи[4].

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948377—    
1953437+15.9%
1961461+5.5%
1971416−9.8%
1981471+13.2%
ГодинаНас.±%
1991412−12.5%
1994341−17.2%
2002363+6.5%
2021353−2.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црквино живееле 410 жители, од кои 350 Македонци и 60 Турци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црквино имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 363 жители, од кои 2 Македонци, 25 Албанци и 336 Бошњаци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 353 жители, од кои 12 Македонци, 11 Албанци, 3 Турци, 292 Бошњаци, 3 останати и 32 лица без податоци.[9]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 377
1953 130 275 32 437
1961 89 1 341 ... ... 10 ... 20 461
1971 41 57 72 ... 8 ... 238 416
1981 4 87 ... 380 471
1991 8 14 ... 390 412
1994 5 7 ... 329 341
2002 2 25 336 363
2021 12 11 3 292 3 32 353

Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоело можност за декларирање на бошњачки народ.

Црквино е мешано македонско-албанско-бошњачко село, со големи промени на населението кои се засведочени од записи според истражувањата од 1914 и 1966-67 година, каде се забележани следните родови во селото:

  • Македонски: Чавдаровци, Никовци[4] Ќосевци (слават Св. Никола), Недевци (или Неделци), Кушарци (слават Свети Ѓорѓи)[4] Мурговци (слават Света Петка), Даш(с)ковци (слават Св. Недела), Манасиевци, Мицевци (слават Свети Димитрија)[4] ова се стари родови, односно староседелци; Јаневци дошле во 1840 г. од чифлик од Горно Караслари[4], Богоевци (2 к.) и Костовци доселени се од селото Крајница; Коневци (2 к.) доселени се од селото Никодин, Тиквешко/Прилепско.
  • Бошњачки: Шаботиќи, Прпузовиќи, Адиловиќи, Ајдарпашиќи, Зверотиќи, Калачи, Јаворовци, Плаовци, Турковиќи, Адровиќи, и уште некои други. Сите заедно имаат 58 домаќинства. Доселени се од околината на Иванград (20 к.), околината на Нови Пазар (10 к.), Тутин (10 к.), Рожае (10 к.) и Сјеница (8 к.).
  • Албански: Албанците се најнови доселеници во Црквино, тие дошле од селата Седларево, Корито и Дуф во Полог. Како и од околината на Призрен во Косово.[11]
  • Турски: Козевци-Емушовци и Мечовци биле старинечки родови кои се потурчиле од јуручките[4]. Доселени турски родови биле: Ферат-Асанлар, Адилар, Аџилар, Билманлар, Садиклар, Топалали, Дураклар, Мемед-Алилар, Алимлар, Реџеплер, Таирлар дошле од „Јуруклук, од преку Вардар“ во средината на XVIII век, по потекло Јуруци[4].

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2194 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 415 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[14]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од селото се имаат целосно иселено Турците. Тие после 1912 година почнале постепено да се иселуваат во Турција, турските родови биле следните: Адиловци, Алијовци, Казовци, Дураковци, Оџовци, Елезовци, Гкчевци, Шабановци и др. Во селото постоело и влашко население, кое исто така се иселило, заминале во Овче Поле и Велес. Од Македонците во постаро време се иселувало населението во Велес, потоа иселеници има и во некои околни и подалечни села, како Ораовец (Јаневци), Грнчиште (Десковци), Бусилци (Сиркаровци).[11]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. http://www.almanah.co.me/Ostale/PDF/casopis/Almanah%2021-22%20-%20PDF.pdf
  3. Вражиновски, Танас (1986). Македонски народни преданија. I (1. изд.). Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. ISBN 9789989489372.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Радовановиќ, Воислав (1924). Јован Цвииќ (уред.). Тиквеш и Раец - антропогеографски испитувања (српски). 29 (Српски етнографски зборник. изд.). Белград: Српска краљевска академија и Графички завод "Макарије"). стр. 472–473.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 158.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. „Се распаѓа црквата „Свети Ѓорѓи" во велешкото село Црквино“. еПорта3. 22 јануари 2009. Посетено на 2011-03-20.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]