Прејди на содржината

Тумчевиште

Координати: 41°50′57″N 20°56′30″E / 41.84917° СГШ; 20.94167° ИГД / 41.84917; 20.94167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тумчевиште
Тумчевиште во рамките на Македонија
Тумчевиште
Местоположба на Тумчевиште во Македонија
Тумчевиште на карта

Карта

Координати 41°50′57″N 20°56′30″E / 41.84917° СГШ; 20.94167° ИГД / 41.84917; 20.94167
Општина Гостивар
Население 250 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07084
Надм. вис. 475 м
Тумчевиште на општинската карта

Атарот на Тумчевиште во рамките на општината
Тумчевиште на Ризницата
Црквата „Св. Димитриј“
Црквата „Архангел Гаврил“.

Тумчевиште (дијалектно: Тумчејште; Тумчеиште) — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.

Географија и местоположба

Тумчевиште се наоѓа во областа Горни Полог и претставува мало полско село. Селото се граничи со Чегране, Волковија, Врапчиште и Топлица.

Селото е од збиен тип и е групирано во две маала: Горно и Долно. Топографски називи во селото се: Дебрешница, Стара Маздрача, Љушојца, Прекачи, Горно и Долно Поле, Фалише и др.

Историја

За првпат, Тумчевиште се споменува во 1461 или 1462 година година. Тогаш во една пресуда се наведува дека границата на вакуфот на Мехмед-бег од Тетово се простира западно од Тумчевиште, до патото што води за Топлица, и на патот што води од Тумчевиште за Пиргос (Пирок).[2] Вторпат се споменува во 1470 година.[3]

Според народната традиција, Тумчевиште се смета за село. Некогаш селото имало преку 400 куќи, две цркви, еден манастир и поседувало шуми и пасишта на Сува Гора. За време на турското владеење, селото било уништено, а манастирот и црквите запалени. Тогаш голем дел од селскиот атар бил разграбан од страна на околните села. После тоа селскиот атар го присвоил Аљил-ага и преживеаните селани ги приморал да работаат во чифликот. После неговата смрт, неговата вдовида се омажила за Изеир-ага, а неговата ќерка за Идриз-ага, кои веднаш потоа го поделиле селото и земјата. После нивната смрт, нивните наследници го распарчиле и тоа земјиште на повеќе делови. Агите во селото имале посебна кула во која домувал ќаја, кој ја имал задачата да го застапува сопственикот, да ја набљудува работата на рајата и да ги распределува производите.

Тумчевиште во XX век

Селаните се спасиле од чифлигарството во 1912 година.[4]

Селото за време на Првата светска војна останало без значителен дел од населението, кои се иселиле поради несигурност. Дел од нив во 1927 година се вратиле назад и добиле државен имот во сопственост.

Селото по вторпат е разорено за време на Втората светска војна во 1943 година. Тоа го извршиле локалните Албанци од соседните села, особено тие од Чегране.[5] Тие насилно има ја одзеле земјата, а црквите и куќите биле запалени. Сите тие што преживеале го напуштиле селото и сè до ослободувањето на Македонија до 1945 година живееле во Тетово, Гостивар, Скопје и околните македонски села. Во 1946 година селото почнало да се обновува со материјал кои го добиле од државата како помош.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948222—    
1953248+11.7%
1961247−0.4%
1971234−5.3%
1981228−2.6%
ГодинаНас.±%
1991256+12.3%
1994241−5.9%
2002235−2.5%
2021250+6.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тумчевиште живееле 300 жители, сите Македонци.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тумчевиште имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Тумчевишта е дел од Галатска општина во Горнополошкиот срез и има 22 куќи со 133 жители, Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Тумчевиште живеат 235 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 250 жители, од кои 235 Македонци и 15 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 310 160 222 248 247 234 228 256 241 235 250
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Тумчевиште е македонско село. Според истражувањата од 1947 г. родови во селото се:

  • Староседелци: Ѓурчиновци (6 куќи); Мишевци (4 куќи); Јаневци (1 куќа) наречени и Чифлигаровци; во турско време едно семејство од нив се иселило во Тетово, но таму изумрело; Илиовци (2 куќи) имале иселеници во Тетово каде изумреле; Новаковци или Петревци (9 куќи) имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Врапчиште; Тофиловци (3 куќи) порано наречени Наумовци, имаат иселеници во Белград (едно семејство); Павлевци (2 куќи) имале иселеници во Тетово каде изумреле; Митревци (3 куќи).
  • Доселеници: Даиловци (2 куќи) доселени од некое село во Леринско; Сталевци (1 куќа) потекнуваат од домазет доселен од Железна Река. Таму се роднини со Сталевци или Грнчаровци; Неделковци (1 куќа) доселени се однекаде; Левковци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од мавровското село Леуново; Илчески (1 куќа) доселени од Врапчиште; Пештерци (1 куќа) доселени од Железна Река, таму имаат истоимени роднини; Шумбарковци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од Волковија. Таму се роднини со Ќумбаковци; Волчевци (1 куќа) доселени од Пожаране; уште подалечно потекло од Прошовце.[15]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 509 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 198 гласачи.[17]

Знаменитости на селото

Цркви
Археолошки наоѓалишта[18]

Иселеништво

Од Тумчевиште се има иселено многу народ. Највеќе иселеници од ова село заминувале во градот Тетово, каде се рачуна дека има 50 семејства. Други иселеници има во Волковија (Пејовци), Лешница (Цветковци), Туденце (Димчевци, Поповци и Мали Милошевци), Радиовце (Гушав Ѓоргија и Тантевци), Врапчиште (Кљункаровци), во Тетово целосно се иселил родот Дамјановци.[4]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Г. Елезовић, Турски извори за нашу историју, бр.11, срт. 130, 132
  3. Г. Елезовић, Вакуфија џамије Ќебир Мехмед Челебија. „Јужна Србија“, Скопље, 1922, стр. 484
  4. 4,0 4,1 Ј. Трифуноски, Полог, 166
  5. Bogdanovic D., а.а.О., S. 254-255.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.
  8. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.25.
  9. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2010-08-02.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Трифуноски, Јован Ф. (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. OCLC 5846115.
  16. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски