Црква „Св. Димитриј“ - Тумчевиште

Координати: 41°50′57″N 20°56′37″E / 41.84917° СГШ; 20.94361° ИГД / 41.84917; 20.94361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Гостиварска
Местоположба

Карта

Координати 41°50′57″N 20°56′37″E / 41.84917° СГШ; 20.94361° ИГД / 41.84917; 20.94361
Место Тумчевиште
Општина Гостивар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј Солунски
Изградба 1878
Архитектонски опис

Свети Димитриј — главна селска црква во гостиварското село Тумчевиште, Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на самото сретсело, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била подигната во 1878 година на претходно срушената црква од отоманската војска. Подоцна, црквата била повторно срушена од страна на муслиманските Албанци од соседното село Чегране за време на Втората светска војна во 1943 година, кога селаните го напуштиле селото.[2]

Била обновена во периодот 1965-1967 години, а на 20 септември 1970 година ја осветил г.г. Доситеј, првиот поглавар на Македонската православна црква.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 55.
  2. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 166.
  3. Кипроски, Киро (2019-12-17). „Село Тумчевиште - нема сиромашни, нема невработени, нема иселувања“. Нова Македонија. Посетено на 2023-03-16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]