Свети Јован Медовски или Шенѓин (албански: Shëngjin, италијански: San Giovanni di Medua) — крајбрежно туристичко место и поранешна општина во округот Леска, северозападна Албанија. Населението според пописот во 2011 изнесуваше 8,091 жител. Познат е по своите плажи и летни одморалишта. Пристаништето во Свети Јован е едно од најпознатите и најголемите во Албанија.