Санде Стојчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Санде Стојчевски (роден на 16 септември 1948 година во с. Студена Бара, Кумановско) — македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ - Скопје, главен уредник на списанието „Стремеж“ - Прилеп и претседател на Управниот одбор на балканската книжевна манифестација „Рацинови средби“ - Велес. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ - Скопје и уредник е на списанијата „Стремеж“ - Прилеп и „Акт“ - Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

  • Кралот на лебедите (поезија, 1972),
  • Фенери низ маглата (поезија, 1977),
  • Златна гранка (поезија, 1980),
  • Возбудата на јадрото (есеи и критики, 1982),
  • Вечерна (поезија, 1985),
  • Абор гора (поезија, 1987),
  • Големата побуда (есеи и критики, 1988),
  • Лов на блесок (поезија, 1990),
  • Залив пред јасното (поезија, 1990),
  • Есен во вселената (поезија, 1991),
  • Радоста од читањето (есеи и критики, 1991),
  • Ни ден без габи (книга за природата и ведрината, 1991),
  • Кубоа (поезија, 1993),
  • Кралицата од корицата (поезија, 1994),
  • Пофалба на разговорот (есеи и разговори, 1994),
  • Страв од тишината (есеи и критики, 1995),
  • Скалд (поезија, 1995),
  • Врв (поезија, 1996),
  • Совршенство или совршенство (поетички есеи, 1997),
  • (З)аум (поема, 1999),
  • Великата лирска песна (есеи, 1999)
  • Трмка (поезија, 2001)
  • Опсада на загатката (есеи и критики, 2002)
  • Сипкава преѓа е свет (поезија, 2003)
  • Патот до песната (есеи и разговори, 2006)
  • За восхитот и за пораката (теорија на книжевноста и полемика, 2007)
  • Доречувања (есеи, 2008)
  • Узда од ѕвезда (поезија, 2009)

Соавтор е на петтомната едиција Македонска книжевност во книжевната критика (1973). Главен уредник на редакцијата на проектот 130 тома македонска книжевност (2008) Главен уредник на редакцијата на проектот Нобеловци (2008-2009)

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на наградите:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 248 - 249.
  2. „Книжевно жезло“ за Стојчевски и за Карангов[мртва врска]
  3. „Доделени книжевните награди за минатата година“. Макфакс. 07.02.2022. Посетено на 7 февруари 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)