Горно Каласлари

Координати: 41°41′45″N 21°50′11″E / 41.69583° СГШ; 21.83639° ИГД / 41.69583; 21.83639
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Горно Караслари)
Горно Каласлари
Горно Каласлари во рамките на Македонија
Горно Каласлари
Местоположба на Горно Каласлари во Македонија
Горно Каласлари на карта

Карта

Координати 41°41′45″N 21°50′11″E / 41.69583° СГШ; 21.83639° ИГД / 41.69583; 21.83639
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 50 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29030
Горно Каласлари на општинската карта

Атарот на Горно Каласлари во рамките на општината
Горно Каласлари на Ризницата

Горно Каласлари (или Горно Караслари) — село во источниот дел на Општина Велес чиј атар се допира до просторот на Општина Свети Николе, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948442—    
1953400−9.5%
1961104−74.0%
197144−57.7%
198153+20.5%
ГодинаНас.±%
199166+24.5%
199466+0.0%
200238−42.4%
202150+31.6%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци и 100 Турци.[2]

Бројот на жители на селото опаѓа. Во 1961 година селото имало 104 жители: 9 Македонци, 82 Албанци и 12 Турци. Денес Горно Каласлари има 66 жители од кои 7 се Македонци, а 59 се Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 43 Албанци и 7 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 80 442 400 104 44 53 66 66 38 50
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Денес селото е населено со мнозински албанско население, но во минатото селото било Јуручко, па чисто македонско.

Според истражувањата од 1920-1924 година, родови во селото биле:

Македонски

  • Доселеници: Тошевци (2 к.) доселени биле кон крајот на 18 век од селото Долно Каласлари; Перовци (3 к.) доселени биле на почетокот од 19 век од Велес. Подалечно потекло од прилепско; Ѓургијовци (2 к.) доселени биле во 1850 година од селото Виничани; Белевци (1 к.) доселени биле во 1850 година од Ново Село.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото опфатено во избирачкото место бр. 2193 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница на селото Долно Караслари.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 396 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Багреми — населба од римско време
  • Мери — населба и некропола од римско време

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]