Бабуна (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Реката Бабуна)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За други значења на поимот Бабуна, видете на појаснителната страница
Бабуна
Reka Babuna Veles.jpg
Бабуна во близина на Велес
ЗемјаМакедонија
Слив
Главен изворЈакупица, Македонија
1720 м
УстиеВардар Македонија Македонија
155 м
Сливна повр.612
Физички особености
Должина65 км

Бабуна е река во Македонија, десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри, а нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 612 км2[1]. Бабуна протекува јужно и југозападно од Велес.

Течение[уреди | уреди извор]

Реката Бабуна извира на југоисточната страна на Мокра Планина под врвот Солунска Глава[2] и протекува помеѓу планинскиот масив Јакупица од левата и планината Бабуна од десната страна. Од своите извори на кои се наоѓаат прекрасните водопади во пределот над селото Нежилово тече во јужен правец до Богомила[3]. Оттука протекува во југоисточен правец со до селото Оморани од каде што свртува кон североисток сѐ до вливот во Вардар[4]. Бабуна има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки.[5]. Во своето течение долго 53 километри, прима неколку притоки, од кои најзначајни се десните притоки: Брезица, Изворска и Војничка Река[6]. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.

Галерија[уреди | уреди извор]

Реката помеѓу селата Богомила и Нежилово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. - РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА “СЛИВ НА ВАРДАР - СРЕДНО ТЕЧЕНИЕ” ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. стр.3-4
  2. Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.138
  3. Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.138
  4. Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.129
  5. Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979
  6. Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.138

Надворешни врски[уреди | уреди извор]